94
14 shares, 94 points

Дизајнот не бил толку нераздвоен дел од традицијата на Mercedes. Откако се ослободи од стегите на класиката, марката со ѕвездата се впушти во нов живот. И купувачите заедно со неа.

Малечкиот брат на стилската авангарда CLS е далеку од анонимус на автомобилската сцена. Медиумите се возбудуваа околу секој чекор на доаѓањето на CLA на свет: Прво околу идејните нацрти, кои секогаш некако „случајно“ исчезнуваат од дизајнерските одделенија на автомобилските куќи, потоа околу првите фотографии на маскираните прототипи на тестирање на Нирбургринг, па околу најавата дека новото братче на купе-лимузината на Mercedes ќе добие верзија AMG со спектакуларно динамично подвозје и погон на сите тркала, па околу салонската премиера на концептниот автомобил, премиерата на серискиот модел… Веројатно не постои човек од која било возрасна група или група на интерес што немаше чуено за CLA.

Слична еуфорија се случуваше пред петнаесетина години, кога стартуваше класата А. Со таква покриеност, некој друг автомобил веќе ќе здодееше уште пред да се појави на улица. А, волшебството штотуку следува. Колку човек и да верува дека ја познава секоја линија и секоја облина на каросеријата на CLA, кулминацијата следува дури откако малечката купе лимузина за прв пат ќе се здогледа на улица, со регистарски таблички, подготвена за возење.

CLA зрачи со стилски раскош со кој нема да се изгуби ниту покрај SLS AMG

За тест возењата на новиот модел, Мак Аутостар состави примерок на CLA кој би го преобратил и најзакоравениот традиционалист на Mercedes. Со бела каросерија, со надворешен пакет AMG, со темен стаклен покрив, кој прави белото на каросеријата да биде уште побело, со бандажи AMG од 18 инчи и дифузор со две издувни цевки интегрирани во дифузорот … CLA изгледа огромен. Тука не важи за димензиите, колку што важи за стилот. Купе лимузината изведена од серијата А и неколку сантиметри подолга од класичната лимузина од класата С, го распростира стилот толку широко околу себе што нема да се изгуби ниту ако покрај неа се паркира SLS AMG или можеби и нeкое Lambo.

Машина за возење со срце и уживање со душа

Внатрешноста импресионира уште поубедливо, тука може директно на сопствената кожа да се почувствува CLA. Уште посилно ако се работи за CLA со поттикнувачите на автомобилските страсти од AMG: Трикрак волан, перфориран во делот за држење и со црвена опшивка, инструменти со сребрена подлога, спортски педали од благороден челик со гумени нитни, црн таван, плочки на праговите со осветлување, патосници со натпис AMG. Сето тоа чини близу 3.000 евра, но вреди за секое евро. Вистина, разумот тешко се задржува покрај оваа машина за возење со срце и уживање со душа.

Моторот одушевува со моќното повлекување од ниски вртежи

Копче за старт отсуствува и тоа може да биде мал пропуст во сета оваа визуелна најава за капацитетите на купе-лимузината. Тестираниот модел со 2,1-литарски дизел со два турбокомпресора и 170 КС стандардно доаѓа со седумстепен менувач со двојна спојка. Рачката на менувачот е педантно сместена горе на управувачкиот столб, таму каде што новакот во Mercedes ќе ги бара бришачите. Малку присетување следува и за функциите кои што се сведени на левата рачка на воланот. Паркирната сопирачка се активира ново-класично за Mercedes, лево од воланот, без педалот.

Моторот се јавува со тивок звук, кој при посилно забрзување преоѓа во поостар и метален тон. Тоа не е ништо ново, звукот е истиот како во бездруго секој друг Mercedes со овој мотор, а го има дури и во класата S со моќност од 204 КС, но овојпат се чувстува недоволно артикулирано, покрај благородните ноти во ентериерот на CLA. Впечатокот минува за брзо време и увото се привикнува на звукот, тоа е сепак една од целите на долготрајното тестирање на Mercedes. Паричникот, пак, се привикнува уште побрзо. Нема причина за паника, бензинците од 1,6 литар се технички бисери и се повеќе од вредна алтернатива за дизелот – секако, се работи само за субјективен впечаток.

Менувачот со двојна спојка нуди висок комфор за возачот

Својствено за менувачите со двојна спојка, потребно е извесно време додека менувачот сфати дека треба да издејствува поаѓање на возилото по префрлувањето во програмата за возење, но затоа, кај овој 7G-DCT отсуствува чувството како кај другите менувачи од неговата сорта како назад постојано да се влече приколка кога се вози со ниски вртежи. Погонската спрега функционира беспрекорно, моќта на моторот се ослободува рамномерно и во релативно широко работно подрачје, менувачот секогаш враќа доволно ниско при притискање на педалот за гас до крај, а во редовни услови на возење менува меко и неприметно, небаре се работи за генијалниот 7G-Tronic.

