за

Автомобилот по паметот на часовникот: Apple Watch за i-BMW

Со паметниот часовник на Apple во иднина ќе може да се командува со сите модели i на BMW. Новитет е вибрацијата што до часовникот што ја испраќа колата кога ќе ѝ се испразнат батериите.

Откако во минатата недела Samsung го прикажа сопствениот паметен телефон со апликација од BMW на салонот на електроника во Берлин, сега е на ред и Apple. Електронскиот гигант меѓу новитетите на салонот го прикажа и паметниот часовник Apple Watch. Тоа што е интересно за нас: Во функциите на Apple Watch, когошто шефот Тим Кук го прикажа во калифорнискиот Купертино покрај iPhone6 и iPhone 6 Plus, се вклучени и услугите на BMW ConnectedDrive – што значи дека со моделите i на BMW во иднина ќе се командува преку рачниот зглоб.

Покрај часовникот од Apple, за користење на овие функции се потребни BMW i Remote Services и BMW i Remote App. Секако, потребен е и некој од моделите i на BMW, како градскиот i3 или суперспортскиот i8. Без потреба од посегање по паметен телефон, на Apple Watch се прикажува на пример наполнетоста на батериите во возилото. Покрај тоа може да се провери и досегот со моментата наполнетост, да се прикаже локацијата на возилото и да се управува со функциите во кабината, како на пример истата да се излади или загрее. Преку часовникот може да се отклучат и заклучат вратите, да се активираат сирената или светлата, последново со цел да се најде автомобилот на голем паркинг.

Меѓу новитетите е функцијата за испраќање известувања од возилото до часовникот. Откако батериите на i3 или i8 ќе се наполнат до крај, возилото испраќа информација до Apple Watch. Возачите на BMW веќе подолго време можат да го интегрираат iPhone во Connected Drive. По поврзувањето на уредот со возилото, апликациите што се активирани на уредот може да се користат преку централниот контролер iDrive, односно истите да се следат на големиот дисплеј во кокпитот и звукот да се следи преку звучниците во кабината.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Жулиет Бинош пристига со Nissan Qashqai на „Браќа Манаки“

Редок примерок на Fiat 500 оди на наддавање во Англија