144
19 shares, 144 points

BMW ги начека конкурентите неподготвени со првиот X1. Сега дојде ред на втората генерација, со нова платформа, со повеќе простор и со робусна појава. Но, традиционалистите може да се разочараат.

Втората генерација на моделското име X1, кое што досега се продаде во преку 730.000 примероци, доживува салонска премиера во Франкфурт. Кросоверот на база на серијата 1 ја користи новата платформа UKL, којашто X1 ја дели со вановите Active Tourer и Gran Tourer од серијата 2, но и со сите моделски верзии на Mini од новата генерација. Тоа значи дека платформата е во основа развиена за модели со преден погон и овој факт може да ги разочара традиционалистите на BMW коишто очекуваат марката да остане верна на погонот на задната оска.

Традиционалистите може да негодуваат, но вановите со оваа платформа веќе постигнаа одличен успех и привлекоа нов круг купувачи во BMW. Од друга страна, забелешката за предниот погон се однесува само релативно, затоа што единствено основните модели X1 sDrive 18i со 1,5-литарски трицилиндарец со 136 КС и X1 sDrive 18d со дволитарец со 150 КС ги користат само предните тркала за тракција. Останатите модели во понудата – xDrive 20i (2,0 л, 192 КС), xDrive 25i (2,0 л, 231 КС), xDrive 18d (2,0 л, 150 КС), xDrive 20d (2,0 л, 190 КС) и xDrive 25d (2,0 л, 231 КС) дополнително ја впрегнуваат и задната оска, иако и тоа само по потреба.

Повеќе простор и функионалност во кабината со преоѓањето на новата платформа

Предностите од преоѓањето на новата платформа се огледуваат во значително поголемата просторна понуда и во новата функционалност во кабината. Со новата генерација мотори воедно се постигнува и намалување во потрошувачката на гориво до 17 проценти во споредба со претходникот. Дизајнот на новиот X1 поверно ги следи дизајнерските начела на поголемите браќа од моделското семејство „X“, оддавајќи робусност и сувереност. Висината е за 53 милиметри поголема од преходникот, што логично носи и повеќе простор и комфор за патниците. Во исто време се зголеми и висината на седење за 36 милиметри напред и 64 милиметри назад, така што и чувството во возење е поблиску до поголемите теренски модели во понудата на BMW.

Назад има за 37 милиметри повеќе простор за колената, односно до 66 милиметри при доплата за лизгачка задна клупа. Багажникот со 505 литри е за 85 литри поголем од порано и со соборување на триделната клупа се зголемува до 1.550 литри. Постои можност и за доплата за соборување на совозачкото седиште, за превоз на предмети долги околу два метри.

Во стандардната опрема спаѓаат клима-уред, радио и централен систем за ракување iDrive, комбиниран со дисплеј од 6,5 инчи во средината на арматурната табла. Со неколку иновативни ставки, како диодни светла, динамична контрола на амортизацијата, проекциски дисплеј и напредни системи за асистенција, BMW повторно му обезбеди предност на X1 над конкурентите.

Цените на BMW X1 според германскиот ценовник стартуваат од 29.950 евра за верзијата sDrive 18i.


,

Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

144
19 shares, 144 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743