131
18 shares, 131 points

Ботатите имаат уште четири можности да ги потрошат своите пари: За хибриден Meredes S 300 BlueTec, за S 350 со погон на сите тркала, за луксузен S 600 и за спортски и луксузен S 65 AMG. Врвот е 288.590 евра. Најмалку.

Кусо по стартот на продажбата, новата класа S сигурно го запоседна првото место во продажбата на лимузини од високата класа. Сега во понудата доаѓаат уште четири моделски изведби, кои во комбинација со стандардна или продолжена каросерија или погон на сите тркала го заокружуваат изборот на 16 можни варијации на моделот.

Кожен ентериер од програмата Designo за 3.700 евра

Новитети има и во списокот на дополнителна опрема: Проекциски дисплеј (1.201,90 евра во германскиот ценовник), греење на ветробран (499,80 евра) и ракување преку поле на допир (178,50 евра). Во специјалната понуда на кожи во програмата designo нови се комбинациите од бои што звучат некако како „свиленкасто беж/бисерна титан сива“ или „свиленкасто беж/бисерно сатенски црвена“, со цена од 3.629 евра, односно 892,50 евра за моделите AMG. Системот за спречување судир сега реагира уште од 7 километри на час место од 30 km/h.

13C1105_12

Големиот Mercedes со хибриден погон троши помалку од Golf

Mercedes S 300 BlueTec Hybrid е втор модел со две срца во понудата на класата Ѕ. Луксузната лимузина со овој погон троши во просек 4,4 литри дизел на сто километри. Пред десет години, класата Ѕ со дизел со моќност од 200 КС трошеше двапати повеќе. Хибридот се состои од 2,2-литарски дизел со 204 КС и електромотор со 27 КС меѓу дизелот и автоматскиот менувач. Електромоторот помаѓа при поаѓање, односно се користи за полнење на батериите при сопирање и забавување. Неколку километри може да се вози чисто на струја. Поголемиот S 400 Hybrid во Македонија чини 101.680 евра – напоменувајќи дека хибридите кај нас се ослободени од акцизата, конкретно 7.400 евра кај моделов – додека за новакот S 300 Hybrid уште се чека цената.

13C702_003

Вториот новитет е погонот на сите тркала 4Matic за моделот S 350 Blutec. Неговиот трилитарски V6 ослободува 258 КС, односно 620 њутнметри, при просечна потрошувачка од 5,9 литри. Кај претходникот толку трошеше S 250 CDI, со четирицилиндарски дизел со 204 КС. Македонската цена за моделот: 103.306 евра за стандардната и 108.870 евра за продолжената верзија.

S 600 има амортизација со камера што го снима патот

Топ моделот во гамата, со ознака S 600, се нуди само со продолжена каросерија и збогатено ниво на опрема. Моторот со 12 цилиндри во V и зафатнина од 6,0 литри има битурбо натполнење, моќност од 530 КС и вртежен момент од 830 њутнметри. Богатата сериска опрема на S 600 (цена во Македонија 201.680 евра) ја потврдува неговата улога на знаменосец. Во неа спаѓаат приспособливи диодни светла, амортизација што преку камера го снима коловозот и однапред се подготвува да реагира, како и пакет што се состои од сите можни системи за асистенција.

13C882_05

Mercedes S 65 AMG е единствен спортски модел со дванаесетцилиндарски мотор во германската премиум лига – и најсилен. Со битурбо натполнење, 630 КС и 1000 њутнметри, S 65 AMG воедно троши и 2,4 литри помалку од претходникот. Амортизацијата работи според истиот принцип како во S 600, но со поспортска нота. Исто како претходникот, моделот се нуди само во продолжена изведба. Цената: 288.590 евра – без дополнителна опрема.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

131
18 shares, 131 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *