190
24 shares, 190 points

Две дузини луксузни модели украдени во Велика Британија, меѓу кои Range Rover, BMW X5 и Audi Q7, пронајдени се далеку на африканскиот континент, во магацини во Уганда.

Дваесет и четири луксузни автомобили, вклучувајќи Range Rover, BMW X5, Audi Q7 и Lexus ќе им се вратат на сопствениците, откако британската полиција по едногодишно следење на криминалната банда успеа да ги лоцира украдените возила на нивното крајно одредиште, во источноафриканската држава Уганда.

Полицијата им влегла во трага на организираните криминални банди во минатиот јули, благодарение на системот за следење преку сателитска навигација којшто бил вграден во еден од украдените модели на Lexus. Трагата на возилата водела низ Европа, Средниот Исток и Африка, откривајќи им ја на полицијата организираната мрежа за трговија со украдени автомобили.

Со разоткривањето на криминалната мрежа во Уганда е разбиен само мал дел од меѓународната мрежа за нарачани кражби на возила
Со разоткривањето на криминалната мрежа во Уганда е разбиен само мал дел од меѓународната мрежа за нарачани кражби на возила

На територијата на Велика Британија постојат уште многу криминални групи коишто извршуваат нарачани кражби на скапи возила за клиенти во Кипар, Африка и Источна Европа. Масовните кражби на возила им нанесуваат огромна штета и на осигурителните компании, кои на сопствениците годишно им исплаќаат во просек по 1,3 милијарда фунти како отштета. Криминалците лесно ги пробиваат конвенционалните системи за заштита од кражба во возилата, така што на осигурителните компании не им преостанува ништо друго освен воведување на повисоки осигурителни премии.

Со откривањето на операциите на криминалната мрежа во Уганда, според полициските сознанија е разбиен само незначителен дел од интернационалната мрежа и слични акции во иднина ќе се спроведуваат и низ Европа и на целата територија на Африка.

Долгиот пат на украдените возила од Лондон до Кампала во Уганда

uganda ukradeni vozila 3


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

190
24 shares, 190 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730