122
18 shares, 122 points

На последното тестирање на германското здружение за техничка контрола се најдоа 12 производи за чистење на бандажите. Повеќето од тестираните средства за чистење бандажи постигнуваат подобар ефект отколку миење во автоматска перална. Секако дека постојат и производи со незадоволителна ефикасност.

Деновите стануваат покуси, ноќите постудени. Време е летните гуми да се заменат со зимски гуми. Возачите што своите автомобили ги гледаат како миленичиња на четири тркала нема да ги остават тркалата да стојат неисчистени во гаража. Откако „летните тркала“ ќе се демонтираат, тоа е одлична можност бандажите да се исчистат темелно не само од надворешната, туку и од внатрешната страна.

Во текот на летната сезона таму се наталожил тврокорен талог од улична нечистотија, маст и честички од абењето на сопирачките, гумите и металните делови. Со користење црево, четка и обично средство за чистење не се постигнува многу. Запечената нечистотија се отстранува тешко и во автоматските или рачните авто-перални.

Многу подобри резултати се постигнуваат со специјално средство за чистење бандажи. Овие производи го враќаат првобитниот сјај на скапите бандажи, без вложување премногу напор и без оштетување на материјалот. Германското здружение за техничка контрола во последното тестирање стави на проба 12 производи. Целта беше да се провери дали се исплатува користењето средство за чистење на бандажите и дали се постигнуваат ефектите што ги ветуваат производителите.

Победник на тестот е Dr. Wack P21S Power Gel, со мала предност пред Sonax Xtreme и Tuga Chemie Alu-Teufel. Сите три производи добија највисока препорака. Останатите производи според резултатите на тестот се: Liqui Moly Spezial, Seitronic ST1 и Armor All Shield. Седмото место му припаѓа на Nigrin Performance Evo Tec, осмото на Aral Profi Pflege, на деветото место следи Kärcher Car & Bike 3 in 1. Овие средства добија обична препорака.

Поради неколку пропусти во практичноста, средствата Trinova Wheel Cleaning Gel и Meguiar‘s Hot Rims се најдоа на десеттото и единаесеттото место, со условна препорака. Последното место на тестот му припаѓа на средството RS 1000, коешто не постигнува задоволително чистење. Поради тоа, ова средство не доби препорака на тестот.

Силни киселини и алкални состави не се користат во актуелните средства за чистење бандажи

Повеќето од средствата за чистење бандажи постигнуваат задоволителни резултати. Тоа важи и за составот на овие средства. Силни киселини или алкални средини повеќе не се среќаваат во составот. Dr. Wack P21S Power Gel и Tuga Chemie Alu- Teufel докажуваат дека отсуството на киселини не ја намалува ефикасноста на чистењето. Средството едноставно се прска врз бандажите, се остава да дејствува, се плакне со млаз и готово. Бандажите потоа светат како нови.

Производите што добија само обична препорака оставаат малку нечистотија на бандажите, но и таа се отстранува со рачно бришење со крпа. Кај производите со условна препорака е потребно значително повеќе доработка. Средството RS 1000 постигнува задоволителни резултати во поглед на неговата компатибилност со материјалите и во практичноста, но ефикасноста на чистењето е незадоволителна.

[tie_slideshow]

[tie_slide]

1-во место: Dr. Wack P21S Power Gel

Dr. Wack P21S Power Gel

Поглавје · Ефикасност на чистење

Вкупно 238 од 250 бодови

Препорачано време на дејствување

3 до 5 минути

Потреба од доработка по чистењето

238 од 250

Поглавје · Подносливост со материјали

Вкупно 98 од 125 бодови

Алу-бандажи

25 од 25

Пластика

5 од 25

Пластика по механичка доработка

18 од 25

Каросериски лак

25 од 25

Каросериски лак по механичка доработка

25 од 25

Поглавје · Практичност

Вкупно 91 од 100 бодови

Упатство и ознаки

25 од 25

Заптивање

25 од 25

Прскање и дозирање

18 од 25

Лесно држење

23 од 25

Поглавје · Цена

Вкупно 10 од 25 бодови

Краен резултат

ВКУПНО 437 од 500 бодови

[/tie_slide]

[tie_slide]

2-ро место: Sonax Xtreme Alloy Cleaner Plus

Sonax Xtreme Alloy Cleaner Plus

Поглавје · Ефикасност на чистење

Вкупно 250 од 250 бодови

Препорачано време на дејствување

2 до 4 минути

Потреба од доработка по чистењето

250 од 250

Поглавје · Подносливост со материјали

Вкупно 98 од 125 бодови

Алу-бандажи

25 од 25

Пластика

3 од 25

Пластика по механичка доработка

23 од 25

Каросериски лак

25 од 25

Каросериски лак по механичка доработка

25 од 25

Поглавје · Практичност

Вкупно 68 од 100 бодови

Упатство и ознаки

23 од 25

Заптивање

25 од 25

Прскање и дозирање

10 од 25

Лесно држење

10 од 25

Поглавје · Цена

Вкупно 10 од 25 бодови

Краен резултат

ВКУПНО 429 од 500 бодови

[/tie_slide]

