93
14 shares, 93 points

Возењето Seat Leon е како преоѓање во безтежинска состојба. Олеснувањето за стотина килограми ги направи традиционалните вредности уште повредни. Единствено што остана неолеснето е паричникот. Шпанскиот компакт почнува од 14.000 евра.

На многу луѓе им е важно да се издвојуваат во масата, да бидат впечатливи во нивната појава. Некои го постигнуваат тоа преку начинот на облекување, други преку фрузирата, некои трети можеби преку автомобилот. Вклучувањето на магленките по градските улици не е ништо друго туку манифестација на овој нагон. На другите тоа не им е секогаш вкусно. Тие што не можат да го разберат овој природен нагон, настрана од полицијата што обично треба да го казнува ваквото однесување, сметаат дека возењето со магленки е малограѓанско.

Единствен компакт со диодни светла за сите функции на осветлување

За среќа, овој наш свет на четири тркала постојано се менува, се усовршува. Драги дами и господа што сакате да бидете забележани, магленките се аут, на сцена стапуваат светлечките диоди! Нема повеќе осудување од средината што не прифаќа дека сте подобри од нив. Со доплата од 1.400 евра, Seat Leon е единствен во компакт класата што за сите функции на осветлување ги користи трендовските светлечки диоди. Овие диоди што формираат рамка околу предните светла и функционираат како дневно светло се дел од пакетот кој го заокружува визуелниот настап на целото возило. Leon изгледа толку остро и цврсто што кога неговите линии ќе се препознаат во ретровизорот, единствено што може да следува е инстинктивно повлекување настрана, бегање како од жилет. Диодните светла се како сјај на врвот на остар нож.

Олеснувањето за 90 килограми е најголем напредок по TDI

 

И тоа е напредокот? Целата суштина во појавувањето на новиот Leon се неговите диодни светла? Секако дека не. Шпанскиот компакт ја користи платформата од актуелниот Golf. Тоа значи дека Leon се повикува на модуларната платформа, моментно една од најсовршените технички основи на браншата, и исто така значи дека е полесен од претходникот. Смалувањето на тежината на возилото е најголемиот напредок што се има случено во последните неколку децении, веројатно најголем по TDI. Со воведување нова генерација на мотори, измислување нови системи за штедење, дотерување на аеродинамиката до последното коше, сé заедно не ќе постигнеше толкав ефект како одземањето стотина килограми од возилото.

Пробуваш да чекориш, а ти всушност скокаш

Чувството по седнувањето зад воланот на Leon е веројатно исто како кога првите астронаути се имаат најдено на Месечината, во услови на послаба гравитација, кога и најмалиот напор има многу побурен ефект отколку на Земјата. Пробуваш да чекориш, а ти всушност скокаш.  Со 105 КС на тестот, Leon 1.6 TDI сега полесно ги завршува задачите. Забрзувањето до сто трае една секунда покусо, односно 10,7 секунди, додека крајната брзина е подобрена за 7 километри на час и сега изнесува 192 km/h. Тоа е најочигледниот пример за ефектот од олеснувањето во новата генерација на компактот на Seat.

Некои работи не може јасно да се изразат во бројки, но затоа може да се почувствуваат. На пример, комфорното чувство во возењето, или леснотијата со која што Leon го менува правецот, без разлика на темпото. Сосема е јасно од каде произлегува тоа. Амортизацијата во претходните генерации постојано се оптимираше да ги издржува сé поголемите тежини, односно оптоварувањата во возењето – секоја нова генерација беше поголема и потешка. Истото важи и за водењето на тркалата. И замислете дека некој одненадеж ви симнува стотина килограми баласт од грбот. Сé е полесно. Буквално се лета.

Минимална потрошувачка од 3,3 литри во реални услови

Тоа што најмногу нé интересира во овие денови и што уште повеќе ќе нé интересира во иднина е секако потрошувачката на гориво. При рута од 350 километри од Скопје до Гевгелија, на одење побрзо по автопат, на враќање побавно по спореден пат, дизелот на Leon пријави просек од 3,3 литри на сто километри! Исто колку што декларира и фабриката. На подинамичните тури, потрошувачката остана на петка пред запирката. Во секојдневни услови на возење, просекот се движи околу пет литри гориво, што е повеќе од литар заштеда на сто километри во споредба со претходникот. Или поинаку: Со сто килограми помалку на грб, ефектот е ист како во Leon да е додаден хибриден погон, само што тој се добива бесплатно.

Подобро искористување на просторот со новата платформа

И зад вратите е подобрувано во секое подрачје. Повисоките патници на задната клупа повеќе нема да се жалат дека таванот им ја расипува фрузирата, а исто и на предните седишта не може да се најде забелешка за просторната понуда, особено покрај хоризонталната ориентација на кокпитот што дополнително го засилува просторното чувство. Кабината пораснала во секој правец.

Нов правец се забележува и во стилската ориентација во внатрешноста. Во прекинувачите на воланот и во дисплеите за прикажување на резервата од гориво и на температурата на моторот се препознаваат елементи од Audi. Стилот на кокпитот се разликува од претходникот. Место спортска нота, новакот повеќе сака да се профилира како стилска авангарда. Со прецизното групирање на различните функционални елементи на врвот на средишната конзола, дизајнерите на Seat нé присеќаат на совршенството на едноставноста на скандинавскиот стил, на шведските лимузини.

Да произведуваа автомобилџиите мобилни телефони, iPhone немаше да постои

Најголемото изненадување во ракувањето на Leon: Со години, средишниот дисплеј, дури и во повисоките класи возила го прикажуваше местењето на клима уредот, но не овозможуваше и директна контрола преку дисплејот. Кај компактниот Seat, конечно може со фунциите на климата да се ракува преку дисплејот. На тој начин погледот повеќе не мора да се спушта кон класичните прекинувачи, туку се дрижи повисоко, блиско до правецот на гледање при возење. Тоа е уште еден пример за лошиот дијалог на автомобилџиите со производителите на електроника. Тие да произведуваа мобилни телефони, светот на iPhone уште немаше да постои.

Практичноста во Leon: Golf мора да остане заштитен … и Leon ST

Во поглед на возните квалитети и изработката, никоја генерација на Leon не била толку блиску до Golf. Но, матицата на компактите на концернот Volkswagen мора да остане заштитена. Така се објаснува фактот што неколку подрачја во функционалноста на Leon остануваат недоречени. Дополнително, тука е за бранење и позицијата на новитетот во моделската понуда на Шпанците, комбито ST, кое сепак мора да нуди нешто повеќе во функционалноста, освен поголемиот простор за багаж. Во споредба со претходникот, третата генерација на Leon има 39 литри повеќе простор во багажникот и со 380 литри постигнува мошне пристојни вредности. Но, проблем е високиот товарен праг, преку кој мора да се качат куферите при товарање, како и нерамниот под по соборувањето на клупата, кој оневозможува тешките предмети да лизгаат полесно по подот.

Специјална понуда: Старт од 13.970 евра

Кај цените, шпанската марка останува верна на традицијата. Во Seat по правило се добиваат богата сериска опрема и достапни цени на дополнителната опрема. Стартот со актуелната специјална понуда е од 13.970 евра за бензинскиот модел со 1.2 TSI со 86 КС и опрема што вклучува апетитни ставки, како автоматски клима уред и напреден аудио систем со дисплеј на допир. Тоа се најмалку 1.000 евра под цената на споредлив Golf, без пречистување на плусот во опремата што го имаат Шпанците.

Според официјалниот ценовник, без специјалниот попуст, тестираниот 1.6 TDI чини 19.790 евра и во нивото Style нуди дополнително над основното ниво електронска блокада на диференцијал и помош при поаѓање на нагорнина, систем за препознавање замор, алу-бандажи од 16 инчи, греење и собирање на ретровизори, паркинг сензори напред и назад со оптички приказ, темпомат и уште неколку комфорни и стилски ставки – сето тоа со доплата од 1.300 евра над Reference. На тој начин, во повисокото ниво на опрема се постигнува уште поголема противвредност отколку во основното ниво.

[tabs type=”horizontal”][tabs_head][tab_title]СЕРИСКА ОПРЕМА ВО STYLE[/tab_title][tab_title]ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА ЗА STYLE (цени во евра)[/tab_title][/tabs_head][tab]7 воздушни перници, контрола на стабилност, контрола на притисок во гуми, блокада на диференцијал, задржување на нагорнина, препознавање замор кај возачот, алу бандажи од 16 инчи, магленки, централна брава со далечинска команда, електрика на сите прозорци, електрика на ретровизори со греење и собирање, паркинг сензори напред и назад, автоматика на светла и бришачи, автоматски клима уред со две зони, радио со дисплеј на допир, темпомат, амбиентално осветлување, лумбално местење на возачко седиште, фиока под предните седишта, мултифункциски волан обложен со кожа[/tab][tab]Странични воздушни перници назад 360, систем за следење лента и асистенција за долги светла 380, аларм 340, дополнително затемнети задни стакла 240, панорамски покрив 850, металик лак 400, алу бандажи од 17 инчи 450, диодни светла за сите функции 1400, греење на седишта и на прскалки за стакло 475, кожени седишта 1886, спортски седишта со алкантара 886[/tab][/tabs]


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

93
14 shares, 93 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743