156
119 shares, 156 points

Токио Мотор Шоу пред многу години беше најголемиот салон на автомобили во Азија. Времињата се сменија, Кина ја претекна Јапонија. Во Токио останаа да изложуваат само домашните производители, но во стариот стил. Концептните автомобили на салонот секогаш даваат убава визија за иднината.

Секоја земја има сопствена автомобилска култура. Јапонија има многубројно население, но недоволно простор. Становите се мали, исто како и автомобилите. Во мегалополисите како Токио владеат малечките автомобили, таканаречените K-Cars. Тие се повеќе кутии на тркала отколку автомобили, неверојатно се куси и имаат повеќе во висина отколку во ширина. Законите ги ограничуваат димензиите и моторот, како услов возилото да добие регистрација во Токио.

Таканеречените K-Cars се заштитен знак на сообраќајот во Токио

Единствено Suzuki се има одважено да продава K-Car во Европа, тоа е легендарниот Wagon R+. Автомобилот се појави и под амблемот на Opel, како Agila. Јапонските производители имаат цело изобилство од модели во оваа класа. Сите се долги до 3,4 метри, задните врати обично се лизгачки заради полесен пристап во тесен простор, а во кабината следува вистинска мајсторија во рационално искористување на секој агол.

daihatsu DN Pro Cargo

Поради унифицираните димензии тешко се распознаваат одделните модели. Daihatsu се обидува да ја разбие оваа унифицираност. Специјалистот за мини-возила во сопственост на Toyota го прикажа концептот DN Pro Cargo, како мултинаменско возило со електричен погон, коешто може да послужи подеднакво добро и за превоз на патници и за транспорт на товар.

Suzuki e-Survivor

Suzuki e-Survivor е необврзувачка вежба на теренски автомобил за забава, од когошто би можела да произлезе и некоја подалечна генерација на Jimny. Вонземскиот изглед на студијата на теренско баги во мини формат произлегува од електричниот погон. Токму флексибилноста и компактноста на електричниот погон се суштината на изгледот на е-преживувачот.

Honda Sports EV Concept

Автомобилот со име Urban EV Concept има многу поизвесна иднина. Honda го прикажа концептниот автомобил пред малку повеќе од еден месец на салонот во Франкфурт. Градскиот автомобил со електричен погон и едноставен изглед во стилот на Honda S 800, стартува со продажба на европскиот пазар веќе во почетокот на 2019 година. Со одушевување е поздравена идејата на градското мини да му се придружи и купе со погон на струја, прикажана преку Honda Sports EV Concept. Спортските гени се будат во марката.

Цела хала на Токио Мотор Шоу за Toyota

Најголемиот производител на автомобили во светот, Toyota, на Токио Мотор Шоу тера посебна песна. И цела хала само за себе. Водородниот погон е главната занимација на јапонската гига-марка. Исто како серискиот Mirai, луксузниот крстосувач наречен FineComfort Ride користи водород како погонско гориво. Енергијата произведена во горивните ќелии се пренесува до електромоторите во сите четири тркала на ванот.

Toyota Fine-Comfort Ride

Необичен е изгледот, затоа што возилото е пошироко во средината отколку во опашот, но ваквата форма ја диктираат законите на аеродинамиката. Toyota сака да демонстрира дека водородниот погон им отвора многу слободен простор на конструкторите, когошто можеа само со тешки маки да го постигнат со конвенционалниот погон.

Со седум килограми водород, коишто се полнат во резервоарите под притисок за само три минути, Fine-Comfort Ride ќе вози и до 1.000 километри. Во поглед на досегот и времетраењето на полнењето, водородниот погон е рамо до рамо со автомобилите со обичен мотор. Според Toyota, со радикалните промени во погонот, традиционалната триделна форма на каросеријата повеќе нема смисла.

lexus ls+ concept 1

Што се однесува до „батерискиот“ електричен погон, тоа е терен на когошто владее Nissan. Тие се најголем произведувач на електрични автомобили во светот, а Leaf е најпродаван електромобил досега. На стандардната верзија на Leaf наскоро ќе му се придружи посилна изведба, со повисока моќност и подолг досег. Електромоторот располага со 204 КС место со 156 КС, а со поголемиот батериски модул од 60 kWh се продолжува и досегот од 378 на 520 километри. Секако дека сето тоа ќе биде вклучено и во цената на „силната“ варијанта.

