145
19 shares, 145 points

Откажувањето на акумулаторот не може да се предвиди. Но, постојат знаци што укажуваат дека тоа ќе се случи наскоро. Како да се спаси акумулаторот, како да се избере нов, како да се чува акумулаторот, сите овие одговори и многу други следуваат во големиот водич за акумулатори на Automedia.

Кога стартерот при палењето на моторот ќе испушти само едно заморено „клик“, тоа не е добар знак. Во тој случај акумулаторот е испразнет. Дефектот на акумулаторот е најчеста причина за онеспособувањето на возилата и за барање помош. На акумулаторот му е најтешко во зима, кога студот и влагата го ставаат пред големи предизвици.

Полначот за акумулатор е корисен уред со кој се избегнуваат непријатните изненадувања и се одложува потребата од набавка на нов акумулатор, особено кога често се вози на куси растојанија
Полначот за акумулатор е корисен уред со кој се избегнуваат непријатните изненадувања и се одложува потребата од набавка на нов акумулатор, особено кога често се вози на куси растојанија

Проблемите со акумулаторот би можеле делумно да се избегнат доколку постои начин за проверка кој со стопроцентна сигурност ќе потврди дали акумулаторот е исправен или расипан. Во принцип е тешко да се предвиди дефектот. Постои начин да се провери напонот, но тоа не кажува ништо за капацитетот на акумулаторот. Единствен начин за проверка колку „држи“ акумулаторот е тој да се отстрани од возилото, да се испразни со специјална техника и потоа повторно да се измери. Секако дека оваа постапка не е особено практична за возачкото секојдневие.

Затоа, пак, може да се почитуваат знаците што ги дава возилото и што укажуваат дека претстои проблем со акумулаторот. Кога стартерот ќе почне да врти побавно, акумулаторот мора итно да се наполни. Ако моторот некако успее да стартува, може да се извозат неколку кругови во времетраење од половина час и на тој начин да се спаси акумулаторот. Ако ни тоа не помага, приклучувањето на полнач е неизбежно, исто како и барањето помош и стартување со кабли со помош на акумулаторот од друго возило.

Правилото е: Избегнувајте куси возења и не претерувајте со потрошувачите

За тоа да не се случи, треба да се почитуваат неколку правила. Првото е: Избегнувајте возење на куси растојанија. Доколку секое утро се возат само неколку километри до работното место, акумулаторот се празни и се оштетува побрзо. За автомобилите што се паркираат во гаража се препорачува редовно дополнување со специјален полнач кој може да се најде во продавниците за авто-прибор. Акумулаторот ќе биде благодарен за тоа, особено во зима.

Типична конструкција на акумулатор со технологија AGM (Absorbent Glass Mat)
Типична конструкција на акумулатор со технологија AGM (Absorbent Glass Mat)

Возачот не може да стори многу за да ги сочува ќелиите. Грејачите во седиштата може да се пуштат на послаб степен место на максимум, или да се внимава грејачот на задното стакло да се исклучи навреме. Но, последново може да помогне само кај постарите возила, затоа што кај модерните автомобили грејачот се исклучува автоматски. Во секој случај, малку внимание околу тоа што се вклучува и колку останува вклучено, нема да биде на одмет. Возачката практика да се вози со вклучени магленки кога истите се непотребни, исто така го „јаде“ акумулаторот.

Автомобилите со систем старт-стоп имаат потреба од поголем акумулатор

Кога акумулаторот ќе испушти душа, единствено решение е замена. Но, и тоа не е толку едноставно. Порано беше лесно да се замени акумулаторот. Клемите од половите се откачуваат, акумулаторот се заменува со нов, клемите повторно се приклучуваат – и толку. Денес честопати има потреба од стручни познавања при замената, а може да се случи акумулаторот воопшто да не е таму каде што се мисли. Постојат модели каде што тој се вградува во багажникот или под седиште.

Моделите со систем старт стоп имаат потреба од специјални акумулатори кои што се оптимирани за често палење и гаснење на моторот
Автомобилите со систем старт стоп имаат потреба од специјални акумулатори кои што се оптимирани за често палење и гаснење на моторот

Покрај тоа, замената во сопствена режија може да има негативни ефекти. Ако се заборави напонот во мрежата да се одржува со помошен акумулатор, може да се случи радиото во возилото да се врати на фабричките местења. При прекинот во напојувањето со струја, радиото може да го заборави безбедносниот код.  Ако картичката со кодот е затурена некаде, следат големи нервози. Некои алармни уреди исто така мора повторно да се активираат со код.

