182
23 shares, 182 points

Скопје беше дел од глобалниот настан организиран во 500 градови во светот, во којшто моторџии дотерани во џентлменски стил и со избрани мотоцикли возат во знакот на превенцијата на болестите на мажите.

Скопје дишеше во духот на елегантната машка гардероба и избрани моторцикли во рамките на првиот „The Distinguished Gentlemans Ride“ организиран кај нас. Овој глобален настан се одбележува во ист ден во 500 градови ширум светот и успешно беше организиран и во Скопје, со што градот се вклучи во ова глобално движење, коешто се грижи за болестите на мажите и за превенција од истите.

За поддршка на каузата, која е собирање средства и подигнување на свеста кај мажите за превенција од рак на простата, 70 моторциклисти со уникатни мотори и џентлменска гардероба продефилираа низ улиците на Скопје, на рута од населбата Аеродром до Населбата Карпош, на одушевување на публиката којашто можеше да го проследи настанот.

The Distinguished Gentleman’s Ride – Skopje 2016

„Distinguished Gentlemans Ride“ е основан во 2012 година од Марк Хава од Сиднеј, Австралија и како свое лого има џентлмен со луле и монокл, облечен во префинет костум. На самиот почеток основната цел била да се разбијат негативните стереотипите за моторциклисти, да се покаже позитивната страна во дружењето и во собирите на мотоциклистите.

Годинава регистрирани повеќе од 50.000 учесници во над 500 градови

Првиот настан обедини 2.500 мотоциклисти во 64 града, што беше причина Марк истиот да го искористи во хумнитарни цели, воедно подигајќи ја свеста кај мажите за сопственото здравје. Настанот е прифатен глобално и повеќе од солидно ја исполнува целта. Лани, повеќе од 37.000 учесници во 410 градови, во 79 држави, собраа 2,3 милиони долари за истражувања на рак на простатата.

The Distinguished Gentleman’s Ride – Skopje 2016

Годинава се регистрирани 50.000 учесници во повеќе од 500 градови во 90 држави. Според зборовите на централната организација во Австралија, настанот во Скопје беше организиран успешно, со 70 учесници и собрани донации од околу 1.300 долари.

Партнер на настанот е фондацијата Мовембер, која е најголема глобална фондација што се грижи за здравјето на мажите. Фондацијата датура од 2003 година, денес брои милиони членови и има собрано повеќе од 715 милиони долари, наменети за повеќе од 1.000 проекти за рак на простатата, рак на тестисите, како и превенција од самоубиства кај мажите. Визијата на оваа фондација е да создаде свет каде што мажите ќе бидат социјално поврзани и ќе се чуствуваат слободно да зборуваат за овие болести, со што глобално би се зголемила свеста,како и превенцијата на истите.

Организаторот најавува дека и в година ќе учествува во овој глобален настан.

[FAG id=25579]


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

182
23 shares, 182 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *