145
19 shares, 145 points

Volkswagen Golf е најпродаван автомобил во Европа, Ford Focus е најпродаван во светот. Тоа се автомобилите што ги купува народот. Но, како купуваат супербогатите?

Враќањето на довербата на купувачите по завршувањето на долгата рецесија и воведувањето на новите моделски генерации во класата на автомобили над 100.000 евра најавуваат прекинување на трендот на опаѓање на продажбата во овој пазарен сегмент. Според аналитичарите, продажбата на овие возила во Европа до 2017 година ќе се зголеми на 21.000 возила, наспроти 13.000 возила во минатата година. Веќе во следната година се очекува сегментот да се врати во позитива.

Во галеријата ви ги прикажуваме десетте најпродавани суперспортски модели во Европа во првото полугодие од 2014 година:

Има неколку интересни предвидувања. Според пазарните аналитичари, хибридниот BMW i8 ќе стане најпродаван суперспортски автомобил во следната година, со 1.700 продадени примероци. В година доаѓаат и најевтиниот модел на McLaren, со развоен код P13 и со цена од 160.000 евра, како и новите генерации на Audi R8 и Ferrari 458 M. Предвидувањата се дека во 2016 година Ferrari ќе продаде 1.500 примероци од 458 M, додека Audi ќе го предводи сегментот со 2.400 примероци од новиот R8.

Многу се очекува и од новите модели на Aston Martin, марката што моментно има дури 3 модели меѓу најпродаваните десет во сегментот. Поттикот за Британците доаѓа од новата соработка со AMG-Mercedes, чиишто мотори V8 ќе се вградуваат во новиот Vantage. Со тоа, продажбата на овој модел ќе се зголеми на 1.500 примероци во 2016 година. Суперлуксузните марки во следните години ќе ги претстават и своите теренски модели. Lamborghini, Bentley, Maserati, па дури и Rolls-Royce за две до три години ќе имаат модел во трендот што ги освои и најскапиот сегмент. За очекување е дека местото на спортските купеа тогаш ќе го запоседнат новите суперлуксузни теренци, по примерот на Porsche. Ексклузивниот Cayenne е најпродаван модел на Швабите.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

145
19 shares, 145 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730