Техника

Технологија на Volvo ја смалува потрошувачката за 25 проценти

Механичкиот систем за искористување на енергијата при сопирање на Volvo ја смалува потрошувачката на гориво. Системот е евтин, лесен и докажан и во Формула 1.

Volvo ја тестираше во реални услови таканаречената техника на замавник за смалување на потрошувачката. Во комбинација со четирицилиндарски бензинец со турбо натполнење, оваа техника овозможува намалување на потрошувачката на гориво за 25 проценти во споредба со шестцилиндарски турбо мотор со истата моќност. Со краткотрајното ослободување на дополнителни 80 КС, четирицилиндарецот повлекува исто толку моќно колку шестцилиндарец.

Системот познат како KERS (Kinetic Energy Recovery Sistem – кинетички систем за повраток на енергијата) со замавник, дејствува на задната оска. Кога возилото забавува, енергијата што се ослободува при сопирањeто го забрзува замавникот до 60.000 вртежи во минута. При поаѓање или забрзување, ротирачкиот замавник ја спроведува акумулираната енергија до задните тркала преку специјален преносник. За време на сопирањето се исклучува моторот, кој инаку ја пренесува моќта до предните тркала.

Бидејќи замавникот се задвижува при сопирањето и акумулирањето на енергијата од сипирањето е ограничена на периодот додека трае ротирањето, системот постигнува најголема ефикасност во работата во услови на градски сообраќај, со постојано сопирање и забрзување. Покрај тоа, со краткотрајната испорака на дополнителни 80 КС се подобруваат и перформансите. Тест возилото Volvo S60, со оваа техника забрзува за само 5,5 секунди до темпо 100.

Техниката на замавник се тестираше уште во 1980-те години во Volvo 260. Повеќето производители во минатото тестираа со замавник од челик. Поради тоа што овие замавници се релативно масивни и тешки и поседуваат ограничен капацитет за ротирање, тестирањата не ги потврди очекувањата. Замавникот што го тестира Volvo е изработен од карбон, тежок е само шест килограми и има прчник од 20 сантиметри. Покрај тоа, карбонскиот замавник се движи во вакуум, со цел загубите од триењето да се сведат на колку е можно помала мера.

Tags

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730