ГумиДруги тестови

Тест на зимски гуми на АДАК: Димензија 215/65 R16 H

На редовниот тест на зимски гуми што пред почетокот на секоја сезона го спроведува клубот АДАК, овојпат се најдоа две димензии на гуми. По тестот на зимските гуми со димензија 195/65 R15 T, наменет за модели од компакт класата, следи и вториот тест на зимски гуми со димензија 215/65 R16 H, мошне застапен кај помалите спортски теренци.

Втората група зимски пневматици што клубот АДАК ги тестираше во рамките на редовниот тест на зимски гуми ја опфаќа димензијата 215/65 R 16 H, којашто е меѓу најзастапените димензии кај помалите теренци. Од вкупно 16 модели на зимски гуми, само еден модел ја заслужи оцената „многу добро“, наспроти групата од 14 модели коишто тестирањето го завршија со крајната оцена „добро“. Тестот на зимски гуми со димензија 195/65 R15 T е достапен на овој линк.

Еден модел на гума не заслужи преодна оцена и клубот АДАК соодветно ја санкционираше со оцената „недоволно“. Меѓу моделите со иста крајна оцена сепак постојат разлики во поглед на својствата, поради што изборот за купување се сведува на личните потреби и желби на секој возач.

test na zimski gumi 02

Производите од марките Bridgestone и Semperit не учествуваа на овој тест на зимски гуми, поради тоа што нивните актуелни модели на гуми не биле достапни во продажната мрежа за време на тестирањето. Клубот АДАК анонимно ги набавува гумите во слободна продажба, место да ги нарачува директно кај производителите, со што се избегнува секаква можност за манипулација со гумите на тестирањето.

16 модели на тест на зимски гуми со димензија 215/65 R16 H

Годинава има само еден победник на тестот на зимски гуми. Dunlop Winter Sport 5 доби оцена „многу добро“, благодарение на тоа што гумата се покажа позитивно во сите критериуми на тестот. Овој модел на зимски гуми на Dunlop воедно постигна и најдобри резултати при тестирањето на возните својства на влажен пат од сите гуми на тестот.

Главнината од тестираните зимски гуми за спортски теренци покажа просечни возни својства. Четиринаесетте модели на гуми во оваа група добија оцена „добро“ од клубот АДАК поради тоа што покажале слабости во еден или повеќе критериуми на тестот. Два од трите најдобри модели на зимски гуми во оваа група не се пласираа повисоко поради тоа што покажале незначителни слабости во некој од критериумите. Тука спаѓаат Goodyear UltraGrip Performance Gen-1 и Nokian WR D4.

Кај гумите со просечни својства секогаш постои некое „но“

Goodyear, кои се меѓу „најштедливите“ гуми на тестот, покажаа мали слабости на снег, за разлика од Nokian, коишто се одлични на снег, но имаат слабости при возење по влажен пат. Третиот кандидат на тестот, којшто за малку ја пропушти оцената „многу добро“ се гумите BF Goodrich g-Force Winter 2. Овие гуми не го минаа минималниот праг на АДАК за добивање на оцената „многу добро“ при тестирањето на сув пат и на влажен пат, но затоа се покажаа во одлично светло на снег.

Како се мери потрошувачката на гориво на тестот
Мерењето на потрошувачката се врши во возење со константна брзина од 100 km/h на овална патека долга два километри, со остри свијоци. По пет мерења во две насоки се одредува потрошувачката на гориво. Меѓу најдобрите гуми (Goodyear) и најслабите гуми (Pirelli) постои разлика од осум проценти или 0,5 l/100 km.

potrosuvacka

Возењето по снег не е најсилна страна на Michelin Alpin 5, коишто од друга страна се одликуваат со исклучителна трајност, односно отпорност на абење. Неизедначените својства при возење по влажен пат ги „спуштија“ Sava Eskimo HP2 во групата гуми со оцена „добро“. Затоа, пак, гумите од словенската марка се мошне добри на мраз. Токму замрзнатата подлога е причината Continental WinterContact TS 850 P SUV да не добијат повисока оцена од „добро“, иако гумите се одликуваат со високи квалитети во сите останати критериуми. Проблем на Pirelli Scorpion Winter, покрај нешто послабите својства на снег и на мраз, претставува зголемената потрошувачка на гориво, со што се оправдува оцената „добро“. Истата оцена ја добија и Fulda Kristall Control HP2, но поради слабостите при возење по снег. Apollo Apterra Winter во неколку критериуми на тестот покажува слабости што се изразени помалку или повеќе. На крајот, за оцената 3,1 пресудија слабите својства на влажна подлога.

