ГумиТестови

Тест на зимски гуми на клубот АДАК: Димензија 195/65 R15 T

Клубот АДАК годинава изврши две тестирања на гуми: Еден тест на зимски гуми со димензија 195/65 R15 којашто се користи најчесто во моделите во компакт класата, еден за гуми со димензија 215/65 R16, кои обично се вградуваат во помалите теренци.

Клубот АДАК секоја година врши тест на зимски гуми. Годинава, најголемиот клуб на возачи во Европа темелно ги провери можностите на 16 модели на гуми со димензија 195/65 R 15 и брзински индекс Т. Три модели на гуми на најновиот тест на зимски гуми ја освоија крајната оцена „многу добро“, еден модел доби оцена „доволно“, додека останатите дванаесет модели на гуми беа оценети со „добро“. Меѓу моделите со иста крајна оцена сепак постојат разлики во поглед на својствата, поради што изборот за купување се сведува на личните потреби и желби на секој возач.

Производите од премиум марките Pirelli и Bridgestone не учествуваа на овој тест на зимски гуми, поради тоа што нивните актуелни модели на гуми не биле достапни во продажната мрежа пред почетокот со тестирањето. Клубот АДАК анонимно ги набавува гумите во слободна продажба, место да ги нарачува директно кај производителите, со што се избегнува секаква можност за манипулација со гумите на тестирањето.

test na zimski gumi 03

Победници на тестот, со оцена „многу добро“, се зимските гуми Continental Winter Contact TS 860, релативно непознатите ESA+ Tecar Super Grip 9, како и новите Kleber Krisalp HP 3. Сите три модели на зимски гуми се одликуваат со особено избалансирани својства и не покажуваат слабости. Со крајна оцена 2,1, првото место им припаѓа на гумите на Continental. Нивните најголеми предности се покажуваат при возење на влажен пат и на снег. ESA+ Tecar најдобро се покажуваат на замрзнат пат и не ја зголемуваат потрошувачката на гориво, додека најсилната страна на гумите на Kleber е во тоа што не заостануваат во ниту една дисциплина на тестирањето.

Најголемиот број зимски гуми се во групата со оцена „добро“

Двата најдобри модели на гуми во групата со просечни својства, заостануваат само за нијанса зад највисоко пласираните модели, поради тоа што покажале слабост во еден од критериумите. Dunlop Winter Response 2 има слабости на сува подлога, додека Goodyear UltraGrip 9 заостанува во поглед на возните својства на снег.

Останатите гуми со просечни својства ја добивааат оцена „добро“ покажувајќи слабости во повеќе критериуми. Hankook I*cept RS 2 W452 е послаба на влажен пат и на снег. Vredestein Snowtrac 5 заостанува зад подобрите модели на гуми во критериумите влажен пат, снег и особено во поглед на абењето.

Во последниов критериум ниту Yokohama W.drive V905 не се покажува во најдобро светло, а исто така има и мали слабости на влажно. Falken Eurowinter HS01 не ги исполнува условите за оцената „многу добро“ во дури четири критериуми (сув пат, влажен пат, снег и мраз) и поради тоа го завршува тестирањето со крајна оцена „добро“.

Firestone Winterhawk 3 и Nokian WR D4 имаат големи проблеми на влажен пат. Michelin Alpin 5 не може да ја оправда добрата отпорност на абење, поради слабостите на снег, мраз и во поглед на потрошувачката на гориво. Кај Aeolus SnowAce 2 AW08, покрај задоволителните својства на влажен пат и во абењето, преовладуваат изразените слабости при возење по снег. Kumho WinterCraft WP51 и Sava Eskimo S3+ не се снаоѓаат најдобро на влажен пат и снег (Kumho), односно на сув и на влажен пат (Sava).

Иако поседуваат добри својства во повеќето критериуми, гумите Semperit Master-Grip 2 не се пласираат меѓу останатите гуми со просечни својства, поради лошите резултати на сув пат.

Препораки за избор на зимски гуми од АДАК

Возачите што бараат…

… зимски гуми со рамномерни својства во сите критериуми, можат да ги изберат Continental WinterContact TS 860, ESA+Tecar Super Grip 9 или Kleber Krisalp HP 3

високи перформанси на влажен пат, можат да се решат за Continental WinterContact TS 860

ниска потрошувачка на гориво, можат да ги изберат ESA+Tecar Super Grip 9

добри својства на сув пат, прифаќајќи ги поизразеното абење и слабостите на влажен пат, можат да ги изберат Yokohama W.drive V905

добри својства на снег, прифаќајќи ги слабостите на влажен пат, можат да изберат Nokian WR D4.

 

Димензијата 195/65 R15 T одговара за следните модели

Следните модели и голем број останати модели, во зависност од моторот, опремата и годиштето, фабрички се опремени со тестираната големина на гуми 195/65 R 15. Кај зимски гуми (со симбол М+Ѕ или „Alpine“), брзинскиот индекс (во случајов Т за максимално 190 km/h) не смее да биде под брзинскиот индекс на соодветните летни гуми. Во случај индексот на зимските гуми да е под крајната брзина на возилото, во видното поле на возачот треба да се наоѓа налепница што ќе го потсеќа возачот да не ја пречекорува дозволената брзина за зимските гуми.

