за

Јозеф Кабан: Дизајнерската ѕвезда на Škoda преоѓа во BMW

Дизајнот на моделите на BMW во иднина ќе биде во надлежност на човекот што го создаде изгледот на Bugatti Veyron и на последната генерација модели на Škoda. Јозеф Кабан доаѓа на местото на Карим Хабиб, кој ги дизајнираше возилата на BMW од 2012 година наваму.

Нова прераспределба на дизајнерските позиции во BMW откако тројца важни дизајнери го напуштија баварскиот производител на автомобили. Со дизајнот на сите марки во групацијата и натаму раководи Адријан ван Хојдонк. На местото главен дизајнер за идните модели од матичната марка BMW пристига едно од најистакнатите имиња на дизајнерската сцена, Јозеф Кабан, долгогодишен и секако успешен креатор на новиот стил на Škoda. Првиот Словак што има дипломирано на престижниот Кралски колеџ за уметност во Лондон преоѓа во премиум марката BMW во време кога стартува со производство неговата последна креација, фејслифтот на Škoda Octavia.

Изгледот на возилата од подмарките BMW i и BMW M отсега ќе биде задача на Домагој Дукец, кој работи за групацијата од 2010 година и последно го има создадено дизајнот на подмарката за електрични возила BMW i.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Renault-Nissan со рекордна продажба на електрични возила

Тестови на компјутерски управувани возила на границата меѓу Франција и Германија