152
22 shares, 152 points

Џејмс Хант е едно од најпознатите имиња од формула 1, од времето кога возачите уживаа плејбојски живот и болидите пиеја и пушеа. Уште се помнат неговите жестоки дуели со Ники Лауда. Специјалистот Omologato изработи серија часовници во чест на оваа тркачка икона.

Марката часовници Omologato ја познаваме по ексклузивните серии мерачи на време коишто се посветени на легендарните личности и настани од светот на мотоспортот. Последната серија е посветена на Џејмс Хант, легендата од формула 1. Неговите дуели со Ники Лауда уште долго ќе се помнат како едно од најжестоките ривалства на тркачките патеки.

Џејмс Хант е едно од најистакнатите имиња од златната генерација во формула 1, покрај Ники Лауда

Мотоспортот одбележува 70 години од раѓањето на овој возач од златната генерација. Неговото освојување на титулата светски шампион во формула 1 во 1976 година беше филмски овековечено во „Rush“ од 2013 година. Џејмс Хант живееше како плејбој и неговите забави честопати завршуваа на насловните страници.

Omologato James Hunt 4954

Во чест на оваа возачка легенда, по 750 примероци ќе се изработат од двете дизајнерски варијации на The Official James Hunt Chronograph. Може да се избере кожен или комбиниран кожено-најлонски ремен, на подлогата во мат црна боја се наоѓа потписот на Џејмс Хант. Целиот дизајн го заокружуваат лентите во црвена, сина и жолта боја. Оваа комбинација од бои се наоѓаше на шлемот на Џејмс, во чест на колеџот Велингтон, кадешто тој се образувал.

Британскиот производител го нуди часовникот по цена од 599 фунти.

Omologato James Hunt 2954

Omologato James Hunt 1954

Omologato James Hunt 5954


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

152
22 shares, 152 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730