Како се мери абењето на пневматиците на тестот
За оцената за абење, секој тип на гума се вози неколку илјади километри во конвој или на валци, по што врз основа на измереното абење се пресметува преостанатата километража до достигнување на минималната длабочина од 1,6 mm. Во конкретните услови на тестот, гумите од Dunlop би извозеле 44.000 km, од Michelin близу 62.000 km, додека од Avon само 28.000 km.

abenje

Avon WV7 некако успеваат да држат високи стандарди на влажен пат и во поглед на потрошувачката на гориво, но сите останати критериуми ги позиционираат овие гуми во групата со просечни својства и со оцена „добро“. Barum Polaris 3 4×4 исто така покажуваат изразени слабости во неколку критериуми (влажен пат, сув пат, мраз). Uniroyal MS plus 77 ќе добиеја повисока оцена, доколку не беа изразените слабости при возење по сув пат и по мраз. Најголемиот недостаток на Hankook I*cept RS2 W452 се покажува при возење по влажна подлога. Firestone Destination Winter не заслужија повисока оцена поради одделните меѓуоцени во поовеќе критериуми. Клубот АДАК кај овие гуми утврди недозволиви пропусти при возење по сува подлога и по влажна подлога.

Оцена „недоволно“ за Nankang поради слабостите на влажен пат и на снег

Nankang Snow SV-2 доби оцена „недоволно“ од клубот, поради катастрофално лошите својства на влажен пат и на пат покриен со снег.

 

Препораки од АДАК за избор на зимски гуми

Возачите што бараат…

зимски гуми со добри својства во сите критериуми, можат да ги изберат Dunlop Winter Sport 5. Тие се одлични и на влажен пат.

високи перформанси на влажен пат, земајќи ги предвид слабостите на снег и на мраз, можат да ги изберат Pirelli Scorpion Winter.

голема отпорност на абење, замижувајќи пред слабостите при возење по снег, можат да ги изберат Michelin Alpin 5.

добри својства на сув пат, можат да ги изберат Michelin Alpin 5 или Pirelli Scorpion Winter. На сува подлога се добри и Hankook I*cept RS2 W 452, но имаат значајни слабости при возење по влажен пат.

… добри својства на снег и ги прифаќаат малите слабости на влажен пат, можат да ги изберат Nokian WR D4. Со земање предвид на слабостите на сув пат, добар избор можат да бидат и BF Goodrich g-Force Winter 2.

 

Димензијата 215/65 R16 H одговара за следните модели

Следните модели и голем број останати модели, во зависност од моторот, опремата и годиштето, фабрички се опремени со тестираната големина на гуми 215/65 R16. Кај зимски гуми (со симбол М+Ѕ или „Alpine“), брзинскиот индекс (во случајов H за максимално 210 km/h) не смее да биде под брзинскиот индекс на соодветните летни гуми. Во случај индексот на зимските гуми да е под крајната брзина на возилото, во видното поле на возачот треба да се наоѓа налепница што ќе го потсеќа возачот да не ја пречекорува дозволената брзина за зимските гуми.

Audi Q3 Chevrolet Trax Dacia Duster Daihatsu Terios Ford Kuga Kia Sportage Mitsubishi ASX Nissan Qashqai Opel Mokka Renault Kadjar Ssangyong Korando Subaru Forester, Legacy Outback Volvo S/V60 Cross Country, XC70 Volkswagen Tiguan

 

Важност на резултатите од тестот за други димензии на гуми

Со ограничувања, резултатите од тестот важат и за „соседните“ димензии на гуми. Тоа важи за отстапување до +/-10 милиметри во ширина, односно за димензии 205/65 R 16 H и 225/65 R 16 H.

