147
19 shares, 147 points

Водечкиот европски магазин Auto Bild ја тестираше врвната моделска изведба на Tesla Model S за да ги провери веродостојноста на досегот од 500 километри и на перформансите на луксузниот електромобил.

Дури и магазин од ковот на германскиот Auto Bild признава дека во редакцијата завладејала вистинска возбуда кога ја паркирала „пред врата“ врвната моделска изведба на лускузниот електромобил Tesla Model S, во варијантата P85D, со два електромотора, едниот со 224 КС за предната и другиот со 476 КС за задната оска. Според тврдењата на американскиот специјалист и пионер на електричниот погон, капацитетот на батериите од 85 киловатчасови овозможува досег од 491 километар. Auto Bild сака да го провери тоа, но повеќе има за цел да го подложи електромобилот на стандардната тест-процедура, каква што мораат да поминат сите возила на тест во магазинот.

Тест-патеката е оддалечена 175 километри од редакцијата во Хамбург и тоа растојание ќе треба да се совлада со енергијата што стои на располагање во батериите. Покрај тоа, потребна е комплетна фотопродукција, мерење на потрошувачката на стандардната рута и уште многу друго. Доколку Model S нема „капацитет“ за такво нешто, најблискиот брз полнач за 30-минутно полнење е оддалечен дури 270 километри.

Големиот досег е една работа, а друга работа се 700-те коњски сили!

Колку поминува P85D на тестот на Auto Bild? Одговорот на магазинот: „Зависи“. Германците постигнаа автономија меѓу 205 километри, при динамично возење, и максимални 447, при мошне умерено темпо. На стандардната рута за мерење на „потрошувачката“, магазинот доби досег од 365 километри и тоа е постигнато во секојдневни услови на возење. Но! „Досегот е само еден од аспектите во Tesla, а другиот секако се 700-те КС. И вртежниот момент од 967 Nm.“

tesla model s aubiAuto Bild продолжува со импресиите од овие перформанси: „Tesla повлекува со неверојатна енергија, скока за 3,5 секунди од нула до 100 km/h и за 14,7 секунди до темпо 200. Тоа се вредности на суперспортски автомобил. Но, тука станува збор за лимузина тешка 2,2 тони. И се работи за многу, многу тивка експлозија на моќност. Разбревтани агрегати, разбрмчани издуви? Нема такво нешто!“ Електромоторите зујат повлечено и звуците од ветрот отсуствуваат до многу висока брзина. Auto Bild понатаму наведува дека за постигнување вакви вредности, кај другите возила мора да се исклучат системите за контрола на стабилноста, мора да се држат вртежите на моторот, да се програмира контролата на старт, додека истото кај Tesla успева без каков било посебен ангажман или подготовка на возачот.

„Чекаш спокојно и тивко на семафор, изгледаш како да ти е здодевно, на зелено едноставно притискаш на педалата за гас. Tesla полетува молскавично и на типот во AMG му замрзнува изразот на лицето. Прекрасно.“ Но, тоа е само една страна на медалот. Tesla ги постигнува овие фантастични вредности само еднаш. Потоа, моќноста постојано опаѓа и тоа се чувствува, возењето подзабавува. „Ако се исклучат овие посебни случаи, P85D во секојдневието се однесува сосема нормално, рутинирано.“

Без класични прекинувачи во кокпитот на Model S

Германскиот магазин понатаму се занимава со 17-инчниот дисплеј, „голем колку телевизорите на времето.“ Преку овој дисплеј се ракува речиси со сé во автомобилот, почнувајќи од аудиото, навигацијата, телефонот и климата, па дури и со светлата или сончевиот покрив. Auto Bild пишува и за пријатното просторно чувство на предните седишта, за комфорот на седиштата, за релаксираната положба на телото. Назад е друга приказна. „Поради закосениот покрив, над главата останува помалку простор, а поради тоа и клупата е поставена ниско. Тоа не е добра идеја, кога со свиткани колена треба да се клечи на подот.“

Магазинот е одушевен и од возните својства: „Сé е дотерано правилно. Јасно е дека пневматската амортизација би можела да реагира почувствително и мошне директното управување да посредува подобар контакт со подлогата, исто како и сопирачките да се помалку чувствителни на прегревање. Но, тоа се детали, не се сериозни забелешки.“ Цената на P85D во Германија изнесува 113.800 евра, вклучувајќи доживотно користење на суперполначите на Tesla. Во моментов на германска територија се поставени 46 полначи на калифорнискиот електроспецијалист. „Mercedes класа S стартува од 81.753 евра. Бесплатното полнење (уште) не е вклучено во цената. Но, и таа би предизвикала возбуда во тест-редакцијата.“


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

147
19 shares, 147 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730