за

Автономни возила на дело – во минијатурна големина

Специјалистот за софтвер за автономно возење Elektrobit покажува како технологијата функционира на дело. Овие три минијатурни возила ги распознаваат сообраќајните знаци, ги откриваат пречките и одржуваат растојание едно од друго. Дури и паркирањето им е совладано беспрекорно.

Фирмата Elektrobit е специјализирана за автомобилски софтвер, кадешто секако скапа и најжешката тема во браншата на четири тркала, автономното возење. На мини патека и со три мини возила, посестринската фирма на добавувачот Continental дава еден не толку наивен пример како функционира технологијата на автономно возење.

На видеоснимката се забележува како секое возило внимава да не се судри со останатите возила и чека додека крстосницата се расчисти. Секако дека технологијата во меѓувреме напредуваше далеку и автономните возила веќе учествуваат и во реален сообраќај, но симпатично е да се погледнат овие малечки возила во нивната „игра“.

https://www.facebook.com/EBAutomotiveSoftware/videos/1411905742176788/

Софтверот EB robinos на Elektrobit им стои на располагање на производителите на автомобили, за усовршување на техниката до сериско производство. Со најразличниот софтвер што се изработува во оваа компанија моментно возат околу три милиони автомобили низ светот.

Последната генерација на EB robinos се нарекува Predictor и овозможува функционирање на системи за асистенција при возењето што ги предвидуваат постапките во сообраќајот, односно самостојно вклучување на светлата, предупредување при пребрзо влегување во свијок и распознавање на сообраќајната сигнализација.

 

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes-AMG Project One ќе биде формула 1 за на улица

Opel Insignia Grand Sport ќе добие нов погон на сите тркала