Наспроти култивираната работа во нормалната програма на возење, менувачот почнува да се однесува како младо ждребе кога прекинувачот во средишната конзола ќе се префрли во спортската програма. Во некои ситуации погонот иницира силно моторно сопирање, иако нема причина од толкав интензитет, во некои други ситуации менувачот без потреба префрлува во понизок степен… Спортската програма сепак повеќе е работа на возачот отколку на менувачот и во неа тој треба сам да ги преземе работите во раце, со палките за менување зад воланот. Тогаш возењето веќе почнува да наликува на спортско.

CLA е исто толку динамичен колку класата A

Подвозјето нема проблеми да ги поткрепи тркачките амбиции на возачот. Купе лимузината лежи беспрекорно, неконтролирано лизгање на опашот не може да се провоцира ниту со нагло сопирање во брз свијок, меѓу другото и поради будната работа на контролата на стабилноста. Управувањето е прецизно и директно, возачот во секое време има целосна претстава каде точно се наоѓа во широкото подрачје на стабилност. Иако подвозјето реагира стегнато, особено во изведба AMG, со спуштени пружини, каросеријата не ги допира граничниците ниту на груби нерамнини при брзо темпо во свијок. CLA е исто толку динамичен како класата А, а тоа значи, врв во сегментот.

Практичните вредности се како кај купе

Во поглед на вредностите во секојдневието, CLA е повеќе купе отколку лимузина. Над главата останува помалку слободен простор отколку на задната клупа на лимузината од класата С, додека во поглед на просторот за колена владее еднаквост. Поради раното спуштање на линијата на покривот, за да се изведе купеовскиот лак, главата треба да се поднаведне пред седнувањето назад.

Возачот и совозачот се ослободени од неопходноста да му оддадат почит на возилото на таков начин и уживаат во просторна комоција која што е вообичаена за класата. Багажникот исто така е на ниво на класата С, но има ограничувања при товарање на повеќе крупни куфери поради тесниот отвор и закосениот долен раб. Тоа секако не ја намалува ниту попречува вредноста на CLA.

CLA има отворен дух кон светот, неговата појава на улица е како насмевка на девојка од насловната на Playboy
CLA има отворен дух кон светот, неговата појава на улица е како насмевка на девојка од насловната на Playboy

Околу цените: Моделот од почетокот на понудата, CLA 180, е 6.020 евра поскап од A 180, а во исто време е 4.010 евра поевтин од C 180. Тоа би било некаде околу златната средина. Конкретниот модел на тестот чини 38.900 евра во стандардна изведба и со тоа излегува поскап за 1.190 евра од класичниот C 220 CDI, но тука мора да се има во предвид тоа што менувачот со двојна спојка следува како стандард во CLA 220 CDI.

Во поглед на опремата се почитува повисокиот статус на купеата во поглед на лимузините. CLA 220 CDI доаѓа стандардно со алу бандажи од 17 инчи, седишта во комбинација од вештачка кожа и платно, радио со команди на волан и блутут, темпомат, мануелен клима уред, електрика на сите прозорци, предупредување при пречка на патот, систем за следење на заморот на возачот, контрола на стабилност со задржување на нагорнина и седум воздушни перници. Кој е подготвен за забава, а тоа значи подготвен за дебела доплата, на списокот на дополнителна опрема ќе најде интересни ставки како интелигентни светла, задни светла со светлечки диоди, панорамски покрив, озвучување од Harman Kardon, радарски темпомат со самостојно сопирање, пристап на интернет, камера за рикверц… ценовникот е вообичаено долг за Mercedes, 48 страници.

[box type=”shadow” ]Повеќе со срце, помалку со разум

CLA не е алтернатива на класата А, ниту е подобрата класа А, туку е едноставно купе-лимузина, која што во однос на својот технички донатор е исто што и CLS во споредба со класата Е. Како купе лимузина, CLA настапува со попрефинети детали во дизајнот, изработката и обемот на опремата и повеќе е ориентирана кон купувачите што избираат со срце, а помалку со разум, односно кон купувачи што посветуваат помалку внимание на секојдневната практичност и функционалност. Како автомобил, CLA нуди врвна динамика и спортско чувство за возачот, во спој со современа и штедлива техника, и секако, со традиционалните вредности на Mercedes. [/box]

[box type=”success” ]

  • Освојувачки визуелен настап
  • Висока динамика на возење
  • Моќен и штедлив мотор [/box]

[box type=”error” ]

  • Ограничена искористливост на багажникот
  • Менувачот со двојна спојка реагира нервозно во спортската програма
  • Малку слободен простор над глава на задната клупа [/box]

Технички податоци
Mercedes-Benz CLA 220 CDI 7G-DCT

Мотор Дизел, 4 цилиндри
Менувач 7 степени, менувач со двојна спојка
Работна зафатина [cm3] 2143
Моќност во КС при min-1 170 / 3400-4000
Вртежен момент во Nm при min-1 350 / 1400 – 3400
Забрзување 0-100 km/h [s] 8,2
Крајна брзина [km/h] 230
Димензии на гуми напред/назад 205/55 R 16
Потрошувачка град/пат/просек [L/100 km] 5,3/3,6/4,2
Резервоар [L] 50
Тежина на празно возило [kg] 1525
Дозволена тежина [kg] 2005

[nggallery id=58]


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

94
14 shares, 94 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730