за

Автопилотот на Tesla ја зеде и првата човечка жртва

Во електро-специјалистот Tesla претходно беа самоуверени околу способностите на нивниот автопилот. Но, по првата незгода со кобни последици, оваа лековерност може скапо да го чини калифорнискиот производител.

Производителот на електрични автомобили Tesla Motors дури сега објави дека уште во мај се случила сообраќајна незгода со кобни последици во Model S со вклучен автопилот. Tesla удрила под прав агол во шлепер. Притоа загинал возачот на американската лимузина. Како што објавуваат од Tesla, ниту автопилотот, ниту самиот возач не можеле да го распознаат белиот камион пред светлата заднина. Калифорнискиот производител, сосема вообичаено, во својот блог објавува дека автопилотот на Tesla е технологија што се наоѓа во бета-фаза, односно уште е во фаза на развој и тестирање. Случајот го истражуваат и властите за безбедност на патиштата. Сосема е веројатно по овој случај да биде наложен сервисен повик за возилата на Tesla, заради отстранување на пропустите.

„Рискантниот иноватор“ Илон Муск претходно објавуваше дека возењето може целосно и спокојно да се препушти на автопилотот во неговите автомобили, вклучувајќи престигнување и избегнување пречки и опасности на патот. Овие изјави сега може скапо да го чинат калифорнискиот производител на електрични автомобили.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Porsche Panamera до детал: 911 се наѕира во спортската лимузина

Новиот Volkswagen Crafter дизајниран од корисниците