163
21 shares, 163 points

Како и вообичаено, на списокот на кандидати за светски автомобил доминираат германски, јапонски и американски модели. За изборот решаваат 66 експерти од 21 држава.

Марката Volkswagen, која во минатите години има освоено повеќе награди од кој било друг производител, не успеа да се пласира во списокот на кандидати за 2014 година. Меѓу другото, Volkswagen Golf е минатогодишен победник на изборот. Затоа, пак, посестринските компании Audi, Seat и Skoda не отсуствуваат со своите новитети во најголемиот и најрелевантен избор на автомобил на планетава.

Првиот круг гласања за светски автомобил на годината ќе се одржи на 4-ти февруари. Жирито е составено од 66 врвни експерти за автомобилизам од 21 држава. Победникот за 2014 година ќе биде познат на Салонот во Њујорк, кој е закажан за април следната година. Кој е вашиот фаворит?

Кандидати за светски автомобил на 2014 година

  1. Acura MDX
  2. Audi A3
  3. BMW серија 2
  4. BMW серија 4
  5. BMW i3
  6. Cadillac CTS
  7. Chevrolet Impala
  8. Citroen C4 Picasso
  9. Fiat 500L
  10. Ford EcoSport
  11. Ford Fusion /Mondeo
  12. Hyundai i10
  13. Hyundai Santa Fe
  14. Infiniti Q50
  15. Jeep Cherokee
  16. Kia Soul
  17. Kia Carens/Rondo
  18. Lexus IS
  19. Mazda3
  20. Mercedes-Benz GLA
  21. MINI
  22. Opel Cascada
  23. Peugeot 308
  24. Skoda Octavia
  25. Seat Leon
  26. Subaru Forester
  27. Toyota RAV4
  28. Toyota Corolla

Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

163
21 shares, 163 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *