152
24 shares, 152 points

Клубот АДАК за годинешниов тест на зимски гуми избра 16 производи со честата димензија 205/55 R16 кај автомобилите од компакт и средната класа

Гумите со димензија 205/55 R16 често се вградуваат како стандардна димензија во компакт и средната класа. Со учеството од близу 15% во продажбата, тоа е далеку најпродаваната димензија на гуми. Поради тоа, експертите за пневматици на АДАК подложија на темелно тестирање 16 модели на гуми со димензијата 205/55 R16 H, кои требаше да се докажуваат во 18-те критериуми за оценување на тестот на зимски гуми на клубот АДАК.

Брзинскиот индекс H дозволува крајна брзина до 210 km/h, додека стандардниот индекс на оптоварување 91 означува дека максималната носивост изнесува 615 килограми при притисок во гумата од 2,5 бари. Како возило за тестирањето послужи Volkswagen Golf. Останатите модели што фабрички се испорачуваат со оваа димензија на гуми, во зависност и од моторот и нивото на опрема, можете да ги погледнете под За овие модели на автомобили важи димензијата на гуми 205/55 R16 H.

Трипати „многу добро“, единаесетпати „добро“, по еднаш „доволно“ и „недоволно“

Три кандидати го завршија тестот со речиси иста крајна оцена и со АДАК-препорака „многу добро“. Голема група од единаесет тестирани гуми ја добија препораката „добро“, поради помалку или повеќе изразени слабости во одделните критериуми на тестирањето. Еден модел на гуми мина со препорака „доволно“, а има и еден модел што воопшто не заслужи препорака и го заврши тестирањето со „недоволно“.

Тест на зимски гуми АДАК

Со мошне изедначени резултати во одделните критериуми на тестирањето и без каква било слабост, препорака „многу добро“ добија следните три модели на гуми (крајната оцена е во заграда):

Continental WinterContact TS 860 (2,2),

Goodyear UltraGrip 9 (2,2)

Dunlop Winter Sport 5 (2,3)

Две од првопласираните гуми, односно Continental и Goodyear, незначително се разликуваат во главните критериуми и поради тоа добиваат иста крајна оцена 2,2. Гумите од Dunlop имаат само за десетинка послаба крајна оцена, првенствено поради малите слабости на влажен пат.

Комплетната табела со сите резултати од тестот на зимски гуми се наоѓа на крајот на текстот

Голема група од зимски гуми доби препорака „добро“. Поради најразлични причини овие гуми не добија препорака „многу добро“, односно истата им беше намалена за едно. Во оваа група се наоѓаат следните единаесет учесници на тестот:

Kleber Krisalp HP 3 (2,6)

Michelin Alpin 5 (2,7)

Nexen Winguard SnowG WH2 (2,7)

Fulda Kristall Control HP 2 (2,8)

Vredestein Snowtrac 5 (2,8)

Bridgestone Blizzak LM 001 Evo (2,9)

Nokian WR D4 (3,0)

Yokohama BluEarth Winter V905 (3,1)

Kumho WinterCraft WP51 (3,3)

Giti Winter W1 (3,5)

Pirelli Cinturato Winter (3,5)

Редоследот на единаесетте гуми во оваа група е според крајната оцена (во заграда), почнувајќи од подобрите кон послабите. Доколку два модела на гуми имаат иста крајна оцена, тогаш редоследот е според абецедата.

Слабостите на влажна подлога спречија моделите на Kleber и Kumho да добијат повисока препорака. Кај тестираните модели на зимски гуми од марките Michelin, Nexen, Fulda, Bridgestone и Yokohama, недозволивите слабости на снег оневозможија тие да се пласираат подобро на тестот. Слабите оцени за својствата при возење на сув пат ја намалија препораката кај моделите од Giti и Pirelli. Малата отпорност на абење беше пречка за гумите на Nokian да добијат подобра препорака.

Доволно“ поради слаби перформанси на сув пат, „недоволно“ поради значајни слабости на влажно

Гумите Semperit Speed-Grip 3 добија препорака „доволно“ поради изразените слабости на сув пат. Моделот Laufenn I Fit LW31, пак, има толкави маки на влажен пат, што не остана простор за друга препорака освен „недоволно“

Зошто недостигаат некои марки или модели:

За разлиак од тестовите во минатите години, на актуелниов тест отсуствуваат гуми од марката Hankook. Составот на Hankook i*cept RS2 е сменет. Во моментот на набавка на гумите за тестот во слободната трговска мрежа, гумите на Hankook со сменет состав беа недостапни. Поради тоа, годинава мораше да отсуствува модел од марката Hankook.

Препораки на АДАК

Добрите гуми се одликуваат со изедначени својства во сите критериуми. Но, постојат некои гуми што посебни се истакнуваат во одделни подрачја, коишто може да бидат пресудни за изборот кај возачите на кои тие подрачја им значат најмногу.

Доколку најмногу цените…

добра изедначеност во својствата, изборот паѓа на Continental WinterContact TS 860, Goodyear UltraGrip 9 или Dunlop Winter Sport 5 .

ниска потрошувачка на гориво, а во исто време и добра изедначеност во својствата, може да ги изберете Continental WinterContact TS 860

особено добри возни својства на сув пат, а подготвени сте да прифатите мали слабости на снег, препораката паѓа на Michelin Alpin 5

поголема отпорност на абење, а притоа не Ви пречат помалите слабости на снег, можете да ги земете Michelin Alpin 5 или Bridgestone Blizzak LM 001 Evo во потесен избор.

За овие модели на автомобили важи димензијата на гуми 205/55 R16 H

Тестираната димензија често се вградува во моделите од компакт и средната класа. Следните модели на автомобили и уште голем број други модели, во зависност од моторот и опремата, ја поседуваат тестираната димензија на гуми 205/55 R 16 H. Зависно од моторот и начинот на возење, гумите може да поседуваат друг брзински индекс. Возачот не смее да ја пречекорува оваа крајна брзина

Alfa Romeo Giulietta
Audi A3
BMW серија 1, 2
Chevrolet Aveo
Citroen C3, C4
Dacia Logan, Sandero
Fiat Bravo, Croma, Tipo
Ford C-Max, Focus, Mondeo
Honda Civic, FR-V
Kia Carens, Cee´d, Soul, Venga
Lancia Delta
Mazda 3, 5
Mercedes A-, B-, C-класа, Citan, CLA, CLC, SLC
Mini Clubman
Nissan Leaf, Pulsar
Opel Ampera-e, Astra, Meriva, Zafira
Peugeot 2008, 207, 307, 308
Renault Fluence, Kangoo, Laguna, Megane, Scenic
Saab 9-3
Seat Exeo, Leon
Skoda Octavia, Superb
Subaru BRZ, Impreza, Legacy
Toyota Auris, Corolla, GT86
Volvo C30, S40, V40, S60, V50
Volkswagen Caddy, CC, Eos, Golf, Jetta, Passat, Scirocco, Touran

За кои други димензии на гуми важат резулатите од тестот?

Со одредени ограничувања, резулатите од тестот важат и за „соседните“ димензии на гуми во рамките на истата класа на возило. Тоа важи за отстапување од +10 / -10 милиметри во ширината на гумата. Во случај со тестираната димензија 205/55 R16 H, резултатите важат и за истите модели на гуми со димензија 195/55 R16 H, односно 215/55 R16 H.

Резултатите од тестот на АДАК не важат за гуми „Runflat“

тест на зимски гуми АДАК 205-55-16 табела

Погледнете како мина тестот на зимски гуми на АДАК во минатата година

Тест на зимски гуми на клубот АДАК: Евтините марки подобри од скапите

Тест на зимски гуми на клубот АДАК: Димензија 195/65 R15 T

Тест на зимски гуми на АДАК: Димензија 215/65 R16 H


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

152
24 shares, 152 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743