171
22 shares, 171 points

Клубот АДАК годинава тестираше 19 модели на зимски гуми во димензијата 205/55 R 16 H наменета за возила од компактната и средната класа. Три модели на гуми се издвојуваат од просекот.

Гумите со димензија 205/55 R 16 H се едни од најчесто користените и поради тоа клубот АДАК избра дури 19 модели на зимски гуми за големото тестирање за оваа сезона. Два модела добија оцена „многу добро“, 16 модели минаа со „добро“, додека еден модел не заслужи каква било препорака од клубот. Неколку гуми од најпознатите марки не се најдоа на ова тестирање, затоа што нивните производители најавија замена со нови генерации за сезоната 2015/2016. Првиот дел од големото тестирање на клубот АДАК, за гуми со димензија 165/70 R 14 можете да го прочитате тука.

zimski gumi testContinental и Yokohama во групата гуми со оцена „многу добро“

Во споредба со Continental Conti Winter Contact TS 850, кои покажаа голема изедначеност во возните својства на влажна подлога и на снег, како и во поглед на издржливоста, гумите Yokohama W.drive V905 поседуваат својства што се на границата за добивање на оцената „многу добро“ при тестирањето на возните својства на влажна подлога и на снег, и во издржливоста. Силните страни на оваа гума се покажуваат при возење на сува подлога, каде што тие ја добија највисоката оцена.

Во големата група гуми со просечни својства, на кои што АДАК им ја дава оцената „добро“, два од 16-те кандидати не успеаја да добијат повисока оцена поради слабостите на влажна подлога. Goodyear UltraGrip 9, Michelin Alpin 5 и Semperit Speed-Grip 2 не ја добија оцената „многу добро“ поради послабите својства при возење на сува подлога, додека Bridgestone Blizzak LM001 беше оценет послабо поради слабите својства при возење на замрзната подлога. Goodyear загуби првенствено поради послабото сопирање на сува подлога. Сите четири модели на гуми се многу добри на влажна подлога.

Неколку гуми не беа оценети подобро поради заостатокот во одделни критериуми

Слабостите на влажна подлога кај моделите Nokian WR D3 и BF Goodrich g-Force Winter се единствената причина за послабата крајна оцена на тестот на АДАК. Поради заостатокот во повеќе критериуми, Falken Eurowinter HS449 е оценета само со „доволно“. Vredestein Snowtrac 5, која што првпат се појавува на тест на гуми на АДАК, има добри својства на снег и на мраз. Освен поради полошите својства на влажна подлога, Vredestein ја доби оцената „доволно“ и поради релативно слабата отпорност на абење. Firestone Winterhawk 3 има слабости и на влажно и на снег и на мраз.

Avon е единствена гума што не помина на тестот, поради изразените слабости на влажна подлога
Avon е единствена гума што не помина на тестот, поради изразените слабости на влажна подлога

Fulda Kristall Control HP и Sava Eskimo HP се изедначени и само поради слабите резултати на мраз не успеаја да добијат повисока оцена од „доволно“. Недоволните квалитети при возење на сув и влажен пат спречија Kumho Wintercraft WP51 и Viking SnowTech II да добијат подобра крајна оцена. Kleber Krisalp HP 2 има проблеми на влажно и на мраз. На крајот на групата гуми со оцена „добро“ се наоѓаат гумите Toyo Snowprox S953, поради релативно слабите резултати во критериумите на влажно, снег и мраз. Единствен модел со оцена „недоволно“ е Avon Ice Touring, со изразени слабости на влажна подлога.

Смена на генерации во Dunlop, Hankook и Pirelli

Гуми од марките Dunlop, Hankook и Pirelli не учествуваа во големиот споредбен тест на клубот АДАК, поради тоа што сите три производители најавија нови модели за актуелната сезона 2015/2016. Овие модели уште не беа понудени во слободна продажба во времето кога клубот ги набавуваше гумите од редовната продажна мрежа и поради тоа истите не можеа да учествуваат во тестирањето.

Препораките на клубот АДАК

Возачи што ценат зимски гуми со изедначени својства треба да се решат за Continental Conti Winter Contact TS 850 или Yokohama W.drive V905.

За возачи што бараат првенствено добри својства на снег, најмногу одговараат Conti Winter Contact TS 850, Goodyear UltraGrip 9 или Nokian WR D3.

Зимска гума со добри перформанси на сув пат е Yokohama W.drive V905.

За возачи што внимаваат најмногу на ниска потрошувачка на гориво, најдобар избор се Conti Winter Contact TS 850 или Goodyear UltraGrip 9.

Возачи што бараат гума која издржува најмногу километри треба да ги изберат Conti Winter Contact TS 850.

Важност на резултатите од тестот за други димензии на гуми:

Резултатите од тестирањето на зимските гуми со димензија 205/55 R 16 H, со мали отстапувања важат и за „соседните“ големини на гуми, односно за 195/55 R 16 H, како и за 215/55 R 16 H.

Табела со оцени од тестирањето на гуми со димензија 205/55 R 16 H

Марка и модел Крајна оцена Суво Влажно Снег Мраз Бучава/ комфор Потрошу-вачка Абење
Continental Winter Contact TS 850 + + + + + о + ++
Yokohama W.drive V905 + + + + + о + +
Goodyear UltraGrip 9 о о 1 + + + + + +
Nokian WR D3 о + о 1 + + о + +
Bridgestone Blizzak LM 001 о + + + о 1 о + +
Falken Eurowinter HS449 о + о о + о о о 1
Vredestein Snowtrac 5 о + о + + о + о 1
Firestone Winterhawk 3 о + о 1 о о о + +
Fulda Kristall Control HP о + о 1 + о + +
Barum Polaris 3 о о 1 о + + о + +
BF Goodrich g-Force Winter о + о 1 + + о + ++
Michelin Alpin 5 о о 1 + + + + +
Sava Eskimo HP о + о 1 + о о + +
Semperit Speed-Grip 2 о о 1 + + + о + +
Kumho Wintercraft WP51 о о о 1 + + о + +
Viking SnowTech II о о 1 о + + + +
Kleber Krisalp HP 2 о + о 1 + о + ++
Toyo Snowprox S953 о + о 1 о о + +
Avon Ice Touring ST -/- + -/- 1 о о + +

Појаснувања на означувањата во табелите:

1 = Води кон намалување на крајната оцена

++ = Одлично, + = Многу добро, о = Добро, – = Доволно, -/- = Недоволно


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

171
22 shares, 171 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743