[tie_slide]

3-то место: Tuga Chemie Alu-Teufel Spezial

Tuga Chemie Alu-Teufel Spezial

Поглавје · Ефикасност на чистење

Вкупно 238 од 250 бодови

Препорачано време на дејствување

3 до 5 минути

Потреба од доработка по чистењето

238 од 250

Поглавје · Подносливост со материјали

Вкупно 73 од 125 бодови

Алу-бандажи

25 од 25

Пластика

3 од 25

Пластика по механичка доработка

0 од 25

Каросериски лак

20 од 25

Каросериски лак по механичка доработка

25 од 25

Поглавје · Практичност

Вкупно 93 од 100 бодови

Упатство и ознаки

25 од 25

Заптивање

25 од 25

Прскање и дозирање

23 од 25

Лесно држење

20 од 25

Поглавје · Цена

Вкупно 20 од 25 бодови

Краен резултат

ВКУПНО 424 од 500 бодови

[/tie_slide]

[tie_slide]

4-то место: Liqui Moly Wheel Cleaner Special

Liqui Moly Wheel Cleaner Special

Поглавје · Ефикасност на чистење

Вкупно 200 од 250 бодови

Препорачано време на дејствување

5 до 7 минути

Потреба од доработка по чистењето

200 од 250

Поглавје · Подносливост со материјали

Вкупно 90 од 125 бодови

Алу-бандажи

25 од 25

Пластика

5 од 25

Пластика по механичка доработка

25 од 25

Каросериски лак

20 од 25

Каросериски лак по механичка доработка

15 од 25

Поглавје · Практичност

Вкупно 79 од 100 бодови

Упатство и ознаки

23 од 25

Заптивање

25 од 25

Прскање и дозирање

18 од 25

Лесно држење

13 од 25

Поглавје · Цена

Вкупно 25 од 25 бодови

Краен резултат

ВКУПНО 394 од 500 бодови

[/tie_slide]

[tie_slide]

5-то место: Seltronic ST1 Wheel Cleaner

Seltronic ST1 Wheel Cleaner

Поглавје · Ефикасност на чистење

Вкупно 200 од 250 бодови

Препорачано време на дејствување

2 до 3 минути

Потреба од доработка по чистењето

200 од 250

Поглавје · Подносливост со материјали

Вкупно 105 од 125 бодови

Алу-бандажи

25 од 25

Пластика

10 од 25

Пластика по механичка доработка

25 од 25

Каросериски лак

20 од 25

Каросериски лак по механичка доработка

15 од 25

Поглавје · Практичност

Вкупно 68 од 100 бодови

Упатство и ознаки

23 од 25

Заптивање

25 од 25

Прскање и дозирање

10 од 25

Лесно држење

10 од 25

Поглавје · Цена

Вкупно 18 од 25 бодови

Краен резултат

ВКУПНО 391 од 500 бодови

[/tie_slide]

[tie_slide]

6-то место: Armor All Shield High Performance Wheel Cleaner

Armor All Shield HP Wheel Cleaner

Поглавје · Ефикасност на чистење

Вкупно 225 од 250 бодови

Препорачано време на дејствување

5 минути

Потреба од доработка по чистењето

225 од 250

Поглавје · Подносливост со материјали

Вкупно 81 од 125 бодови

Алу-бандажи

25 од 25

Пластика

0 од 25

Пластика по механичка доработка

23 од 25

Каросериски лак

13 од 25

Каросериски лак по механичка доработка

20 од 25

Поглавје · Практичност

Вкупно 71 од 100 бодови

Упатство и ознаки

20 од 25

Заптивање

25 од 25

Прскање и дозирање

13 од 25

Лесно држење

13 од 25

Поглавје · Цена

Вкупно 10 од 25 бодови

Краен резултат

ВКУПНО 387 од 500 бодови

[/tie_slide]

[tie_slide]

7-мо место: Nigrin Performance Evo Tec

Nigrin Performance Evo Tec

Поглавје · Ефикасност на чистење

Вкупно 150 од 250 бодови

Препорачано време на дејствување

До промена на боја

Потреба од доработка по чистењето

150 од 250

Поглавје · Подносливост со материјали

Вкупно 66 од 125 бодови

Алу-бандажи

25 од 25

Пластика

8 од 25

Пластика по механичка доработка

23 од 25

Каросериски лак

10 од 25

Каросериски лак по механичка доработка

0 од 25

Поглавје · Практичност

Вкупно 83 од 100 бодови

Упатство и ознаки

18 од 25

Заптивање

25 од 25

Прскање и дозирање

20 од 25

Лесно држење

20 од 25

Поглавје · Цена

Вкупно 13 од 25 бодови

Краен резултат

ВКУПНО 312 од 500 бодови

[/tie_slide]