Затоа е подобро замената да се изврши во сервисната работилница во којашто имате доверба. Експертите во сервисот нема да ги направат овие грешки, а знаат и кој е правилниот тип на акумулаторот. Хоби-мајсторите за таа цел мораат да го консултираат упатството за ракување или да го „прочитаат“ акумулаторот.

Не треба да се занемарува податокот за струјата за „ладен“ старт

Постојат големи разлики меѓу акумулаторите, не само во големината и во формата. Тоа што одговара за Fiat, нема да биде доволно за некој голем Mercedes. Освен во номиналниот напон, акумулаторите се разликуваат и во капацитетот што се наведува во амперчасови (Ah) и во струјата што е потребна за „ладен“ старт и се наведува во ампери (А). Не е правило дека акумулатор со поголем капацитет нуди поголеми резерви. При изборот може да се направи и мало отстапување подолу, на пример да се купи акумулатор со 44 место 47 Ah. Секако дека е подобро кога вредностите се поклопуваат со стариот акумулатор.

akumulatori soveti 09Акумулаторите обично се поевтини во специјализираните продавници отколку во овластените сервиси. При купувањето не треба да се посегнува по најевтините производи. Кај возилата со систем старт-стоп, на пример, функцијата на автоматското гаснење и палење на моторот нема да работи правилно доколку е премал акумулаторот. За овие модели е потребен специјален акумулатор што ја носи ознаката AGM или EFB. Тоа се акумулатори што се оптимирани посебно за често стартување и гаснење на моторот.

Својствата на акумулаторот зависат од материјалот на плочите

Веќе со години се користат акумулатори со плочи од калциум, коишто имаат пониска потрошувачка на вода и поседуваат низок степен на самопразнење. Калциумовите акумулатори (Ca+/Ca-) покажуваат предности и при изложеност на повисоки температури. Недостаток им е малата циклусна издржливост, односно ниската способност да издржат голем број полнења и празнења. Денес тие се вградуваат фабрички во 90% од возилата.

Следен тип се хибридни акумулатори, односно комбинација од антимон и калциум (Antimon+/Ca-). Нивниот недостаток е во поголемата потрошувачка на вода во споредба со чистите калциумови акумулатори и поради тоа во нив мора повремено да се дотура дестилирана вода. Овие акумулатори се препознаваат по тоа што имаат чепови за дополнување.

Антимонските акумулатори (Antimon+/Antimon-) денес се користат ретко и имаат предност во високата циклусна издржливост, но испорачуваат слаба струја за ладен старт. Покрај тоа мора често да се дотура вода.

Во трговијата се нудат наполнети акумулатори и суви акумулатори, кои се полнат со течност пред вградувањето. Вториов тип ја постигнува полната моќ по повеќе полнења и празнења – и пресудно е првото полнење, поради што мора посебно да се внимава. Затоа, предност секогаш треба да имаат готовите наполнети акумулатори, под услов да не мирувале предолго во продавницата.

Ознаката ETN го олеснува барањето на соодветна замена за акумулаторот

Кај поновите акумулатори е олеснет изборот, благодарение на таканаречениот ETN (European Type Number). Оваа ознака ги содржи номиналниот напон, капацитетот, струјата при ладен старт, формата и положбата на половите. Доколку новиот акумулатор има ист ETN со стариот, замената може да се изврши безгрижно. Некои производители практикуваат да наведуваат и податоци за другите типови акумулатори што може да се користат, на пример според старата норма DIN.

Купувањето поевтин акумулатор се исплатува единствено кај возила што се одржувани редовно, имаат малку електрични потрошувачи и претходно не предизвикувале проблеми во зима.

Одржување на акумулаторот

Акумулаторот просечно издржува меѓу четири и пет години. За тој да трае колку е можно подолго, треба да се почитуваат неколку совети.

Модерните акумулатори не бараат одржување. Но, повремено може да им се посвети внимание. Доколку претходно се случило акумулаторот да се испразни до крај, на пример ако биле оставени светлата, тој акумулатор мора да се приклучи на полнач за да го достигне првичниот капацитет. Дефектен регулатор на напонот на алтернаторот исто така може да предизвика оштетување, затоа што постојано го полни акумулаторот со прекумерен напон, а може да предизвика и „вриење“.

