Против досада

Цело американско село живее во рели – во рекламата за Audi

Во населено место со име Олроуд, улиците се земјени место асфалтирани, службата за патишта истура нов песок место да чисти, свијоците се фаќаат со странично лизгање. Така Audi го замислува идеалното место за Allroad.

На некои пазари, на купувачите им е потешко да разберат дека автомобил што не изгледа како теренец може да биде теренец. За идејата за моделите Allroad да ја приближи до разумот на овие купувачи, Audi сними рекламен спот во измисленото гратче Олроуд. Сосема е разбирливо тоа што сите автомобили во ова место се Audi A4 Allroad од неколку генерации, исто како што е разбирливо дека неговите жители повеќе сакаат земја по улиците, место асфалт.

Во Олроуд се вози како на рели, најбрзо што може и со ефектно странично пролизгување во свијоците. Како изгледа животната приказна на Audi A4 Allroad во Олроуд, покажува видеото. Можеби видеото ќе мине и без тужба од властите, заради наведување на брзо возење.

 

Ознаки
loading...

Слични објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Откриен е Adblock

Ќе ни помогнете доколку ја исклучите вашиата блокада за реклами

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3729