[tie_slide]

8-мо место: Aral Profi Care

Aral Proifi Care

Поглавје · Ефикасност на чистење

Вкупно 88 од 250 бодови

Препорачано време на дејствување

10 до 15 минути

Потреба од доработка по чистењето

88 од 250

Поглавје · Подносливост со материјали

Вкупно 98 од 125 бодови

Алу-бандажи

25 од 25

Пластика

0 од 25

Пластика по механичка доработка

23 од 25

Каросериски лак

25 од 25

Каросериски лак по механичка доработка

25 од 25

Поглавје · Практичност

Вкупно 78 од 100 бодови

Упатство и ознаки

20 од 25

Заптивање

25 од 25

Прскање и дозирање

20 од 25

Лесно држење

13 од 25

Поглавје · Цена

Вкупно 18 од 25 бодови

Краен резултат

ВКУПНО 282 од 500 бодови

[/tie_slide]

[tie_slide]

9-то место: Karcher Car & Bike 3 in 1

Karcher Car & Bike 3 in 1

Поглавје · Ефикасност на чистење

Вкупно 88 од 250 бодови

Препорачано време на дејствување

До промена на боја

Потреба од доработка по чистењето

88 од 250

Поглавје · Подносливост со материјали

Вкупно 106 од 125 бодови

Алу-бандажи

25 од 25

Пластика

8 од 25

Пластика по механичка доработка

25 од 25

Каросериски лак

25 од 25

Каросериски лак по механичка доработка

23 од 25

Поглавје · Практичност

Вкупно 76 од 100 бодови

Упатство и ознаки

18 од 25

Заптивање

25 од 25

Прскање и дозирање

18 од 25

Лесно држење

15 од 25

Поглавје · Цена

Вкупно 10 од 25 бодови

Краен резултат

ВКУПНО 280 од 500 бодови

[/tie_slide]

[tie_slide]

10-то место: Trinova Wheel Cleaning Gel

Trinova Wheel Cleaning Gel

Поглавје · Ефикасност на чистење

Вкупно 125 од 250 бодови

Препорачано време на дејствување

2 минути

Потреба од доработка по чистењето

125 од 250

Поглавје · Подносливост со материјали

Вкупно 75 од 125 бодови

Алу-бандажи

25 од 25

Пластика

5 од 25

Пластика по механичка доработка

20 од 25

Каросериски лак

0 од 25

Каросериски лак по механичка доработка

25 од 25

Поглавје · Практичност

Вкупно 55 од 100 бодови

Упатство и ознаки

10 од 25

Заптивање

25 од 25

Прскање и дозирање

10 од 25

Лесно држење

10 од 25

Поглавје · Цена

Вкупно 10 од 25 бодови

Краен резултат

ВКУПНО 265 од 500 бодови

[/tie_slide]

[tie_slide]

11-то место: Meguiar’s Hot Rims All Wheel & Tire Cleaner

Meguiar’s Hot Rims AWT Cleaner

Поглавје · Ефикасност на чистење

Вкупно 100 од 250 бодови

Препорачано време на дејствување

15 секунди

Потреба од доработка по чистењето

100 од 250

Поглавје · Подносливост со материјали

Вкупно 94 од 125 бодови

Алу-бандажи

25 од 25

Пластика

25 од 25

Пластика по механичка доработка

23 од 25

Каросериски лак

3 од 25

Каросериски лак по механичка доработка

18 од 25

Поглавје · Практичност

Вкупно 54 од 100 бодови

Упатство и ознаки

18 од 25

Заптивање

25 од 25

Прскање и дозирање

8 од 25

Лесно држење

3 од 25

Поглавје · Цена

Вкупно 13 од 25 бодови

Краен резултат

ВКУПНО 261 од 500 бодови

[/tie_slide]

[tie_slide]

12-то место: RS 1800 Rims Cleaner

RS 1800 Rims Cleaner

Поглавје · Ефикасност на чистење

Вкупно 38 од 250 бодови

Препорачано време на дејствување

3 до 5 минути

Потреба од доработка по чистењето

38 од 250

Поглавје · Подносливост со материјали

Вкупно 90 од 125 бодови

Алу-бандажи

25 од 25

Пластика

0 од 25

Пластика по механичка доработка

15 од 25

Каросериски лак

25 од 25

Каросериски лак по механичка доработка

25 од 25

Поглавје · Практичност

Вкупно 63 од 100 бодови

Упатство и ознаки

18 од 25

Заптивање

25 од 25

Прскање и дозирање

10 од 25

Лесно држење

10 од 25

Поглавје · Цена

Вкупно 15 од 25 бодови

Краен резултат

ВКУПНО 206 од 500 бодови

[/tie_slide]

[/tie_slideshow]


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

122
18 shares, 122 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730