162
21 shares, 162 points

Последен пат Mercedes има понудено луксузен кабриолет со четири седишта во 1971 година. За љубителите да не мораат да плаќаат скапо за вредните олдтајмери, Mercedes сега нуди нов кабриолет од класата S. И, тој е сензација.

Кабриолетот е шестата варијанта во семејството модели во актуелната класа S и воедно е прв луксузен кабриолет со четири седишта што марката го нуди по 1971 година. Со овој скапоцен крстосувач под отворено небо се добива ексклузивен дизајн, врвна техника од класата S и концепт на климатско згрижување на патниците каков што браншата досега нема видено.

Инженерите на Mercedes обезбедија врвна крутост на каросеријата на новиот кабриолет, меѓу другото и во интерес на комфорното чувство на патниците. Во исто време, со иновативни решенија од типот на преграден ѕид кон багажникот изработен од алуминиум и магнезиум, како и целиот опаш изработен од алуминиум, се постигна тежината на каросеријата на кабриолетот да биде иста како кај купето од класата S. Во системот за заштита на патниците при превртување, заштитните лакови за прв пат се исправуваат под дејство на гасен генератор.

Интелигентната електроника се грижи за оптимална клима

Mercedes тврди дека го има конструирано најкомфорниот кабриолет во светот и треба да му се верува во тоа тврдење. За климатскиот комфор се грижи унапредениот автоматски систем за заштита од провев Aircap, загревањето на просторот околу главата Airscarf, како и загреваните потпирачи за рака и грејачите вградени и во задните седишта. Сето тоа е под контрола на интелигентна електроника. За разлика од постоечките системи, регулацијата на климата се врши целосно автоматско и возачот не мора да врши посебен избор на модус за возење со подигнат или собран покрив, како и соодветно да ја мести температурата за различните модуси.

mercedes s class cabriolet

Меѓу изложените примероци се наоѓа и топ-моделот S 63 4Matic Cabriolet, со 5,5-литарски V8 со битурбонатполнење и 585 КС. Со специјална верзија на погонот на сите тркала 4Matic дотерана за моделите на Mercedes-AMG, кабриолетот забрзува до сто за само 3,9 секунди. Колку точно изнесува цената на топ-кабриолетот уште не е објавено, но таа во секој случај ќе биде над купето S 63 4Matic, кое во стандардната изведба чини преку 170.000 евра.

mercedes s class cabriolet 2


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

162
21 shares, 162 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *