Пазар

Џиновска реклама на Maserati Ghibli на аеродромот во Франкфурт

Maserati секогаш се забележува, а тоа од неодамна важи и на еден од најголемите аеродроми во Европа. Во Франкфурт е поставен гигантски банердолг 200 и висок 3 метри.

Во следните три месеци, патниците што пристапуваат на терминалот 1 на аеродромот во Франкфурт сигурно нема да ја пропуштат огромната реклама за новиот модел на Maserati, која што се протега 200 метри во должина и висока е најмалку 3 метри. Германскиот аеродром не е избран случајно за оваа впечатлива рекламна акција на италијанската марка, како една од најважните клучки во авио сообраќајот на глобално ниво.

Марката-сестра на Ferrari е во освојување на пазарот. Воведувањето на моделот од вишата средна класа Ghibli ја збогати моделската понудата на Италијанците, но што е уште поважно, марката се обраќа на нов круг на купувачи на коишто марката со тризабецот на Нептун досега им беше недостапна. Импресивниот маркетиншки настап е тоа што ќе ги привлече токму новите купувачи во Maserati. Во минатото зимо, италијанската марка го привлече вниманието на медиумите кога во рамките на финалето во „Супербоул“ го пушти првиот телевизиски спот во својата стогодишна историја – наградите не изостанаа, исто како и одговорот од пазарот.

Спортската лимузина Maserati Ghibli го отелотворува генетскиот код на марката, со впечатлив квалитет и напредна техника. Дизел мотор, бензинци V6 со твин-турбо натполнење и интелигентен погон на сите тркала Q4 ја заокружуваат понудата на моделот и го прават конкурентен во премиум сегментот. Строгата контрола на квалитетот во новата фабрика во Груљаско и цените што стартуваат од околу 65.000 евра се дополнителни два фактора што доведоа до огромниот раст во продажбата на Maserati.

Ознаки
loading...

Слични објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Откриен е Adblock

Ќе ни помогнете доколку ја исклучите вашиата блокада за реклами

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3729