Chevrolet Aveo Chrysler PT Cruiser Citroen Berlingo, C4 Fiat 500L, Bravo, Tipo Ford C-Max, Focus, EcoSport Kia Cee´d, Pro Cee´d, Soul, Venga Lexus CT 200h Mazda 3, 5 Mercedes-Benz A-, B-Class, Citan Opel Astra, Meriva, Zafira Peugeot 308, 2008, Partner Renault Capture, Megane, Scenic Seat Altea, Leon, Toledo Skoda Oktavia Subaru Impreza Toyota Auris, Prius Volkswagen Golf, Jetta, Beetle, Caddy, Touran

Важност на резултатите од тестот за други димензии на гуми

Со одредени ограничувања, резултатите од тестот важат и за „соседните“ димензии на гуми. Тоа важи за отстапување до +/-10 милиметри во ширина, односно за димензии 185/65 R 15 T и 205/65 R 15 T.

 

Целосeн преглед на резултатите
Тест на зимски гуми со димензија 195/65 R15 91T

Димензија 195/65 R15 91T 

(до 190 km/h)

Крајна оцена

Continental Winter Contact TS 860

[mks_highlight color=”#81d742″]2,1[/mks_highlight]

+ мошне изедначени возни својства, најдобра оцена на влажно, особено добра на снег, добра и на сув пат, како и во поглед на потрошувачката на гориво.

ESA+Tecar Super Grip 9

[mks_highlight color=”#81d742″]2,3[/mks_highlight]

+ мошне изедначени возни својства, најдобри оцени на мраз и за потрошувачка на гориво, добра и на суво, влажно и на пат покриен со снег.

Kleber Krisalp HP3

[mks_highlight color=”#81d742″]2,4[/mks_highlight]

+ мошне избалансирана зимска гума со мало абење, добра и на суво и на пат покриен со снег.

Dunlop Winter Response 2

[mks_highlight color=”#eeee22″]2,6[/mks_highlight]

+ добра на влажно, снег и мраз, ниска потрошувачка на гориво

– во споредба со најдобрите е нешто послаба на суво

Goodyear Ultra Grip 9

[mks_highlight color=”#eeee22″]2,7[/mks_highlight]

+ особено добра на влажно, добра и на суво, мало абење.

– нешто послаба на снег

Hankook i*cept RS 2 W452

[mks_highlight color=”#eeee22″]2,7[/mks_highlight]

+ добра на сув пат

– нешто послаба на снег и на влажно

Vredestein Snowtrac 5

[mks_highlight color=”#eeee22″]3,0[/mks_highlight]

+ особено добра на сув пат

– слаба на снег, нешто послаба и на влажно, релативно големо абење

Yokohama W.drive V905

[mks_highlight color=”#eeee22″]3,0[/mks_highlight]

+ најдобра оцена на сув пат, добра и на снег.

– нешто послаба на влажно, релативно големо абење

Falken Eurowinter HS01

[mks_highlight color=”#eeee22″]3,1[/mks_highlight]

+ одлична во поглед на потрошувачката и абењето

слабости на снег и на мраз, нешто послаба на суво и влажно

Firestone Winterhawk 3

[mks_highlight color=”#eeee22″]3,1[/mks_highlight]

+ добра на суво, ниска потрошувачка на гориво

– релативно слаба на влажно и на снег

Nokian WR D4

[mks_highlight color=”#eeee22″]3,1[/mks_highlight]

+ најдобра оцена на снег, добра и на суво, ниска потрошувачка на гориво

слаба на влажно, релативно големо абење

Michelin Alpin 5

[mks_highlight color=”#eeee22″]3,2[/mks_highlight]

+ најдобра оцена за абење, добра и на суво

слаба на снег, релативно висока потрошувачка на гориво

Aeolus SnowAce2 AW08

[mks_highlight color=”#eeee22″]3,3[/mks_highlight]

+ Мошне добра на суво

слаба на снег, нешто послаба и на влажно, релативно големо абење

Kumho WinterCraft WP51

[mks_highlight color=”#eeee22″]3,3[/mks_highlight]

+ мошне добра на сув пат

слаба на влажно, нешто послаба и на снег

Sava Eskimo S3+

[mks_highlight color=”#eeee22″]3,3[/mks_highlight]

+ особено добра на снег

слаба на сув пат, релативно слаба на влажно

Semperit Master-Grip 2

[mks_highlight color=”#dd9933″]3,6[/mks_highlight]

+ добра на снег, најниска бучава во кабина на тестот

слаба на сув пат и на мраз, релативно големо абење

Ознаки
loading...

Слични објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Откриен е Adblock

Ќе ни помогнете доколку ја исклучите вашиата блокада за реклами