Ова ниво на електричниот погон ќе работи и во спортски навиената верзија на Leaf, во режија на мотоспорт-одделението Nismo. На салонот е премиерно прикажано како би изгледала евентуалната „спортска“ изведба на Leaf, иако не се сведува сé на изгледот, барем кога станува збор за Nismo.

Nissan IMx Concept

Повеќе внимание привлекува концептниот автомобил IMx. Кратенката означува „Intelligent Mobility Crossover“. Nissan веќе неколку месеци најавува дека ќе ги спои своите искуства во погонот на сите тркала и во електричниот погон. Тоа не значи друго, освен: Leaf наскоро ќе добие друштво од моќен кросовер. Доколку се суди според IMx, спортскиот кросовер би располагал со 435 КС и досег од 600 километри.

Mitsubishi e-Evolution Concept

Новиот партнер на Nissan, Mitsubishi, вгради дури три електромотори во својата студија e-Evolution. Според менаџерите на Mitsu, студијата нема да доживее реализација во серија, но затоа неколку дизајнерски решенија ќе се користат во идните модели. Нивната намера е преку e-Evolution да се покаже дека и електричниот погон може да поттикне емоции. Тоа би можело да се случи во идниот ASX. Неговиот старт е планиран за 2019 година, верзија со електричен погон ќе се нуди покрај обичните моделски изведби.

Subaru VISIV Concept

Во Subaru уште не е донесена струја. Тука повеќе сакаат да работат на своите боксер мотори, на симетричен погон на сите тркала и на триумфите во светското рели. Оваа техника е вградена во студијата VIZIV Performance Concept. Спортското купе е скроено по традиционална мустра, но во секој случај изгледа помодерно и полуто од постоечките сериски модели на марката.

Toyota Tj Cruiser

Генијална идеја, којашто светот уште ја нема осознено како таква, претставува концептот TJ Cruiser под знакот на Toyota. Возилото може да се сфати како спој на каросерија на ван и нос на теренец. Сите површини околу кабината се изведени совршено рамно, намерата е на тој начин да се извлече максимум простор. Сериско производство уште не се спомнува. Можеби сé е веќе јасно. FJ Cruiser не се произведува неколку години, пазарот бара соодветна замена за оригинално конципираниот теренец.

mazda vision coupe

Класична елеганција се служи на штандот на Mazda. Студијата на петметарска купе-лимузина со погон назад привлече најмногу внимание меѓу публиката на Токио Мотор Шоу. Mazda тврди дека дел од дизајнерските решенија би можеле да се најдат кај следната генерација на Mazda 6. Но, погонот назад, а особено името Vision Coupe, укажуваат на друго. Дали можеби зад оваа елегантна лимузина со визуелно потиснати задни врати се крие наследникот на RX8?

mazda kai concept

Кај втората студија со име Kai е многу појасно дека во неа се крие новата Mazda 3, чијашто премиера се очекува кон крајот на следната година, а почетокот на продажбата веќе во првото тромесечје од 2019.

Toyota Century

Покрај сета оваа футуристичка сцена на Токио Мотор Шоу, традицијата сепак не се одминува. Toyota ја претстави новата генерација на најпрепрезентативната јапонска лимузина, Century. Место дванаесетцилиндарец, под хаубата сега работи хибриден V8, а целото возило всушност ја користи платформата од Lexus LS. Во кабината се поставени завеси, седиштата се обложени со скапоцено платно место кожа, основните форми и изработката се во класичен стил. Фино. Но, достапно е само за Јапонија и специјално за јапонскиот император Акихито.


Like it? Share with your friends!

156
119 shares, 156 points
djakonov

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730