Нови модели

Хибридна Mazda3 на салонот во Токио?

Mazda очигледно не се задоволува со пофалбите што ги доби за моторите Skyactiv и системот iEloop, па веќе подготвува и верзија на Mazda3 со хибриден погон за салонот во Токио.

На крајот на ноември Mazda ќе ја прикаже хибридната верзија на моделот од компактната класа на салонот во Токио. Официјалните информации од службата за печат уште отсуствуваат, но на интернет Mazda се појави фотографија од која што јасно се заклучува дека погонот Skyactiv-Hibrid сепак ќе се најде во Mazda3.

Според бројките што се гледаат на фотографијата, Mazda3 ќе има дволитарски бензинец од генерацијата Skyactiv со моќност од 99 КС и вртежен момент од 142 Nm при 4000 вртежи, во комбинација со електромотор од 82 КС и 207 њутнметри. Просечната потрошувачка според фабрика ќе изнесува 3,25 литри на сто километри. Не е познато дали моделот ќе поседува и можност за надворешно полнење на батериите, по пример на Prius Plug-In Hybrid.

Tags

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730