166
21 shares, 166 points

Европската сезона на автомобилски новитети по традиција започнува со салонот во Женева во март. Сензации во електромобилноста не се најавуваат, но затоа има голем број новитети што веќе од утре ќе ги гледаме секојдневно по улиците. Најзначајните премиери ги имаат Volkswagen Arteon и Opel Insignia Grand Sport, Ford Fiesta и Seat Ibiza. Изненадувањата не се исклучени.

По првото соочување на производителите на автомобили годинава на саемот на потрошувачка електроника во Лас Вегас, кадешто на публиката ѝ беа претставени главно футуристички идеи, по што следеше чекор назад со премиерите на салонот во Детроит, во март нé очекува повторно приземјување на салонот во Женева.

Според досегашните најави на производителите, салонот покрај езерото Леман ќе биде под знакот на семејни модели од средната класа, практични крстосувачи и голем број нови теренци и кросовери. Секако дека нема да отсуствуваат и студии со коишто развојните одделенија на автомобилските марки ќе ја најават новата техника за следните години.

Вечните ривали Volkswagen и Opel со нови знаменосци во Женева

Најважните премиери ќе ги имаат вечните ривали на европскиот пазар, Volkswagen и Opel. Во Женева пристигаат новите генерации на знаменосците на обете марки. Opel ќе ја претстави новата Insignia Grand Sport, со поголема и поугледна каросерија, додека Volkswagen ќе го привлекува вниманието на публиката со купе-лимузината Arteon, позиционирана над Passat, како замена за елегантниот CC и за луксузниот Phaeton. Французите исто така најавуваат нов знаменосец, којшто ќе се појави под знакот на DS, мошне веројатно со некој авангарден концепт.

Opel Insignia Sports Tourer

Opel Insignia Sports Tourer

Доскорешните миленици на европските купувачи, комби-моделите, ќе се обидат да им се спротивстават на популарните кросовери. Заедно со лимузинската Insignia Grand Sport, марката Opel ќе ја претстави и комби изведбата Sports Tourer. На штандот на BMW исто така ќе се појави комби-изведбата од новата генерација на серијата 5. Уште една премиум марка ќе се замеша во овој сегмент: Porsche ја потврди премиерата на комби-купето на база на Panamera, коешто ќе се води под дополнителната ознака Sport Turismo.

Нови генерации на Swift, Ibiza, Fiesta, достапни и популарни моделски имиња

Renault ќе ја пречекува публиката на својот штанд со освеженото моделско годиште на кросоверот Captur, а големо внимание ќе привлече и новата генерација на Swift. Во овие сегменти што се меѓу најдостапните за купувачите ќе дебитираат и Seat Ibiza, Ford Fiesta, како и малечката, но солидна Kia Picanto.

Mercedes A-Class Concept

Mercedes ќе ја најави генерациската смена во своето големо моделско семејство во компакт класата, со необична дизајнерска студија, но во исто време ќе ги расположи и купувачите во традиционалните сегменти, со кабриолетот од класата Е. Возбуда ќе предизвика и една марка за којашто досега не беше својствено да го забрзува пулсот на автомобилските ентузијасти. Европските купувачи ќе имаат можност за првпат да ја погледнат одблизу Kia Stinger, спортски скроена лимузина во вишата класа, којашто вистински ја подржува динамиката во дизајнот на корејската марка.

Renault се вмешува во ресорот на Porsche Cayman со новиот Alpine

Renault исто така очекува силни емоции од публиката со дебито на старо-новата спортска марка Alpine. Купето со целосно алуминиумска каросерија во стил на легендарниот A110 ќе се замеша во реонот на Porsche Cayman, со цена од околу 50.000 евра и солидна спортска традиција.

Alpine Vision, Renault Alpine A 110

Кај марките што традиционално се задолжени да го застапуваат ултимативното возачко уживање, годинава ќе биде потивко. Lamborghini е премногу посветен во развојот на теренецот Urus и веќе подолго време изведува само нови варијанти од постоечките модели. Луксузниот теренец Bentayga исто така е во центарот на вниманието на Bentley и на швајцарскиот салон ќе се појави во дополнителна моделска изведба. Rolls-Royce штотуку се збогуваше од седмата генерација на Phantom и следува кусо затишје до претставувањето на наследникот, но и на новиот луксузен теренец Cullinan.

McLaren продолжува со моделската офанзива и го носи наследникот на 650S

Од суперспортската лига, за Женева е потврден само новитетот од McLaren. Британската марка којашто за неколку години постигна силен пробив во овој мал, но најпретставителен пазарен сегмент, на салонот ќе го прикаже наследникот на 650S. Не е познато со кои новитети ќе се појават Ferrari, Maserati, Aston Martin или Lotus, но на публиката ѝ е сосема доволно и самото присуство на моделите од овие марки на салонот.

McLaren P14

Тивко ќе биде и за љубителите на автомобилизмот што очекуваат спектакуларни нови технологии. Браншата ги потроши новитетите есеноска на салонот во Париз, кадешто беа најавени новите електрични автомобили за крајот на деценијава, додека во делот на системите за асистенција и инфо-забавните системи послужи салонот во Лас Вегас.

Новите дигитални технологии ќе му дадат визионерски печат на салонот

Силен поттик за електромобилноста се очекува да пристигне од заедничкиот проект на Daimler, BMW и Volkswagen во изградба на широка мрежа од супербрзи полначи за струја низ Европа, како и од првите автомобили со можност за безжично полнење на батериите, по пат на индукција. Овие теми ќе остават печат на салонот, исто како и можноста да се испробаат новите дигитални технологии коишто беа претставени во јануари на саемот во Лас Вегас. Тоа ќе придонесе женевскиот салон да ја поттикне љубопитноста за иднината, и секако, да се надмине монотонијата што владееше на првиот автомобилски салон годинава, во Детроит.


Notice: Undefined index: fag_col_layout in /home/automedi/public_html/wp-content/plugins/flickr-album-gallery/flickr-album-gallery-short-code.php on line 37

Новитетите на салонот во Женева

Flickr Album Gallery Powered By: WP Frank

Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

166
21 shares, 166 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3813