за

Часовник од Bulgari за стотиот роденден на Maserati

Цената на часовникот не отстапува од нивото што Maserati го негува меѓу автомобилите: Близу 10.000 евра за еден од 1914-те примероци

За стотиот роденден на Maserati, тризабецот на марката ќе се најде и на рачен часовник. Италијанскиот специјалист за луксузни работи Bulgari ја изработе специјалната серија Octo Maserati.

Во куќиштето на луксузниот часовник се наоѓаат автоматски механизам Kaliber BVL 328 Velocissimo со фреквенција од 36.000 полуосцилации на час, 45 лежишта од благородни камења и резерва од 50 работни часови. Бројчаникот на класичниот часовник ја следи осумаголната контура, којашто е знак на препознатливост на серијата Octo на Bulgari. На марката Maserati укажува и сината боја на бројчаникот. Часовникот е лимитиран на 1914 примероци, во знак на годината на основање на Maserati и може да се нарача директно во Bulgari по цена од 9.700 евра.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volkswagen во хибридна офанзива: Следен е Passat со две срца

Range Rover ја докажа теренската супериорност по „Континенталната Вододелница“