за ,

Тест на летни гуми на клубот АДАК: Димензија 215/65 R16 H

Највлијателниот автоклуб во Европа секоја година врши обемна серија тестирања на актуелните модели на летни гуми. Само два модела годинава ја добија највисоката препорака од АДАК. Клубот предупредува на ознаката M+S кај некои модели, којашто погрешно наведува на заклучок дека гумите се наменети и за користење во зимски услови.

Клубот АДАК годинава тестираше 15 летни гуми за теренци со димензија 215/65 R16 H. Два модела на гуми со добри перформанси во сите категории добија оцена „многу добро“, единаесет модели покажаа помали или поголеми слабости во еден или повеќе критериуми и поради тоа АДАК ги оцени со „добро“. Еден модел на гума покажа сериозни слабости на влажно и тестирањето го мина со оцена „доволно“, додека една од тестираните гуми има толку лоши својства на влажен пат што не доби ниту преодна оцена од клубот. Шест од тестираните летни гуми се означени со M+S, што само два модела го оправдаа, покажувајќи задоволително сопирање и тракција на снег.

Петнаесет летни гуми за компактни теренци

Повеќето модели на гуми располагаат со стандарден индекс на носивост 98, а два модела со зајакната каркаса носат индекс на носивост 102. За тестирањето на 15-те гуми послужи Volkswagen Tiguan. Гуми од марките Continental и Dunlop отсуствуваат на овој тест, затоа што понудените модели од овие производители не се вклопуваат целосно во изборот на останатите гуми за лесни теренски возила. Оние модели што доаѓаат в предвид се или релативно стари или се повеќе наменети за теренско возење.

Два модела на гуми се оценети со „многу добро“, на единаесет модели клубот им ја додели оцената „добро“, додека по еден модел е оценет со „доволно“, односно „недоволно“.

Две гуми со оцена „многу добро“, единаесет гуми со „добро“

Во водечката група со избалансирани својства во сите критериуми и оцена „многу добро“ се најдоа Goodyear EfficientGrip SUV и Cooper Zeon 4XS Sport. Обете гуми не покажуваат слабости во ниту еден од релевантните критериуми.

Групата на гуми со просечни својства и со оцената „добро“ опфаќа единаесет модели. Таа се состои од следните модели (редослед според крајната оцена, почнувајќи од најдобрите кон послабите):

  • Firestone Destination HP
  • Nokian Line SUV
  • Pirelli Scorpion Verde
  • Semperit Comfort-Life 2 SUV
  • Uniroyal Rain Expert 3 SUV
  • Barum Bravuris 4×4
  • General Grabber GT
  • Apollo Apterra H/P
  • Hankook DynaPro HP2 (RA33)
  • BF Goodrich g-Grip SUV и
  • Bridgestone Dueler H/P Sport.

Со исклучок на Uniroyal Rain Expert 3 SUV, во чијашто оцена влегуваат слабостите на сув пат, кај сите модели на гуми во оваа група, главно својствата на влажна подлога спречуваат гумите да освојат подобра оцена. Единствено гумите од Nokian, како и од Barum постигнуваат послаби оцени и во останатите критериуми, што се рефлектира и во крајната оцена. Nokian отстапува со повисоката потрошиувачка на гориво, додека проблемот кај Barum се својствата на сув пат. Затоа пак, Nokian е најдобра на влажен пат во групата гуми со просечни својства. Малку полоши на ваква подлога се моделите на Barum, Firestone, Pirelli и Semperit. Поизразени слабости на влажно покажаа гумите од марките General, Apollo, Hankook, BF Goodrich и Bridgestone.

Оцена „недоволно“ поради слабости на влажна подлога

Michelin Latitude Tour HP доби само оцена „доволно“ од автомобилскиот клуб. Овие гуми на Michelin не се пласираа повисоко, поради слабите својства при сопирање и недоволното странично држење на влажен пат. Не е од голема корист тоа што овој модел на гума на Michelin има далеку помало абење од останатите гуми во споредбениот тест. Yokohama Geolander SUV не го минаа тестот со преодна оцена, поради изразените слабости на влажна подлога.

Посебно за гумите за лесни теренци со ознака M+S: Шест од избраните модели ја поседуваат ознаката M+S и со тоа теоретски ја исполнуваат актуелната одредба за зимски гуми. Заради темелна проверка на погодноста на овие летни гуми со симбол M+S за користење во зимски услови, настрана од стандардната програма за тестирање на летните гуми беа извршени мерења на тракцијата и на сопирањето на снег. Мерните резултати не влегуваат во оценувањето и во табелата со крајните оцени, но се покажа дека само два модела на гуми постигнуваат задоволителни својства на снег. Поради тоа, автомобилскиот клуб препорачува при изборот на гуми за теренци што ќе се користат и во зима, да се одбираат само модели кои освен ознаката M+S дополнително носат и симбол на снегулка.

