132
18 shares, 132 points

Големиот теренец на Porsche доживеа моделско освежување со зафати во изгледот и во техниката. Cayenne S доби комплетно нов мотор, а има и хибриден модел што троши само 3,6 литри.

Денес до канцеларија, утре на терен или можеби на тркачка патека – со истото возило. Тоа е рутината што му донесе огромен успех на Porsche Cayenne. Од првата генерација од 2002 година Швабите продадоа преку 276.000 примероци, а од втората генерација што беше претставена во 2010 година, досега се произведени преку 303.000 примероци. Сите се среќни со Cayenne. Купувачите добиваат ексклузивно парче супертеренец, Porsche добива полна каса од којашто може спокојно да ги развива матичните купеа и да воведува дополнителни модели, како Macan.

Cayenne мора да се награди за овој успех, а кај автомобилите тоа значи да доживее моделско освежување. Накусо: Новото моделско годиште на теренецот е поштедливо, има поостри линии во дизајнот и побогата сериска опрема. Уште од старт се нудат пет модели: Cayenne Diesel, Cayenne S Diesel, Cayenne S, Cayenne Turbo и – како светска премиера – Cayenne S E-Hybrid, прв хибрид со надворешно полнење на батериите во сегментот на премиум теренците. Според нормите за хибридни возила, E-Hybrid троши 3,4 литри бензин во првите сто километри, што е исклучителна вредност со оглед на тежината и погонот на сите тркала. Со тоа, Porsche е единствен производител во светот што нуди три хибриди со надворешно полнење, вклучувајќи ги Panamera S E-Hybrid и 918 Spyder.

Комплетно нов мотор доби Cayenne S. Моторот V6 со зафатнина од 3,6 литри и битурбо натполнење доживеа премиера во Macan. Во споредба со стариот V8, моќноста е зголемена за 20 КС, на 420 КС, додека вртежниот момент порасна за 50 њутнметри и сега изнесува 550 Nm. Основната идеја сепак беше да се намали потрошувачката, првенствено заради строгите норми за СО2 од 2015 година. Cayenne S троши 0,9 литри помалку, односно сега минува сто километри со помалку од десет литри бензин.

Инјекција од дваесет КС доби и топ моделот Cayenne Turbo, кој сега се гордее со 520 КС и вртежен момент од 750 њутнметри (+50 Nm). Turbo спринтува за три десетинки побрзо и постигнува крајна брзина од 279 km/h, но и троши за 0,3 литар помалку од претходникот. Потрошувачката е повеќе домен на дизелските модели и за хибридот. Трилитарскиот V6 во Cayenne Diesel доби плус 17 КС, за вкупно 262 КС, како и плус од 30 Nm во вртежниот момент, за 580 Nm. Тоа е во дел заслуга и на поголемиот турбокомпресор. Спринтот на Diesel е побрз за 0,3 секунди, крајната брзина е 221 km/h, просечната потрошувачка 6,6 литри (-0,2). Големиот V8 од 4,2 литри во Cayenne S Diesel импресионира со своите дизелски 385 КС, исто како и со импозантниот вртежен момент од 850 Nm. Неговите вредности: 5,4 s, 252 km/h, 8,0 L/100 km.

Преработениот систем старт-стоп сега може да го изгасне моторот уште пред возилото да запре, додека се приближува до семафорот. Оваа функција на гаснење во движење може и да се исклучи со притискање на копче. За прв пат сите модели на Cayenne ја добиваат функцијата на „едрење“, како во другите моделски серии на Porsche, вклучувајќи и соодветна оптимизација на осумстепениот Tiptronic S. При тргање на ногата од гаста, спојката се одвојува автоматски и возилото „едри“. При повторно притискање врз гасот или сопирачката, менувачот за миг во вклучува соодветниот степен и ја затвора спојката. Оваа функција воедно ги учи и навиките на возачот и соодветно ја приспособува својата работа.

Во Cayenne за прв пат се користат и активни ламели зад средниот отвор за воздух, со чиешто отворање или затворање управува електрониката на моторот. Кога моторот има потреба од воздух за ладење, овие ламели се отвораат. Во спротивно, тие остануваат затворени, придонесувајќи на тој начин за подобрување на аеродинамиката, но и за побрзо греење на моторот и менувачот. Од спортските купеа на Porsche доаѓа и пакетот Sport-Chrono, за скусување на спринтот. Возачот го активира овој пакет со истовремено притискање на гаста и сопирачката, со што се зголемува бројот на вртежи на моторот и менувачот Tiptronic S се подготвува да сработи најдобро што може. Пакетот го скусува времето на спринт за 0,1 секунда. Инженерите се впуштија и во оптимизација на подвозјето, во насока на поголем комфор во возење, без притоа да се жртвуваат основните таленти, брзината и агилноста.

Новата генерација на Cayenne доби побогата сериска опрема, вклучувајќи биксенонски светла за сите модели, односно диодни светла во серија за Turbo, како и автоматски заден капак, мултифункциски спортски волан во стил на 918 Spyder, со рачки за менувачот, потоа плочки од благороден челик на праговите, контрола на притисокот во гумите и влез за аудио уреди.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

132
18 shares, 132 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format