за ,

Франкфурт 2015: Hyundai со студија на луксузно купе Vision G

Студијата на Hyundai на салонот во Франкфурт се појавува премиерно во Европа и го најавува изгледот на идната генерација на модели од повисоките класи на корејскиот производител.

Динамичното купе Vision G го прикажува дизајнерскиот говор што Hyundai ќе го користи за своите идни модели од повисоките класи, односно за наследниците на лумузинската и на купе изведбата во моделската серија Genesis, како и на можната купе-изведба покрај врвната лимузина Equus. Преку студијата на купето се најавуваат и напредните можности за поврзување со преносни уреди во иднина, како и нов концепт на ракување во кокпитот.

Впечатливиот дизајн со доминантна долга хауба и гордо исправена маска е резултат од соработката на сите дизајнерски центри на Hyundai низ светот и оттука може да се очекува дека марката во иднина ќе користи единствен дизајн за своите модели на глобално ниво, по пример на повеќето водечки производители. Главниот печат во кокпитот остава долгиот и заоблен дисплеј на допир во замена за класичната инструмент-табла, кој внесува елеганција во смирениот и врвно изработен ентериер.

Иновација во ракувањето претставува и „далечинското тркало“, односно полето во средишната конзола што реагира на допир и прима команди преку гестикулација. Идејата на дизајнерите за ентериер е сите физички прекинувачи во арматурната табла да се заменат со сензори или камери, оставајќи ги истите само на воланот. Под хаубата работи трипати одликуваниот мотор V8 со зафатнина од 5,0 литри и моќност од 430 КС.

Нови бензинци со турбонатполнење и моќност меѓу 100 и 140 КС

Покрај оваа студија се наоѓаат двата нови бензинци со турбонаполнење и директно впрскување. Моторите со три цилиндри имаат работна зафатнина од 1,0 литар и ослободуваат моќност од 100, односно 120 КС. Првото вградување на 1.0 T-GDI ќе биде во моделската серија i20, вклучувајќи ја и верзијата на моделот во стил на кросовер i20 Active. Заедно со овој мотор е претставен и новиот 1.4 T-GDI со турбонатполнење и моќност од 140 КС. Моторите се развиени во тесна соработка со европскиот технички центар на Hyundai и комбинираат примерна моќност со спортски перформанси и ниска потрошувачка на гориво.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota C-HR

Toyota C-HR в година пристига како сериски модел

Франкфурт 2015: Серијата 7 на BMW поставува нови мерила на луксузот