Препораки од клубот АДАК

Покрај тоа што постигнуваат високо ниво во сите категории на тестирањето, некои гуми се одликуваат и со особени квалитети во одделни категории, со што овие гуми целат на возачи со специфични барања

Возачите што бараат …

… летна гума за теренци што постигнува високо ниво според сите критериуми, треба да ги изберат Goodyear EfficientGrip SUV или Cooper Zeon 4XS Sport

одлична отпорност на абење, треба да ги изберат Pirelli Scorpion Verde.

Големината 215/65 R16 H одговара за овие модели на автомобили

Следните модели на автомобили (и голем број останати), во зависност од моќноста на моторот и нивото на опрема, ја користат тестираната големина на гуми 215/65 R16 H. Гумите мора да го поседуваат и соодветниот брзински индекс (T, Q или S), зависно од моделската изведба.

Audi Q3 Chevrolet Trax Chrysler Dacia Duster Daihatsu Terios Ford Kuga Hyundai Tucson Jeep Renegade Kia Sportage Mitsubishi ASX Nissan Quashqai Opel Mocca Renault Kadjar Ssangyong Korando Subaru Forester, Legacy Outback Volvo S/V 60 Cross Country, XC 70 Volkswagen Tiguan

Важност на резултатите од тестот за останати големини на гуми

Со извесни ограничувања, резултатите од овој тест важат и за „соседните“ димензии на гуми. Отстапувањето важи до +10/-10 mm во ширината на гумата, односно конкретно за гуми со димензии 205/65 R 16 H и 225/65 R 16 H. Споредбата не важи за „ранфлет“ гуми.

Модел

Сув пат

Влажен пат

Бучава

Потрош. гориво

Абење

Крајна оцена

Goodyear Efficient Grip SUV

2,0

2,0

3,0

2,3

2,0

2,1

+ Летна гума за теренци со мошне изедначени својства, со најдобра оцена на влажно, добра и на сув пат

Cooper Zeon 4XS Sport

2,2

2,5

3,1

2,3

2,5

2,5

+ Гума со изедначени својства, добра на сува и на влажна подлога

– Нешто поголемо абење

Firestone Destination HP

1,7

2,8

3,1

2,1

2,5

2,8

+ Особено добра на сув пат

– Нешто послаба на влажно, нешто поголемо абење

Nokian Line SUV XL

2,1

2,6

3,2

2,8

2,5

2,8

+ Добра на сува подлога

– Нешто послаба на влажно во споредба со најдобрите, релативно висока потрошувачка на гориво

Pirelli Scorpion Verde XL

1,9

2,8

3,1

2,1

1,5

2,8

+ Особено добра на сув пат, мало абење

– Нешто послаба на влажно

Semperit Comfort-Life 2 SUV

2,4

2,9

3,2

1,9

2,0

2,9

+ Релативно ниска потрошувачка на гориво

– Нешто послаба на влажно

Uniroyal Rain Expert 3 SUV

3,0

2,0

3,1

2,1

2,5

3,0

+ Најдобра оцена на влажно

– Мошне слаба на сув пат, нешто поголемо абење

Barum Bravuris 4×4

3,1

2,7

3,0

2,1

2,0

3,1

+ Добар просек во речиси сите категории

– Релативно слаба на сув пат

General Grabber GT

2,3

3,1

3,1

2,0

2,0

3,1

+ Добар просек во дисциплините на суво

– Релативно слаба на влажно

Apollo Apterra H/P

3,2

3,3

3,0

2,0

2,0

3,3

+ Релативно добри вредности за потрошувачката на гориво и абењето

– Релативно слаба на сув и на влажен пат

Hankook Dynapro HP2 RA33

2,3

3,3

2,8

1,9

2,0

3,3

+ Релативно ниска потрошувачка на гориво, мошне тивка

– Релативно слаба на влажно

BF Goodrich g-Grip SUV

2,0

3,4

3,2

1,5

2,0

3,4

+ Најдобра оцена за потрошувачката на гориво, добра и на суво

– Релативно слаба на влажно

Bridgestone Dueler H/P Sport

1,6

3,5

2,9

2,0

2,0

3,5

+ Најдобра оцена на сув пат

– Слабости на влажно

Michelin Latitude Tour HP

2,3

3,9

3,1

1,9

0,5

3,9

+ Најдобра оцена за абење, релативно ниска потрошувачка на гориво

Слаба на влажно

Yokohama Geolandar SUV

2,9

5,5

2,9

1,7

1,5

1,5

+ Особено добра во поглед на потрошувачката на гориво и абењето

Екстремно слаба на влажно, послаба и на суво

Гранични вредности за оцени: 0,6-1,5 (одлично), 1,6-2,5 (многу добро), 2,5-3,5 (добро), 3,6-4,5 (доволно), 4,6-5,5 (недоволно)

Подвлечените вредности не се во дозволените рамки за одредена оцена и поради тоа водат до намалување на крајната оцена за едно

https://automedia.mk/objavi/27628

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Четирицилиндарец за Jaguar F-Type

Првиот Golf на струја возеше уште пред 40 години