ГумиТестови

Тест на зимски гуми на клубот АДАК: Евтините марки подобри од скапите

Големо изненадување на најновиот тест на зимски гуми на клубот АДАК. Двапати се случува производи од второрангирани марки на ист производител да бидат пласирани подобро отколку гумите од премиум марките од истиот концерн – Kleber пред Michelin и ESA пред Goodyear. Еден модел на гуми го заврши тестот со оцена „недоволно“.

На тестовите на гуми на клубот АДАК честопати се покажувало дека премиум марките не мораат секогаш да ги освојуваат највисоките оцени. Но, на последнов тест на зимски гуми е новитет тоа што поевтините и пониско рангирани марки ги победуваат поскапите и носечки марки од истиот производител.

Гумите ESA+ Tecar Super Grip, коишто се развиени од страна на Goodyear, го завршуваат овој тест на зимски гуми дури на второто место, освојувајќи оцена „многу добро“, во конкуренција од 16 гуми со димензија 195/65 R15. Наспроти тоа, премиум гумите Goodyear UltraGrip 9 се пласираат три места подолу, освојувајќи ја само оцената „добро“.

Kleber на третото, Michelin на дванаесеттото место

Уште поголема е разликата во двојката Kleber и Michelin. Гумите од стандардната марка (Kleber Krisalp HP3) на актуелниов тест на зимски гуми го освојуваат третото место со оцена „многу добро“, додека премиум гумите (Michelin Alpin 5) од истиот производител завршува дури на дванаесеттото место, со оцена „доволно“.

При купувањето на зимски гуми е добро да се внимава и на абењето и потрошувачката на гориво. Во обете категории се покажаа големи разлики меѓу одделните модели на тестот на зимски гуми за теренци со димензија 215/65 R16. За составување на оцената, секоја гума на тестот на АДАК се вози неколку илјади километри по пат или на пробни валци, за измереното абење потоа да се калкулира до дозволената минимална длабочина на профилот од 1,6 милиметар. При пресметката се покажа дека гумите Avon WV7 издржуваат 28.000 километри, додека der Michelin Alpin 5 минува двапати повеќе, со 62.000 километри до достигнување на пропишаниот минимум.

На возачите што го имаат во предвид зголемувањето на потрошувачката на гориво при возење со зимски гуми ќе им значат и оцените за вредностите на потрошувачката на последниот тест на зимски гуми на АДАК. Мерењето на потрошувачката на гориво се врши при возење со постојана брзина од 100 km/h по овална патека долга два километри, со остри свијоци. Прво се возат пет кругови во еден правец, потоа уште пет во спротивниот правец. Разликата меѓу најдобрите гуми (Goodyear) и најслабите гуми (Pirelli) изнесува осум проценти или 0,5 литар на 100 километри.

Вообичаено, резултатите од последниот тест на зимски гуми ќе ги објавуваме во неколку продолженија, со целосни податоци и оцени од страна на експертите на клубот АДАК. Тестовите од претходната година може да ги прочитате на следните линкови: Димензија 185/65 R15 T,  Димензија 225/45R17 H

Победниците на најновиот тест на зимски гуми на клубот АДАК

Тест на зимски гуми со димензија 195/65 R15

  • Continental Winter Contact TS 860
  • ESA+ Tecar Super Grip 9
  • Kleber Krisalp HP3
    (сите со оцена „многу добро“)

Најслабо пласирани гуми на тестот · Semperit Master-Grip 2 (оцена „доволно“)

Тест на зимски гуми со димензија 215/65 R16

  • Dunlop Winter Sport 5
    (оцена „многу добро“)

Најслабо пласирани гуми на тестот · Nankang Snow SV-2 XL (оцена „недоволно“)

Ознаки
loading...

Слични објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Откриен е Adblock

Ќе ни помогнете доколку ја исклучите вашиата блокада за реклами