Download WordPress Themes, Happy Birthday Wishes
Вести

Јужна Кореја ги казнува BMW, Daimler и Porsche

Казна во висина од 54 милиони евра поради мамење со издувните гасови

Министерството за животна средина на Јужна Кореја бара на BMW, Daimler и Porsche да им се изрече парична казна во висина од преку 50 милиони евра поради мамење со емисијата на штетни материи.

Најголемиот дел од казната во висина од вкупно 54 милиони евра паѓа на товар на BMW, кој треба да плати 47 милиони евра. Министерството за животна средина го товари BMW дека во протоколите за тестирање на емисијата на штетни материи навел погрешни податоци за повеќе од 80.000 автомобили. Станува збор за 28 модели на BMW коишто се продадени во азиската земја меѓу 2012 и 2015 година.

Преправките во издувниот систем на возилата не биле пријавени пред продажбата во Јужна Кореја

Покрај тоа, германските производители не ги евидентирале промените што биле извршени во пречистувањето на издувните гасови, пред продажбата на возилата. Во периодот меѓу 2013 и 2016 година, BMW увезол околу 8.000 возила со недозволени компоненти за контрола на издувните гасови. Седум моделски изведби се веќе повлечени од понудата на BMW на јужнокорејскиот пазар.

Конкурентот Daimler е казнет со 2,2 милиони евра за 21 модел и околу осум илјади продадени возила со недозволени компоненти за контрола на издувните гасови. Porsche се товари за прекршување на правилата кај 787 продадени автомобили и мора да плати казна во висина од околу 6 милиони евра.

Од увозните марки, Mercedes во првите девет месеци од годинава има продадено околу 55.000 возила на јужнокорејскиот пазар, повеќе од BMW со 42.000 возила и од Lexus, кој е трета најпродавана марка со околу 10.000 возила.

Ознаки
loading...

Слични објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Откриен е Adblock

Ќе ни помогнете доколку ја исклучите вашиата блокада за реклами

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730