133
19 shares, 133 points

Четвртиот автомобил што го изработуват учениците на техничкиот колеџ на Skoda доаѓа во форма на баги врз основа на Citigo. Како дополнителен предизвик, во оваа симпатична креација е вграден и електричен погон.

Од ланскиот октомври, 22 од вкупно 900 студенти во Skoda на возраст од 17 и 18 години беа во улога на автомобилски дизајнери. Како основа за нивното возило Skoda Element послужи малечкиот Citigo. Младите студенти си поставија дополнителен предизвик и вградија електричен погон. Покривот „исчезна“, исто како и вратите и задните седишта. Под хаубата работи електромотор со 82 КС.

Идните занаетчии посветија 1500 часови во изработката на Skoda Element

Откако беше утврден концептот на возилото во минатата есен, практикантите се префрлија на компјутерско дизајнирање, а потоа и на изработка, вклучувајќи заварување и изработка на каросериските панели. Секако дека не изостанаа и вредните совети од специјалистите на чешката марка. Во проектот беа вложени 1.500 работни часови.

https://www.facebook.com/skoda.cz/videos/1564702933601818/

Практикантите доаѓаат од најразлични професии, вклучувајќи автолакери, електричари, автолимари, механичари и специјалисти за логистика. Почнувајќи од 2014 година, учениците секоја година изработуваат по еден прототип. Во првата година произлезе двосед од Citigo, во 2015 година следеше пикап на база на Fabia, а лани се појави мајсторски тјунирана купе-изведба од Rapid Spaceback.

Техничкиот колеџ на Skoda годинава го одбележува 90-от јубилеј. Тој е дел од академијата на Skoda којашто е основана во 2013 година и посветена е на потребите на компанијата. Од 2014 година, марката од Млада Болеслав има вложено 200 милиони чешки круни или повеќе од 7 милиони евра во модернизација и проширување на Академијата.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

133
19 shares, 133 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743