160
21 shares, 160 points

Пред само неколку денови авто-производителите на салонот во Њујорк покажаа дека со одушевување ја прифаќаат политиката на Трамп, којашто го амнестира класичниот автомобилски погон како еден од најголемите загадувачи на животната средина. Големи машини со монструмска моќ беа тамошните ѕвезди, на момент се доби впечаток дека напредокот изумира. Но, сега дојде ред салонот во Шангај да покаже како навистина стојат работите.

На салонот во Њујорк пред нецела седмица можеше да се стекне впечаток дека напредокот ја прескокнува автомобилската бранша. Во отсуство на големи идеи или стратегии за помасовно воведување на електричниот погон, па дури и на свежи најави во подрачјето на конективноста или автономното возење, ѕвезди на салонот на Американците беа автомобили со големи и моќни машини, небаре светот уште живее во времето пред првата голема нафтена криза.

http://automedia.mk/objavi/27654

Но, производителите на автомобили отаде големата бара веќе одамна не се клучни играчи на светскиот пазар и диригенти на автомобилскиот напредок. Тој денес се случува на друго место. Кина е новата Америка за браншата. Салонот во Шангај нé враќа на вистинскиот колосек, на оној на когошто се случуваат големите промени во светот на автомобилите.

Германските марки се држат солидно во Кина

Според убедливоста на нивниот настап и масовната застапеност на германските марки, може да се помисли дека салонот се одржува во Франкфурт, место во Шангај. И на пазарните аналитичари веќе одамна им е јасно зошто Volkswagen, Mercedes или BMW во последниве години се постојана мета на наводните заштитници на американските купувачи и производители на афери, кои всушност имаат цел да ги ослабнат германските производители во нивниот настап на глобалниот пазар. „Глобално“ во случајов значи Кина.

Volkswagen I.D. Crozz

Постојат две причини зошто производителите на автомобили се толку силни на салонот во Шангај: Кина е најголем пазар за германските автомобили, и второ, тука се одвива главната „забава“ околу конективноста, апликациите и најразновидните услуги во движење.

Volkswagen ќе произведува 1,5 милион електромобили во 2025 година

До 2025 година, возилата со електричен или плагин-хибриден погон ќе постигнуваат неверојатно голем удел во вкупната продажба на возила во Кина. Само Volkswagen планира до средината од следната декада да достигне годишна продажба од 1,5 милион автомобили со електрифицирана погонска спрега. Останатите марки не заостануваат и предвидуваат дека дотогаш околу 20 проценти од нивната продажба на големиот пазар ќе отпаѓа на електромобили и плагин-хибриди.

avto shanghai17 00003

Шефот на Daimler, Дитер Цече, во една изјава пред неколку месеци јасно посочи на најголемата слабост на погонот на батерии: „Електричните автомобили не смеат да ’мирисаат‘ на жртвување.“ Погонот на струја мора да се поврзува со уживање во возењето, не само со екологија и со „стегање“ зад воланот.

BMW јасно укажува дека хибридите се посилни од „нехибридите“

На Panamera со плагин-хибриден погон којашто Швабите ја прикажуваат на салонот не само што не ѝ недостига моќност – таа е впрочем најсилната и најбрза моделска изведба во гамата на спортската лимузина – туку дополнително се нуди и динамичен погон на сите тркала. Истото го практикува и BMW, кој со моделите e-Performance суптилно укажува дека со електромоторот се постигнува уште поголема моќност отколку кај „нехибридните“ модели. Овие автомобили не мирисаат на жртвување.

avto shanghai17 00004

Во концернот Volkswagen претстои вистинска офанзива на електричниот погон. Дури три концептни автомобили со погон на батерии доживуваат светска премиера во Шангај: Skoda Vision E, Volkwagen I.D. Cross и Audi E-Tron Sportback сите ќе доживеат сериска реализација до 2020 година.

Правилото на шефот на Skoda, Бернхард Мајер, гласи: „Skoda започнува да користи одредена технологија кога таа работи сигурно, им носи придобивки на корисниците и има достапна цена.“ Според тоа, повеќе не постојат пречки за електричниот погон да почне посилно да ги истиснува класичните мотори. Купе-кросоверот Vision E ќе стартува со продажба во 2019 година, истовремено со моделите од семејството I.D. на Volkswagen и со Audi e-tron Sportback.

Audi e-tron Sportback

Класичните автомобили задвижувани од мотори со внатрешно согорување сепак нема преку ноќ да го изгубат своето место на пазарот, особено оние како Mercedes S-Class. Токму во Шангај се појавува освеженото моделско годиште на знаменосецот со сребрената ѕвезда, на синонимот за автомобил. Кога од Mercedes тврдат дека овој S-Class е најдобриот автомобил во светот, никој не може да го порекне тоа.

http://automedia.mk/objavi/27613

Овој полуавтономен крстосувач со видовити способности, со совршено изведена конективност, најширока понуда од апликации и достапност до услуги што биле незамисливи и во најфутуристичките сај-фај сценарија, влева надежи дека развојот на автомобилите уште долго време ќе го импресионира светот, ќе го „вози“. Токму Кина е совршената средина за напредните технологии во S-Class, затоа што не постои друга земја во светот којашто нуди поширок спектар од услуги преку интернет, достапни во автомобилите.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

160
21 shares, 160 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *