135
19 shares, 135 points

За типовите како него обично се вели дека се шампиони во сенка. Mitsubishi го претстави Outlander PHEV во 2013 година, како прв СУВ со плагин хибриден погон во светот. Во статистиките за последните три години, Outlander PHEV е на врвот во својот сегмент на европскиот пазар. Лани тој стана и најпродаван автомобил со плагин хибриден погон во светот. Станува збор за повеќе од 150.000 продадени примероци досега

Во меѓувреме Mitsubishi уште еднаш го поддотера својот хит-модел и наесен ќе стартува со продажба во освеженото моделско годиште на поголемите пазари во Европа. Нема информација дали Outlander PHEV повторно ќе се појави во ценовникот на македонскиот увозник Мак Аутостар. Со заминувањето на тврдокорниот теренeц Pajero, хибридниот СУВ станува знаменосец во моделската понуда на Mitsubishi.

Mitsubishi Outlander PHEV 2

Промените во изгледот се незначителни и главно се сведуваат на детали. Напред е сменета маската, диодните светла имаат поостра форма, браникот е нов, додека назад се забележуваат нов спојлер на покривот и поголем украсен панел во сребрена боја. Внатрешноста е во познатиот стил, но со нови седишта со поголемо странично држење. Прекинувачите добија нов изглед.

Посилни електромотори, посилен бензинец, поголема батерија – ова е електричен тјунинг во режија на Evo-мајсторот

Најзначајните промени се случуваат таму кадешто најмногу сакаат да ги видат фановите на марката, во техниката. Mitsubishi Outlander PHEV првенствено е развиен како електричен автомобил, којшто ќе ги вози вообичаените дневни тури само со електромоторите напред и назад. Кога ќе се испразни батеријата, стапува на помош бензинецот.

Mitsubishi Outlander PHEV 10

Моќноста на електромоторот порасна од 82 на 95 КС, а дополнителна моќ доаѓа и од замената на дволитарецот со 2,4-литарски четирицилиндарец со 135 КС. Јапонците сепак не ја наведуваат системската моќност, затоа што „бензинецот, предниот електромотор, задниот електромотори генераторот, во реални услови на возење никогаш не се активни со максималниот број на вртежи.“

Порасна и капацитетот на литиум-јонската батерија, од 12 на 13,8 киловатчасови. Со време од 10,5 секунди, спринтот до темпо сто е скусен за три десетинки, а со 135 km/h при погон на струја, крајната брзина е за десет километри на час зголемена во споредба со претходникот. Досегот е 45 километри според новиот и пореален циклус WLTP, односно 54 километри според старата норма NEDC.

Заради заштита на системот за впрскување, бензинскиот мотор се вклучува автоматски на секои 89 денови – доколку возачот ги минува дневните тури возејќи само на струја

Искусните возачи знаат дека и досегот од 45 километри е тешко достижен, но и со 30 километри се живее сосем добро. Искачувањето по нагорнина и вклучувањето на греењето или ладењето, на радиото и на сите поголеми потрошувачи на струја влијае врз досегот. При ниски температури исто така опаѓа досегот.

На домашен приклучок со 220 V и 16А, односно со користење на сопствениот полнач, батеријата се освежува за четири часови. Кога се користи брз полнач ChaDeMo, наполнетост од 80% се постигнува за само 25 минути. Трета можност е вклучување на копчето Charge за време на возењето, кога бензинецот работи и како погонска единица, и како генератор. Тоа ја зголемува потрошувачката, но затоа по пристигањето во град може да се вози комотно само на струја.

Mitsubishi Outlander PHEV 3

Според нормите, потрошувачката изнесува 2,0 литри на сто километри. Нормата сепак е премногу оптимистичка, затоа што се пресметува само количината на гориво што моторот ќе ја потроши за совладување растојание од 100 километри, откако ќе се испразни батеријата.

Комфорното возење и натаму е заштитен знак на Mitsubishi Outlander, исто како и практичноста. Багажникот стандардно нуди простор од 453 литри, односно 1.584 литри со соборена клупа.
Тоа што привлекува дополнително е електричниот погон на сите тркала, со можност целата тракција да се сведе само на предниот или задниот електромотор, зависно од условите. Максималната тежина на приколка од 1,5 тон исто така привлекува купувачи.

На располагање стојат вкупно пет програми за возење

За возните својства да добијат уште малку Evo-ген, каросеријата повторно е скрутена, исто како и подвозјето, а напред се вградени сопирачки дискови од 17 инчи. Има и две нови програми за возење, спортска и за снег, покрај Normal, Eco и Lock.

Mitsubishi Outlander PHEV 7

Секако дека остана и функцијата од Sci-Fi жанрот од пред неколку децении. По потреба, Mitsubishi Outlander PHEV може да испорачува енергија од батеријата за надворешни потрошувачи, односно возилото може да се користи како помошен агрегат. Со полн резервоар и батерија, хибридниот Outlander може десет денови да снабдува просечен дом со струја. Од двата приклучока од по 1.500 вати во кабината исто така може да се црпи струја, при излети или при пауза на долги патувања.

Цените за стартот во септември уште не се објавуваат, но се наслушнува дека новиот Mitsubishi Outlander PHEV, вклучувајќи ја сета опрема што ја поседува, ќе биде значително поевтин од претходникот. Како екстра за македонскиот пазар, за коешто во последно време се заинтересирани сé повеќе купувачи, хибридните автомобили кај нас се ослободени од плаќање акциза.

Терхнички податоци · Mitsubishi Outlander PHEV

Должина x Ширина x Висина (mm): 4,70 x 1,80 x 1,71
Меѓуоскино растојание (m): 2,67
Мотор: 4 цилиндри, бензинец, 2360 ccm
Моќност: 135 КС при 4500/min
Вртежен момент: 211 Nm при 4500/min
Електромотори: 82 КС напред и 95 КС назад
Вртежен момент: 137 Nm и 195 Nm
Капацитет на батерија: 13,8 kWh
Крајна брзина: 170 km/h
Крајна брзина, на струја: 135 km/h
0 до 100 km/h: 10,5 s
Досег на струја: 45 km (WLTP)
Погон: На сите тркала
Потрошувачка, просек (WTLP): 2,0 L/100 km
Емисија на CO2: 45 g/km (Euro 6)
Празно возило: min. 1900 kg
Тежина на приколка: 1500 kg
Багажник: 453–1584 L
Растојание од подлога: 190 mm
Агол на пристап / излез: 21,0 / 22,5
Круг на вртење: 10,6 m
Гуми: 225/55 R18


Notice: Undefined index: fag_col_layout in /home/automedi/public_html/wp-content/plugins/flickr-album-gallery/flickr-album-gallery-short-code.php on line 37

Mitsubishi Outlander PHEV

Flickr Album Gallery Powered By: WP Frank

Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

135
19 shares, 135 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743