Треба да се внимава на следново:

  • Акумулаторот не смее да биде накосен подолго време и треба да се внимава на тоа кога возилото се паркира на нерамно или се остава на косина. Притоа може да се случи истекување на киселината – дури и кај акумулатори без чепови, затоа што и тие поседуваат канали за проветрување – од што се оштетува ламарината на возилото.
  • при палење со кабли за стартување да се внимава на точниот редослед на приклучување.
  • електростатското полнење на куќиштето може да предизвика прескокнување искра во неговата внатрешност и поради тоа куќиштето никогаш не треба да се брише со сува крпа.
  • при целосно откажување на акумулаторот треба да се проверат и останатите компоненти – генератор, регулатор, кабли – за проблемот да не се повтори по вградувањето нов акумулатор.
  • половите на новиот акумулатор треба пред приклучувањето да се намачкаат со маст што не содржи киселина или со специјален заштитен лак по приклучувањето

Во следната табела е наведена потребата од струја на потрошувачите во возилото

Потрошувач Вати
Контролна електроника на мотор 180
Пумпа за гориво 60
Впрскување на горивото 60
Соборено светло 150
Стоп-светла 40
Магленки 100
Задни магленки 40
Вентилатор за кабината 80
Бришачи 80
Заден бришач 50
Миење на светлата 60
Грејач на задното стакло 120
Грејачи во седиштата 60
Грејачи на ретровизори 30
Грејачи на прскалки за стаклата 40
Радио 60
Радио и засилувач 200
Телефон 8
Вкупно 1418

 

Еве колку струја во просек испорачува алтернаторот при одредени вртежи:

Број на вртежи Вати
Работа во место 150
од 1.500 вртежи 850
од 2.000 вртежи 1100
од 5.000 вртежи 1300

Според податоците во табеливе, доколку се вклучени половината од наведените потрошувачи и се вози вообичаено со малку над 2.000 вртежи, алтернаторот не е во состојба доволно да ја покрие потрошувачката на струја, односно акумулаторот се празни постојано.

Како се постапува правилно при стартување со кабли

akumulatori soveti 07Кабелот за стартување треба да ги задоволува нормите DIN 72 553 или ISO 6722, односно треба да поседува попречен пресек од најмалку 16 mm2 за мотори над 2,5 литри и најмалку 25 mm2 за сите автомобилски дизел мотори. Материјалот на изолацијата е важен, за да не се стврднува при студ. Покрај тоа, кабел од дебели бакарни жици е покрут од кабел од потенки жици. Клештите за половите треба целосно да се изолирани во пластика и металот да биде отворен само на врвовите на клештите.

Минус и плус половите никако не смее да се помешаат!

  • Прво се поврзуваат двата плус полови со црвениот кабел
  • Потоа, црниот кабел се приклучува на минус полот на возилото што дава струја, а другиот крај се поврзува на „маса“, односно најдобро на некое место на блокот на моторот. Ако се поврзе минус полот на акумулаторот, можно е при приклучувањето и откачувањето да се запалат испарувањата од акумулаторот поради создавањето искри, кои во екстремен случај ќе го оштетат акумулаторот или ќе предизвикаат повреди поради протекувањето на киселината од акумулаторот.
  • Стартувајте го моторот на возилото што дава струја и потоа моторот на возилото во дефект
  • Ако моторот не стартува, проверете дали клештите налегнуваат цврсто на половите
  • Стартерот врти, но моторот не пали? Во тој случај постојат и дополнителни проблеми, освен со испразнетиот акумулатор.
  • Откако ќе стартува моторот, вклучете го вентилаторот или грејачот на задното стакло, за при откачувањето на клештите да не се создадат напонски врвови во мрежата и да ги оштетат електронските компоненти во возилото.
  • Откачете го прво црниот минус кабел, потоа црвениот плус кабел.
  • Повторно исклучете ги потрошувачите на струја.

За при следното полнење да не се најдете повторно во ситуација да барате помош за стартување, приклучете го акумулаторот на полнач или направете подолго возење, за алтернаторот да го наполни акумулаторот. Според искуствата, најчеста причина за откажување е староста, доколку акумулаторот е постар од четири или пет години, или пак длабоко празнење поради заборавени светла и често возење на куси растојанија при истовремено вклучување на повеќе потрошувачи.

Експериментите, како уред за помош при стартување што се поврзува на приклучокот за запалка, без потреба од отворање хауба, чепкање по каблите и слично, кој самостојно го полни акумулаторот за десетина минути користејќи ја енергијата од акумулатор од друго возило, подобро е воопшто да не се практикуваат. Тоа едноставно не функционира.


Like it? Share with your friends!

145
19 shares, 145 points
djakonov

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730