151
20 shares, 151 points

Клубот АДАК тестираше 13 зимски гуми со димензија 225/45 R 17 и брзински индекс H. Оваа спортска големина на гуми е широко застапена во средната класа. Меѓу една добра и две слаби на гуми се пласираа останатите модели на гуми со просечни својства и со вообичаените силни и слаби страни.

За актуелната сезона, АДАК тестираше 13 модели на зимски гуми со спортската димензија 225/45 R 17 H. Само една од тестираните гуми ја доби оцената „многу добро“ од клубот, десет кандидати го завршија тестот со оцената „добро“, додека две зимски гуми добија оцена „доволно“. Dunlop Winter Sport 5 е единствената гума со оцена „многу добро“ и истата не покажа слабости во ниту една дисциплина на тестирањето, односно се одликува со мошне изедначени својства.

Различни причини за големиот број гуми со оцена „добро“

Во големата група што беше оценета со „добро“ се најдоа десет модели на зимски гуми. Причините што оневозможија истите да добијат повисока оцена се најразлични. Триото сочинето од Pirelli Winter SottoZero 3, Goodyear UltraGrip Performance и Uniroyal MS plus 77 не заслужи оцена „многу добро“ првенствено поради слабостите на сува подлога, додека следното трио од Firestone Winterhawk 3, Hankook i*cept evo2 W320 и Viking SnowTech II покажа изразени слабости на влажна подлога.

Тест на зимски гуми на клубот АДАК

Пропустите кај Nokian WR D4 и Yokohama W.drive V905 се во поголемото абење на гумите, поради што експертите на АДАК мораа да им одземат од вкупната оцена. Bridgestone Blizzak LM001 и Vredestein Wintrac Extreme S имаат повеќе проблеми на снег отколку конкурентите, што исто така доведе до намалување на крајната оцена.

Оцена „доволно“ поради слабости на влажна подлога

Двете гуми што добија оцена „доволно“ од АДАК се Matador MP92 Sibir Snow и BF Goodrich g-Force Winter. Причината за ниската оцена се изразените слабости при возење на влажен пат.

Техничарите на автомобилскиот клуб го критикуваат однесувањето при аквапланинг кај повеќето гуми на тестот. Во оваа дисциплина најдобро се покажаа Bridgestone и Uniroyal. Во поглед на тракцијата, повеќето гуми постигнаа изненадувачки добра тракција на налегната снежна подлога. Goodyear тука постигна најдобри оцени, додека Pirelli и Bridgestone покажаа слабости.

Тест на зимски гуми на клубот АДАК

Во издржливоста се појавуваат незначителни разлики. BF Goodrich исто така се одликува со мало абење, но затоа има изразени слабости на влажна подлога.

Зошто на тестирањето отсуствуваат некои премиум марки

Гумите од марките Continental, Michelin, Semperit, Fulda и Sava не учествуваа во тестирањето, затоа што нивните производители најавија нови производи за актуелната зимска сезона, но истите не беа достапни во слободна продажба во моментот кога АДАК го спроведе тестирањето. Тоа е воедно и еден од условите за учество на одреден модел на гума на тестирањето.

Ова се препораките од АДАК

Доколку барате зимски гуми со …

изедначени својства во сите критериуми, најдобар избор е Dunlop Winter Sport 5.

добри својства на снег, изберете ги или Goodyear UltraGrip Performance Gen-1 или Dunlop Winter Sport 5.

добри својства на сув пат, најдобар избор се Bridgestone Blizzak LM001.

ниска потрошувачка на гориво, прв избор се Goodyear UltraGrip Performance Gen-1 или Dunlop Winter Sport 5.

Тест на зимски гуми на клубот АДАК

За овие модели одговара големината на зимски гуми 225/45 R17 H

Alfa Romeo 166, Giulietta, MiTo
Audi A3, A4
BMW 1er, 2er, 3er, Z4
Cadillac ATS, BLS
Citroen C4
Fiat 500 L, Bravo
Honda Civic, Accord
Hyundai i30
Jaguar X-Type
Kia Carens, Cee´d, Pro Cee´d
Lancia Delta
Lexus IS
Mercedes Benz A-, B- & C-Class, CLA, CLC, CLK, SLK
Mini Clubman
Opel Astra (H), Meriva B, Signum, Vectra-C, Zafira
Peugeot 308
Renault Laguna, Megane
Saab 9-3, 9-5
Seat Altea, Exeo, Leon, Toledo
Skoda Oktavia, Superb
Subaru Impreza, Legacy
Toyota Auris
Volvo V40, V50, S60, V70
VW Golf, Jetta, New Beetle, Scirocco, Touran

Важност на резултатите од тестот за други димензии на гуми:

Резултатите од тестирањето на зимските гуми со димензија 225/45R17 H, со мали отстапувања важат и за „соседните“ големини на гуми, односно за 215/45 R 17 H, како и за 235/45 R 17 H.

Табела со оцени од АДАК од тестот на гуми со димензија 225/45R17 H

Марка и модел Крајна оцена Суво Влажно Снег Мраз Бучава / Комфор Потрошу-

вачка

Абење
Dunlop Winter Sport 5 + + + + + о + +
Pirelli Winter Sottozero 3 о о 1 о о о о + +
Firestone Winterhawk 3 о о о 1 + + о + +
Goodyear UltraGrip Performance Gen-1 о о 1 о + + о ++ +
Hankook i*cept evo2 W320 о + о 1 + + о + +
Nokian WR D4 XL о + о + + о + о 1
Uniroyal MS plus 77 о о 1 + + о о + +
Bridgestone Blizzak LM001 о + + о 1 + + +
Viking SnowTech II о о о 1 + о + +
Vredestein Wintrac Extreme S о + + о 1 + о + о
Yokohama W.drive V905 о + о + о + о 1
Matador MP92 Sibir Snow о – 1 + + о + +
BF Goodrich G-Force Winter 2) о – 1 + + + ++

Појаснувања на означувањата во табелите:

1 = Води кон намалување на крајната оцена

2 = Производителот во меѓувреме има нова генерација од овој модел на гума

Оцени: ++ = Одлично, + = Многу добро, о = Добро, – = Доволно, -/- = Недоволно


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

151
20 shares, 151 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743