за

Автопроизводителите имаат нова „кукла“ за краш-тестови

Новите системи за асистенција во возилата бараат користење нов вид на кукли за краш-тестовите. Европските производители развија соодветен примерок што мошне успешно глуми пешак на патот.

Нова кукла за краш-тест ќе помогне за подобра проверка на работата на системите за асистенција на идните тестови. Европската асоцијација на производители на автомобили ACEA и асоцијацијата на добавувачи Clepa заеднички развија кукла што ќе се користи на овие тестови. Новите генерации возила, особено од повисоките класи, речиси задолжително пристигаат со системи што спречуваат удар во пешак или помагаат да се намали опасноста од повреда, во случаи кога возачот не успева да реагира навреме.

krash test kukla (1)Безимената кукла поседува подвижни нозе со што се симулира силуета на пешак што преминува улица. Тоа ќе помогне системите за детекција на пешак на патот да се тестираат поверно на реалните услови. Покрај тоа, куклата е изработена од специјален материјал, за радарските и инфрацрвените сензори во автомобилот да можат да препознаат дека се работи за „човек“ на патот.

Од годинава, конзорциумот Euro NCAP при оценувањето на безбедноста на возилата ќе ги вклучува и резултатите за ефикасноста на работата на системите за препознавање пешак на патот и спречување на удар во пешак.

Европската автомобилска индустрија работи постојано на усовршување на безбедноста на своите возила. Како резултат од масовното инвестирање од страна на индустријата, бројот на жртви во сообраќајот во земјите од ЕУ се намали двојно, од 55.000 во 2001 година, на 25.700 жртви во 2014 година.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Renault ќе поставува соларни полначи за струја во Холандија

Оригиналното трио на „Top Gear“ продолжува со лудориите