117
16 shares, 117 points

Клубот АДАК тестираше 16 актуелни модели на летни гуми наменети за автомобили од компакт класата и 15 модели на летни гуми за популарните теренци. Врвните места им припаднаа првенствено на гумите со добри својства при сопирање на влажна подлога. Експертите на клубот критикуваат за ознаката M+S кај гумите за теренци којашто погрешно може да наведе на заклучок дека овие гуми се наменети и за зимски услови.

На годишното тестирање на летни гуми што го спроведува клубот АДАК овојпат се најдоа гуми со димензија 195/65 R15 за автомобили од компакт класата, како и гуми со димензија 215/65 R16, наменети за популарните теренски автомобили. Една четвртина од гумите го минаа тестирањето со оцена „многу добро“. Нивната најголема предност во споредба со останатите гуми е првенствено во добрите својства при сопирање на влажен пат. Единствена гума што беше оценета со недоволно е Yokohama Geolandar SUV, поради катастрофално лошите резултати во оваа категорија.

Топ 5 гуми за теренци со димензија 215/65 R16 H според тестот на ADAC

Модел

Сув пат

Влажен пат

Бучава

Потрош. гориво

Абење

Крајна оцена

Goodyear Efficient Grip SUV *

2,0

2,0

3,0

2,3

2,0

2,1

+ Гума со мошне избалансирани својства, со најдобра оцена на влажно, добри својства и на сув пат

Cooper Zeon 4XS Sport

2,2

2,5

3,1

2,3

2,5

2,5

+ Со избалансирани својства, добра на сув и на влажен пат

– Малку поизразено абење

Firestone Destination HP

1,7

2,8

3,1

2,1

2,5

2,8

+ Особено добра на сув пат

– Незначителни слабости на влажно, малку поизразено абење

Nokian Line SUV XL 1)

2,1

2,6

3,2

2,8

2,5

2,8

+ Добра на сув пат

– Нешто послаба на влажно во споредба со најдобрите, релативно висока потрошувачка на гориво

Pirelli Scorpion Verde XL 1)

1,9

2,8

3,1

2,1

1,5

2,8

+ Особено добра на сув пат, слабо абење

– Малку послаба на влажно

Гранични вредности за оцени: 0,6-1,5 (одлично), 1,6-2,5 (многу добро), 2,5-3,5 (добро), 3,6-4,5 (доволно), 4,6-5,5 (недоволно)

Врвот меѓу гумите за теренски автомобили им припаѓа на Goodyear EfficientGrip SUV, коишто добија добри оцени за абењето, потрошувачката на гориво и возните својства на сува, односно влажна подлога. Веднаш зад нив се Cooper Zeon 4XS Sport. Најслаби резултати покажаа Michelin Latitude Tour HP. Поради недоволното странично држење при возење по влажен пат, овој модел на летни гуми од реномираната марка е оценет само со „доволно“.

Најголемото изненадување на тестот се гумите од Esa-Tecar

Клубот посочува на ознаката M+S којашто се користи кај голем број модели на летни гуми за теренски автомобили. Оваа ознака погрешно наведува на заклучок дека станува збор за гуми што се наменети за користење по терен, но и дека одговараат за зимски услови (Match + Snow). Во стварноста, гумениот состав на овие пневматици ја губи еластичноста при ниски температури, а тоа значи и дека се несоодветни за возење по кал и снег.

Покрај тоа, крупните ламели оставаат впечаток дека се постигнува подобра тракција. Но, ефектот е токму спротивниот. „Иако постоењето на ознаката M+S ја исполнува законската обврска за користење зимски гуми, кога кај теренец се штеди и не се користат вистински зимски гуми, се влегува во голем ризик“, нагласува Рајнхард Колке, директор на техничкиот центар на АДАК.

Топ 5 гуми за модели од компакт класа со димензија 195/65 R15 V според тестот на ADAC

Модел

Сув пат

Влажен пат

Бучава

Потрош. гориво

Абење

Крајна оцена

Pirelli Cinturato P1 Verde

2,1

2,0

2,9

2,3

1,5

2,1

+ Летна гума со мошне избалансирани својства, особено добра на влажно, релативно слабо абење и ниска бучава

Bridgestone Turanza T001

1,7

2,1

3,4

1,9

2,5

2,2

+ Мошне избалансирани својства, особено добра на сув и на влажен пат, релативно ниска потрошувачка на гориво

Continental Premium Contact 5

1,8

1,9

3,1

2,4

2,5

2,2

+ Гума со мошне избалансирани својства, со најдобра оцена на влажно, добра и на сув пат

Goodyear Efficient Grip Perfor.

1,6

2,1

3,5

1,9

2,5

2,2

+ Гума со мошне избалансирани својства, особено добра на сув пат, добра на влажно, релативно ниска потрошувачка на гориво

Esa-Tecar Spirit 5 HP

2,5

2,3

3,2

2,0

2,5

2,5

Летна гума со избалансирани својства, релативно добра на влажно и во поглед на потрошувачката на гориво, без позначајни слабости

Гранични вредности за оцени: 0,6-1,5 (одлично), 1,6-2,5 (многу добро), 2,5-3,5 (добро), 3,6-4,5 (доволно), 4,6-5,5 (недоволно)

Кај најшироко застапената димензија на гуми за модели од компакт-класата, сите познати марки добија оцена многу добро. Покрај премиум-марките Pirelli, Bridgestone, Continental и Goodyear, во оваа група се најде и евтиниот модел од Esa-Tecar. Ниту една од овие пет гуми не покажа позначајна слабост. Continental особено се издвојува со максималната оцена на мокра подлога. На последното место се најдоа GT Radial Champiro FE1, со оцена доволно, добиена првенствено врз основа на слабостите на влажна подлога.

Деталните резултати од тестирањето можете да ги погледнете во следниве објави:

[mks_col]

[mks_one_half]Тест на летни гуми на клубот АДАК: Димензија 195/65 R15[/mks_one_half]

[mks_one_half]Тест на летни гуми на клубот АДАК: Димензија 215.65 R16 H[/mks_one_half]

[/mks_col]

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

117
16 shares, 117 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743