133
18 shares, 133 points

Од производствените погони на Magyar Suzuki во Ештергом се симна тримилионитиот автомобил со знакот на Suzuki од унгарска продукција. Јубилејниот модел можеше да се претпостави: SX4 S-Cross, моделот со когошто започна веројатно најголемата пресвртница во историјата на марката.

Три милиони автомобили со знакот на Suzuki се произведени во фабриката во Унгарија. Погоните пуштени во работа пред 26 години, во меѓувреме прераснаа во производствен капацитет од глобално значење за јапонската марка. Моментно во Ештергом се произведуваат моделите SX4 S-Cross и Vitara, од кадешто се извезуваат во повеќе од 100 држави низ светот. Јубилејниот модел е Suzuki SX4 S-Cross, наследник на непризнаениот основоположник на денешниот бран компактни кросовери и модел што упорно одбиваше да се пензионира неколку години по пристигањето на новиот модел.

Три милиони возила произведени за 26 години. Во првата полна година во Ештергом се произведоа само 970 возила, за продукцијата во 2005 година нагло да се искачи на повеќе од 100.000 примероци (136.311 возила). Три години подоцна, фабричките хали ги напуштија 281.686 возила.

http://automedia.mk/objavi/18671

Неверојатна е разновидноста на моделите што Magyar Suzuki низ сиве години ги има произведувано во фабриката на педесетина километри северозападно од Будимпешта, почнувајќи од Swift во 1992 година, преку Wagon R+ во 2000 година, првиот Ignis во 2003 година, следните две генерации на Swift (2005 и 2010 година), легендарниот SX4 во 2006 година и Splash две години подоцна. Актуелните модели од унгарската фабрика, SX4 S-Cross и Vitara, стартуваа со производство во 2013, односно 2015 година. Целиот европски пазар се снабдува со возилата од унгарска продукција, но и голем број прекуокеански пазари. Три илјади лица се вработени во фабриката на Magyar Suzuki.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

133
18 shares, 133 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *