за

Хибриден Ford Transit вози по лондонските улици

Ford планира со своите возила да придонесе за подобрување на квалитетот на воздухот во Лондон. Во период од една година, на неколку фирми со голем возен парк ќе им стојат на располагање 20 примероци од Transit Custom со плагин-хибриден погон. Батериите во транспортерот овозможуваат вообичаената дневна тура да се извози чисто на струја, без асистенција на моторот. Во офанзивата на Ford во електричниот погон до 2020 година е предвидена и плагин-хибридна изведба на Mustang.

Инженерите на Ford со финансиската помош во висина од 4,7 милиони фунти од британската невладина организација „Центар за напредна погонска технологија“ развија мини-серија од 20 примероци од транспортерот Transit со плагин-хибридна технологија. Неколку локални компании учествуваа во развојот и изработката на овој Transit, за когошто Ford верува дека е прв транспортер со плагин-хибриден погон.

Доставните возила ќе се користат во секојдневни услови по улиците на Лондон, опремени со телематски систем којшто постојано ќе ги анализира податоците за возењето, трошоците и еколошките придобивки на возилата.

До 2020 година Ford ќе претстави и верзија на Mustang со хибриден погон

До пазарниот старт на Ford Transit Custom со плагин-хибридна технологија преостануваат уште две години, кога моделот ќе се појави во продажба како дел од инвестицијата на американскиот производител во висина од 4,5 милијарди долари за развој на 13 модели со електрифицирана погонска спрега до 2020 година. Во план е кросовер со електричен погон и досег од околу 500 километри, хибридно возило со автономна технологија за некоја идна форма на такси превоз и заедничко користење, како и хибридна изведба на Ford Mustang.

Паралелно со развојот на возила со електричен погон, Ford соработува со повеќе производители на автомобили во изградба на мрежа од станици за полнење струја.

Британија е на пат да стане водечка светска сила во транспортот без штетна емисија на гасови. Центарот за напредна погонска технологија досега има подржано бројни проекти со вкупно инвестирани 325 милиони фунти почнувајќи од 2014 година.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Специјална серија за стартот на продажбата на Alfa Romeo Stelvio

електрични автомобили Mercedes EQ Concept

Mercedes со десет модели на струја до 2025 година