за

Точно навреме: Skoda нуди погон 4х4 и во лимузинската Octavia

Во октомврискиот ценовник на Порше Македонија се појавија лимузинските моделски изведби со погон на сите тркала што чешката марка отсега ги нуди во гамата на Octavia. Стартот е од 19.110 евра.

Точно пред сезоната на снегови и мразеви Skoda го воведува погонот на сите тркала и во лимузинските модели на Octavia. Досега погонот беше достапен само за комби изведбата, односно во нивото на опрема Scout. Сржта на погонот е спојка халдекс од петтата генерација, а достапен е во дијапазон на моќност меѓу 105 и 184 КС, со што се покриваат сите барања на возачите. Понудата почнува со Skoda Octavia 4×4 со 1,6-литарски дизел со 105 КС и ниво на опрема Ambition за 19.110 евра. Со овој чекор Skoda им излегува во пресрет на купувачите што ја преферираат лимузинската форма и имаат потреба од погон на сите тркала, но без скапите нивоа на опрема.

Како погонски единици стојат на располагање четири мотори од генерацијата Green tec, односно со систем старт-стоп и повраток на енергијата при сопирање. Бензинецот 1.8 TSI со 180 КС постигнува крајна брзина од 229 km/h, а просечната потрошувачка изнесува 6,7 l/100 km. Овој мотор во Octavia 4×4 е достапен само со шестстепен менувач со двојна спојка и чини 22.850 евра со ниво на опрема Amibition.

Од дизелите се нудат 1.6 TDI Green tec со 105 КС и просечна потрошувачка од 4,5 литри, по него следи 2.0 TDI Green tec со 150 КС и просек од 4,7 литри, додека врвот е резервиран за најсилниот дизел со 184 КС и стандардно комбиниран со шестстепен менувач со двојна спојка. Просечната потрошувачка на овој модел изнесува 4,9 l/100 km. Најскапата моделска изведба со овој мотор чини 30.950 евра и се нуди со луксузното ниво Laurin & Klement, додека најевтиниот модел со 2.0 TDI со 184 КС е достапен за 23.970 евра во ниво Ambition. Разликата во цената во однос на моделите со преден погон изнесува околу 2.400 евра.

Исто како и досега, погонот 4х4 е основа на „кросовер“ изведбите Scout, коишто стартуваат од 26.290 евра за Octavia 2.0 TDI со 150 КС и поседуваат повисоко ниво на опрема, како и посебна заштита на каросеријата.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes GLK се подготвува за генерациска смена

Сега и Toyota се откажува од Tesla