152
20 shares, 152 points

Клубот АДАК тестираше 15 зимски гуми со димензија 185/65 R 15 и брзински индекс T, вградувана во мали автомобили и во компакт-класата. Две гуми се издвојуваат најмногу со својствата што ги покажаа на обемното тестирање. Но, постојат и неколку други модели што заслужуваат внимание.

За оваа година клубот АДАК тестираше 15 модели на зимски гуми со димензија 185/65 R15 T, којашто обично се вградува во малите возила. Како возило за тестот се користеше Renault Clio. Два модела на гуми добија оцена „многу добро“, единаесет гуми се „добри“, додека две гуми не добија преодна оцена.

Најдобро се оценети Goodyear UltraGrip 9 и Michelin Alpin A4. Обата модела на гуми се мошне хармонични и не покажуваат слабости. Goodyear има највисока вкупна оцена и покрај останатите квалитети се одликува и со ниската потрошувачка на гоирво. Веднаш зад него е Michelin, чијашто најголема предност е во исклучително малото абење.

Гумите со просечни својства се поделени во три групи

Големиот број гуми со просечни својства и оцена „добро“ се поделени во три групи. Во првата се Nokian WR D4 и Pirelli Cinturato Winter, со мали слабости на влажно (Nokian), односно на сува подлога (Pirelli), поради што овие две гуми за малку ја пропуштија оцената „многу добро“.

Во втората група гуми со просечни својства се шест модели, со слабости во повеќе критериуми, што спречува истите да добијат повисоки оцени, иако за нив не може да се каже дека поседуваат нехармонични својства. Vredestein Snowtrac 5 покажува мали слабости на влажна подлога, на снег и на мраз. Esa-Tecar Super Grip 9 има мали проблеми на влажно и на мраз.

Тест на зимски гуми на клубот АДАК

Hankook i*cept RS2 W452, дополнително има проблеми и на снег, поради што не ја заслужи оцената „многу добро“. Со добрите својства на снег, Bridgestone Blizzak LM001 не може да надомести за слабостите на влажна подлога и на мраз. Dunlop Winter Response 2 не можеше да добие повисока оцена поради слабостите на сува подлога и на мраз. Nexen Winguard Snow’G WH2 има изразени слабости на влажна подлога, помалку изразени слабости на снег и мраз.

Во третата група се трите кандидати на тестот, чиишто слабости беа толку изразени што одвај заслужија АДАК да им ја додели оцената „доволно“. Слабостите на Uniroyal MS plus 77, покрај проблемите на влажно и на мраз се првенствено во возните својства на сува подлога. Barum Polaris 3 покажува големи пропусти на влажно и на мраз, додека кај Viking SnowTech II преовладуваат слабите својства на влажен пат.

Оцена „недоволно“ поради изразени слабости на влажен пат

Двата модела на гуми што АДАК ги оцени со „недоволно“ се Firestone Winterhawk 3 и Kleber Krisalp HP2, главно поради покажаните сериозни слабости при возење по влажен асфалт.

ISP Wolfgang Grube

Во поглед на трајноста постојат релативно мали разлики меѓу сите модели на гуми што се најдоа на тестот на клубот. Единствено Michelin се издвојува со големата отпорност на абење, без притоа да има слабости во останатите дисциплини.

Зошто отсуствуваат неколку премиум марки

Зимските гуми од марките Continental, Fulda и Sava не учествуваа во тестирањето, затоа што нивните производители најавија нови производи за актуелната зимска сезона, но истите не беа достапни во слободна продажба во моментот кога АДАК го спроведе тестирањето. Тоа е воедно и еден од условите за учество на одреден модел на гума на тестирањето.

Ова се препораките од АДАК

За купувачите кои бараат зимски гуми што се одликуваат со добри својства во сите критериуми, најдобар избор е Goodyear UltraGrip 9 или Michelin Alpin A4.

Купувачите што бараат добри својства на снег, треба да се решат за Goodyear UltraGrip 9 или за Bridgestone Blizzak LM001.

Најдобри возни својства на сува подлога постигнуваат Michelin Alpin A4.

Најниска потрошувачка на гориво постигнуваат Goodyear UltraGrip 9.

Најдолга трајност, односно најмало абење нудат Michelin Alpin A4.

За овие модели одговара големината на зимски гуми 185/65 R15 T

  • Alfa Romeo Mito
  • Chevrolet Aveo, Kalos, Lanos, Spark
  • Citroen Berlingo, C3, C-Elysee, DS3, Nemo, Xsara Picasso
  • Dacia Duster, Lodgy, Logan, Sandero
  • Fiat Doblo, Fiorino, Linea, Multipla, Panda Cross, Punto
  • Hyundai Elantra, i20, i30
  • KIA Cee´d, pro Cee´d
  • Lancia Ypsilon
  • Mazda 2
  • Mercedes A-Class (Tип 169)
  • Opel Adam, Adam Rocks, Astra (G,H), Combo, Corsa
  • Peugeot 207, 208, 301, Bipper, Partner
  • Renault Clio, Kangoo
  • Subaru  Impreza, Trezia
  • Toyota Verso

Важност на резултатите од тестот за други димензии на гуми:

Резултатите од тестирањето на зимските гуми со димензија 185/65 R15 T, со мали отстапувања важат и за „соседните“ големини на гуми, односно за 175/65 R 15 T, како и за 195/65 R 15 T.

Табела со оцени од АДАК од тестот на гуми со димензија 185/65 R15 T

Марка и модел Крајна оцена Суво Влажно Снег Мраз Бучава / Комфор Потрошу-

вачка

Абење
Goodyear UltraGrip 9 + + + + + o ++ +
Michelin Alpin A4 + + + + + o + ++
Nokian WR D4 o + o 1 + + + +
Vredestein Snowtrac 5 o + o 1 o o + +
Esa-Tecar Super Grip 9 o + o 1 + o 1 o + +
Hankook i*cept RS2 W452 o + o 1 o o 1 + +
Bridgestone Blizzak LM001 o o o + o 1 + +
Pirelli Cinturato Winter o o 1 + + + o + +
Dunlop Winter Response 2 o o 1 + + o o + +
Nexen Winguard Snow’G WH2 o + o 1 o o o + +
Uniroyal MS plus 77 o o 1 o + o + +
Barum Polaris 3 o + o 1 + o + ++
Viking SnowTech II o o o 1 + o + +
Firestone Winterhawk 3 + – 1 o o o + +
Kleber Krisalp HP2 2 + – 1 + o + ++

Појаснувања на означувањата во табелите:

1 = Води кон намалување на крајната оцена

2 = Производителот во меѓувреме има нова генерација од овој модел на гума

Оцени: ++ = Одлично, + = Многу добро, о = Добро, – = Доволно, -/- = Недоволно


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

152
20 shares, 152 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *