ГумиТестови

Тест на летни гуми на клубот АДАК: Димензија 195/65 R15

Шеснаесет модели на летни гуми во широко распространетата димензија 195/65 R15 91 V, користена кај автомобили од компакт-класата, беа подложени на серија темелни тестирања од страна на клубот АДАК.

Пет модели на гуми го минаа тестирањето со препорака на АДАК, постигнувајќи оцена „многу добро“. Најголема е групата на модели на гуми со просечни својства, на коишто клубот поради еден или повеќе недостатоци им даде оцена „добро“. Моделот на гума што имаше најголеми пропусти го заврши тестирањето на летни гуми на АДАК со оцената „доволно“.

Беспоштедно тестирање на 16 актуелни модели на летни гуми за „голф-класата“

Годинава клубот АДАК тестираше 16 летни гуми со димензија 195/65 R 15 V користена најчесто кај моделите од компакт класата. Индексот на оптоварување 91 одговара на стандардот за оваа димензија, додека брзинскиот индекс V дозволува брзини до 240 km/h. Тестирањетo на гумите беше извршено со Volkswagen Golf 7.

Петпати „многу добро“, десетпати „добро“, еднаш „доволно“

Близу една третина од кандидатите на тестот ја постигна оцената „многу добро“ на АДАК, десет модели на гуми го завршија тестирањето со „добро“, додека најниската преодна оцена „доволно“ му беше дадена на еден од кандидатите на тестот.

Во водечката група не се пласираа само гуми од врвни производители

Во највисоко пласираната група гуми со оцена „многу добро“ се наоѓаат:

  • Pirelli Cinturato P1 Verde,
  • Bridgestone Turanza T001,
  • Continental Conti PremiumContact 5,
  • Goodyear EffecientGrip Performance и
  • Esa-Tecar Spirit 5 HP.

Кај ниту една од овие гуми не е забележана позначајна слабост. Меѓу најсилните страни на гумата на Continental се многу добрите својства на влажно. Гумата на Pirelli се одликува со релативно голема отпорност на абење. Покрај гуми од најпознатите марки Pirelli, Bridgestone, Continental и Goodyear, во највисоко пласираната група се најдоа и гумите од релативно непознатата марка Esa-Tecar.

http://automedia.mk/objavi/27617

Најголемата група гуми што тестирањето го мина со оцената „добро“ на АДАК сочинува близу две третини од сите тестирани гуми. Во оваа група спаѓаат следните гуми (редоследот е според постигнатата оцена, почнувајќи од најдобрите кон послабите, а при иста крајна оцена редоследот е според абецедата):

  • Dunlop Sport BluResponse
  • Nokian Line
  • Vredestein Sportrac 5
  • Aeolus PrecisionAce 2 AH03
  • Kumho Ecowing ES01 KH 27
  • Michelin Energy Saver+
  • Sava Intensa HP
  • Semperit Comfort-Life 2
  • Hankook Ventus Prime 3 K125
  • Maxxis Premitra HP5

Новите модели на гуми од Aeolus и Maxxis со своите квалитети на сува и влажна подлога беа кандидати за највисоко пласираната група, но поради нивната слаба отпорност на абење, клубот им ја намали крајната оцена за едно. Гумите од Nokian и Dunlop за малку ја пропуштија оцената „многу добро“ поради незначителните слабости на влажна подлога. Но, во исто време, Goodyear постигнува најдобри својства на сува подлога. Гумите од Kumho се најдоа во групата на просечни гуми поради слабите својства на влажно и поизразеното абење. Гумите од Michelin, Sava и Hankook се најдоа во истата група првенствено поради значајните слабости на влажно. Michelin, барем, се издвојува од сите гуми на тестирањето во поглед на одличната отпорност на абење. Моделите од Vredestein и Semperit покажуваат слабости на сува и на влажна подлога и поради тоа на истите им е дадена оцената „добро“.

Оцена „доволно“ поради слабите својства на влажен пат

АДАК ги оцени гумите GT Radial Champiro FE1 со „доволно“, поради големите пропусти во поглед на возните својства на влажен пат.

Препораки од клубот АДАК

Покрај тоа што постигнуваат високо ниво во сите категории на тестирањето, некои гуми се одликуваат и со особени квалитети во одделни категории, со што овие гуми целат на возачи со специфични барања

Возачите што бараат …

… добри возни својства на влажен пат, треба да ги изберат Continental Conti PremiumContact 5.

… добри возни својства на сув пат, треба да ги изберат Goodyear EffecientGrip Performance или Bridgestone Turanza T001.

… одлична отпорност на абење, треба да ги изберат Pirelli Cinturato P1 Verde.

голема трајност, но прифаќаат мали слабости на влажен пат, треба да ги изберат Michelin Energy Saver+.

Големината 195/65 R15 V одговара за овие модели на автомобили

Следните модели на автомобили (и голем број останати), во зависност од моќноста на моторот и нивото на опрема, ја користат тестираната големина на гуми 195/65 R15. Гумите мора да го поседуваат и соодветниот брзински индекс (T, Q или S), зависно од моделската изведба.

Chevrolet Aveo, Chrysler PT Cruiser, Citroen Berlingo, C4, Fiat 500L, Bravo, Tipo, Ford C-Max, Focus, EcoSport, Hyundai i30, ix20, Kia Cee’d, Pro Cee’d, Soul, Venga, Lexus CT 200h, Mazda 3, 5, MercedesBenz A, B-Class, Citan, Opel Astra, Meriva, Zafira, Peugeot 308, 2008, Partner, Renault Captur, Megane, Scenic, Seat Altea, Leon, Toledo, Skoda Octavia, Subaru Impreza, Toyota Auris, Prius, Volkswagen Golf, Jetta, Beetle, Caddy, Touran

Важност на резултатите од тестот за останати големини на гуми

Со извесни ограничувања, резултатите од овој тест важат и за „соседните“ димензии на гуми. Отстапувањето важи до +10/-10 mm во ширината на гумата, односно за гуми со димензии 185/65 R 15 V и 205/65 R 15 V. Споредбата не важи за „ранфлет“ гуми.

Модел

Сув пат

Влажен пат

Бучава

Потрош. гориво

Абење

Крајна оцена

Pirelli Cinturato P1 Verde

2,1

2,0

2,9

2,3

1,5

2,1

+ Летна гума со мошне избалансирани својства, особено добра на влажно, релативно слабо абење и ниска бучава

Bridgestone Turanza T001

1,7

2,1

3,4

1,9

2,5

2,2

+ Мошне избалансирани својства, особено добра на сув и на влажен пат, релативно ниска потрошувачка на гориво

Continental Premium Contact 5

1,8

1,9

3,1

2,4

2,5

2,2

+ Гума со мошне избалансирани својства, со најдобра оцена на влажно, добра и на сув пат

Goodyear Efficient Grip Perfor.

1,6

2,1

3,5

1,9

2,5

2,2

+ Гума со мошне избалансирани својства, особено добра на сув пат, добра на влажно, релативно ниска потрошувачка на гориво

Esa-Tecar Spirit 5 HP

2,5

2,3

3,2

2,0

2,5

2,5

+ Летна гума со избалансирани својства, релативно добра на влажно и во поглед на потрошувачката на гориво, без позначајни слабости

Dunlop Sport BluResponse

1,5

2,6

3,2

1,9

2,5

2,6

+ Најдобра оцена на сув пат, релативно ниска потрошувачка на гориво

– Нешто послаба на влажно во споредба со останатите

Nokian Line

2,2

2,6

3,5

2,3

2,0

2,6

+ Релативно добра на сув пат

– Нешто послаба на влажно во споредба со најдобрите, малку погласна

Vredestein Sportrac 5

2,6

2,8

3,2

2,0

1,0

2,8

+ Отпорна на абење, релативно ниска потрошувачка на гориво

– Малку послаба на сув и влажен пат

Aeolus Precision Ace 2 AH03

2,5

2,2

3,1

2,5

3,0

3,0

+ Релативно добра на влажно

– Релативно големо абење и потрошувачка на гориво

Kumho Ecowing ES01 KH27

2,3

2,7

3,2

1,8

3,0

3,0

+ Ниска потрошувачка на гориво

– Нешто послаба на влажно, релативно големо абење

Michelin Energy Saver+

1,9

3,0

3,2

1,8

0,5

3,0

+ Најдобра оцена за абење, ниска потрошувачка на гориво, одлична на сув пат

– Малку послаба на влажно

Sava Intensa HP

2,2

3,0

3,2

2,1

1,5

3,0

+ Релативно слабо абење

– Малку послаба на влажно

Semperit Comfort-Life 2

2,9

3,0

3,4

1,8

2,0

3,0

+ Ниска потрошувачка на гориво

– Малку послаба на влажно, малку погласна (надворешна бучава)

Hankook Ventus Prime 3 K125

1,8

3,3

3,0

2,2

2,5

3,3

+ Добра на сув пат

– Релативно слаба на влажно

Maxxis Premitra HP5

1,9

2,3

3,2

2,3

3,5

3,5

+ Добра на сув и на влажен пат

– Големо абење

GT Radial Champiro FE1

2,9

4,0

2,8

1,6

1,5

4,0

+ Најдобра оцена за потрошувачката на гориво, релативно мало абење, тивка

Слаба на влажно, релативно слаба на суво

Гранични вредности за оцени: 0,6-1,5 (одлично), 1,6-2,5 (многу добро), 2,5-3,5 (добро), 3,6-4,5 (доволно), 4,6-5,5 (недоволно)
Подвлечените вредности не се наоѓаат во дозволените граници за одделните оцени и се причина за намалување на крајната оцена за едно.

http://automedia.mk/objavi/27636

Tags

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730