 

Целосен преглед на резултатите
Тест на зимски гуми со димензија 216/65 R16 H

Димензија 215/65 R16 H

(до 210 km/h)

Крајна оцена

Dunlop Winter Sport 5

[mks_highlight color=”#81d742″]2,3[/mks_highlight]

+ Мошне изедначени возни својства и најдобра оцена на влажно, добри и на сува подлога, снег и мраз, ниска потрошувачка на гориво.

BF Goodrich g-Force Winter 2 XL

[mks_highlight color=”#eeee22″]2,6[/mks_highlight]

+ најдобра оцена на снег, ниска потрошувачка на гориво и абење.

– нешто послаба на сув пат и на влажен пат.

Goodyear UltraGrip Perf. Gen-1

[mks_highlight color=”#eeee22″]2,6[/mks_highlight]

+ особено добри на влажно, добри и на суво, најдобра оцена за потрошувачка на гориво.

– нешто послаби на снег.

Nokian WR D4 XL

[mks_highlight color=”#eeee22″]2,6[/mks_highlight]

+ најдобра оцена на снег, мошне добра и на сув пат.

– нешто послаба на влажно.

Michelin Alpin 5

[mks_highlight color=”#eeee22″]2,7[/mks_highlight]

+ најдобра оцена за абење, особено добра на сув пат, добра и на влажно.

– нешто послаба на снег, релативно гласна.

Sava Eskimo HP2

[mks_highlight color=”#eeee22″]2,7[/mks_highlight]

+ најдобра оцена на мраз, добра и на сув пат, мало абење.

– нешто послаба на влажно.

Continental Winter Cont. TS 850 P SUV

[mks_highlight color=”#eeee22″]2,8[/mks_highlight]

+ особено добра на влажно и на снег, мошне добра и на сув пат, мало абење.

– нешто послаба на снег.

Pirelli Scorpion Winter

[mks_highlight color=”#eeee22″]2,8[/mks_highlight]

+ најдобра оцена на влажно, особено добра и на сув пат.

– нешто послаба на снег и мраз, релативно висока потрошувачка на гориво.

Fulda Kristall Control HP2

[mks_highlight color=”#eeee22″]2,9[/mks_highlight]

+ мошне добра на сув и на влажен пат, ниска потрошувачка на гориво и абење.

– релативно слаба на снег.

Apollo Apterra Winter

[mks_highlight color=”#eeee22″]3,1[/mks_highlight]

релативно слаба на снег, нешто послаба и на суво и на снег, повисока потрошувачка, релативно гласна

Avon WV7

[mks_highlight color=”#eeee22″]3,1[/mks_highlight]

+ добра на влажен пат

– релативно слаба на суво, снег и мраз, релативно висока потрошувачка на гориво.

Barum Polaris 3 4×4

[mks_highlight color=”#eeee22″]3,1[/mks_highlight]

+ добра на снег.

– релативно слаба на влажно и мраз, како и на суво.

Uniroyal MS plus 77

[mks_highlight color=”#eeee22″]3,2[/mks_highlight]

+ особено добра на снег, добра и на влажно.

слаба на суво и на мраз.

Hankook i*cept RS2 W452

[mks_highlight color=”#eeee22″]3,3[/mks_highlight]

+ најдобра оцена на суво, особено добра и на снег, мало абење

слаба на влажно.

Firestone Destination Winter

[mks_highlight color=”#eeee22″]3,5[/mks_highlight]

+ ниска потрошувачка на гориво

слаба на влажно, релативно слаба и на суво и на снег.

Nankang Show SV-2 XL

[mks_highlight color=”#dd3333″]5,5[/mks_highlight]

+ ниска потрошувачка на гориво.

мошне слаба на влажно и на снег, нешто послаба и на снег.

Ознаки
loading...

Слични објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Откриен е Adblock

Ќе ни помогнете доколку ја исклучите вашиата блокада за реклами