137
20 shares, 137 points

Премиум марките ќе мора да вложат повеќе во развојот на своите скапи гуми, за да ја оправдаат цената во споредба со моделите од стандардните марки. Кон таков заклучок водат резултатите од новиот тест на летни гуми на АДАК. Две гуми од „обични“ марки ги освоија највисоките места на годинашниот тест.

Годинава АДАК тестираше 14 летни гуми со димензијата 175/65 R 14 82 T, којашто обично се користи во класата на малечките автомобили. Два модела на гуми добија препорака од експертите за гуми на клубот, со оцената „многу добро“. Голема група од дури единаесет кандидати на тестот добија оцена „добро“, поради одредени слабости коишто се изразени во поголема или помала мера. Eден модел на гуми заслужи само оцена „доволно“ поради преголемите отстапувања од критериумите што треба да ги задоволи секоја автомобилска гума.

Брзинскиот индекс T дозволува брзини до 190 километри на час. Како тест-возило се користеше Ford Fiesta. Останатите модели што ја користат оваа димензија на гуми, зависно од моторизацијата или нивото на опрема, наведени се во боксот под „За кои автомобили одговара големината 175/65 R14 T“.

Нема премиум марки меѓу најдобрите на АДАК Тест на летни гуми 2018

Во резултатите на овогодишниот тест на летни гуми на АДАК, во димензијата што се користи во класата на малечките автомобили, необично е тоа што меѓу најдобрите гуми нема ниту еден модел од класичните премиум марки. Двата модела на гуми што се пласираа највисоко, во браншата се водат под групата на таканаречени „Quality гуми“. Во овој случај, името е погодено.

Во малата водечка група со АДАК-оцена „многу добро“ спаѓаат моделите на гуми со избалансирани својства (вредноста на оцената е во заграда):

  • Falken Sincera SN832 Ecorun (2,3) и
  • Semperit Comfort-Life 2 (2,4).

Двата модела постигнуваат високи вредности во сите критериуми на тестирањето и не покажаа слабости. Најдобрите страни на Falken се покажуваат на сув пат, додека кај Semperit тоа е случај на влажна подлога.

Најголемата група го завршува тестот со оцена „добро“ поради помалите или поголеми пропусти при возење на влажен пат

Во најголемата група гуми, оценети со „добро“, спаѓаат единаесет модели. Во групата спаѓаат следните гуми. Редоследот е според крајната оцена, почнувајќи од најдобрите. Во случај на иста крајна оцена, гумите се подредуваат според абецедата.

  • Dunlop Street Response 2 (2,6)
  • Kleber Dynaxer HP (2,8)
  • Vredestein T-trac 2 (2,8)
  • Apollo Amazer 4G Eco (2,9)
  • Pirelli Cinturato P1 Verde (2,9)
  • Pneumant Summer ST2 (2,9)
  • Continental ContiPremiumContact 5 (3,0)
  • Goodyear EfficientGrip Compact (3,1)
  • Fulda EcoControl (3,2)
  • Firestone Multihawk 2 (3,3)
  • Maxxis Mecotra 3 (3,4)

Со исклучок на гумите од Continental, сите гуми од оваа група не можат да добијат повисока оцена од „добро“, поради тоа што имаат повеќе или пмалку изразени слабости на влажна подлога. Во случајот на Dunlop станува збор за незначителни слабости, поради коишто само за малку ја пропушта оцената „многу добро“. Најтешко на влажна подлога им е на гумите од Goodyear, Fulda, Firestone и Maxxis.

Continental се одлични на сува и на влажна подлога, што гарантирано би им ја донело оцената „многу добро“ на тестот на АДАК, но имаат еден голем проблем. Тие се трошат пребрзо.

Оцена „доволно“ поради слабите својства при возење по влажен пат

Sava Perfecta ја заработе ниската оцена „доволно“ поради слабите својства при возење на влажен пат, особено во поглед на сопирањето и управливоста.

Зошто на тестот отсуствуваат некои познати и докажани марки?

Според сознанијата на АДАК, марките Bridgestone и Hankook имаат најавено нови модели на гуми за актуелната сезона. Поради тоа, клубот сметаше дека нема смисла да се тестираат постарите модели на гуми. Michelin исто така ќе ги замени гумите што одговараа за тестот со нов модел на гуми.

[tie_slideshow]

[tie_slide]

Препораки на АДАК за избор на гуми

Добрите гуми постигнуваат високи резултати во сите критериуми, но постојат и одделни модели на гуми коишто постигнуваат исклучителни резултати и поради тоа најмногу одговараат за возачите коишто имаат специфични барања

Кој најмногу цени…

изедначени својства, би требало да ги избере Falken Sincera SN832 Ecorun или Semperit Comfort-Life 2.

добри возни својства на сув асфалт и на влажно, а притоа не му е проблем ако гумите се трошат побрзо, би требало да ги избере Continental ContiPremiumContact 5.

одлични возни својства на сув асфалт и за таа цел би прифатил големи слабости на влажна подлога, добра препорака се Maxxis Mecotra 3.

мало абење и би прифатил мали слабости на влажна подлога, може да им даде предност на Kleber DynaxerHP3, на Vredestein T-trac 2 или на Pneumant Summer ST2.

[/tie_slide]

[tie_slide]

За кои автомобили одговара големината 175/65 R14 T

Тестираната димензија се вградува најчесто во класата на малечките автомобили. Во зависност од моторот и опремата, следните модели и уште голем број други користат гуми со димензија 175/65 R 14. Потребно е да се внимава и на брзинскиот индекс на гумите.

  • Citroen C2
  • Daihatsu Materia
  • Ford Fiesta, KA
  • Hyundai i10, Picanto
  • Lancia Ypsilon
  • Mazda 2
  • Mitsubishi Colt
  • Peugeot 206
  • Renault Thalia, Twingo
  • Seat Mii
  • Skoda Citigo
  • Subaru Justy
  • Toyota Yaris
  • Volkswagen up!

[/tie_slide]

[tie_slide]

За кои други димензии важат резултатите од тестот?

Со одредени ограничувања, резултатите од тестот важат и за „соседните“ димензии на гуми, во рамките на истата класа на возило. Тоа важи за отстапување од +10/-10 милиметри во ширината на гумата. Во случајот со тестираната димензија 175/65 R 14 T, резултатите условно важат и за гуми со димензија 165/65 R 14 T, односно 185/65 R 14 T.

Цените во табелата за тестот на АДАК

Цените што се наведени во табелата со резултатите од тестирањето на АДАК се однесуваат на германскиот пазар.

[/tie_slide]

[/tie_slideshow]

Табела со детални резултати од АДАК Тест на летни гуми 2018 · Димензија 175/65 R 14 T

 

АДАК Тест на летни гуми 2018 - Табела 175

Преземањето содржини од Аутомедиа и АДАК без претходен договор подлежи на одговорност при повреда на авторски права и строго се забранува.

Тест на летни гуми на клубот АДАК: Димензија 215/65 R16 H (2017)

Тест на летни гуми на клубот АДАК: Димензија 195/65 R15 (2017)

Тест на 35 модели на летни гуми од клубот АДАК (Прв дел: Димензија 185/60R14)

Тест на 35 модели на летни гуми од клубот АДАК (Втор дел: Димензија 185/60R14)

Тест на 35 модели на летни гуми од клубот АДАК (Трет дел: Димензија 205/55R16)

Тест на 35 модели на летни гуми од клубот АДАК (Четврти дел: Димензија 205/55R16)


Like it? Share with your friends!

137
20 shares, 137 points
djakonov

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730