165
128 shares, 165 points

Од најразлични причини, гумите за сите сезони стануваат сé поинтересни за голем број возачи. АДАК тестираше со какви можности располагаат овие „хибриди“ при високи температури во лето и при снег и мраз во зима, во споредба со стандардните гуми за зима и за лето. За таа цел, клубот ги избра сите тековни модели на гуми за сите сезони што се нудат во често застапената димензија 205/55 R 16 V.

Гумите за сите сезони наидуваат на растечки интерес. Тоа се забележува во продажбата, исто како и во понудата на производителите. Од таа причина, АДАК тестираше седум тековни модели на гуми за сите сезони во димензијата 205/55 R 16 V. Сите гуми се означени со симболот „M+S“ и сите гуми го носат симболот на „снегулка“, со исклучок на Bridgestone. На тој начин, овие гуми за сите сезони важат и како зимски гуми во случај кога е задолжително возење со зимски гуми. Повеќето модели се пуштени во продажба во 2014 и 2015 година.

Гумите за сите сезони мора да се споредуваат со специјалистите за зима и за лето

Освен меѓусебна споредба на гумите за сите сезони – како помош при изборот за возачите што веќе имаат решено да набават гуми за сите сезони – нивните својства се споредуваа и со соодетните својства на летните и зимските гуми. На возачите што уште се двоумат дали гумите за сите сезони се правилен избор, тестот на АДАК ќе им биде од голема помош да утврдат колку се важни предностите или недостатоците на гумите за сите сезони во споредба со специјалистите. Поради тоа при оценувањето се користени истите мерила како за летни и за зимски гуми, имајќи во предвид дека „универзалците“ треба да ги заменат специјалистите за зима и за лето.

Тест на зимски гуми на клубот АДАК

ADAC оцени: 2 пати „добро“, 3 пати „доволно“ и 2 пати „недоволно“

Две од тестираните гуми за сите сезони ја добија оцената „добро “, три добија оцена „доволно“, додека два модела не добија преодна оцена. CrossClimate од Michelin и Quatrac 5 од Vredestein најдобро ги исполнуваат барањата за лето и за зима и соодветно на тоа ја добија оцената „добро“ од АДАК. Со исклучок на својствата при возење на снег, Michelin покажува високи квалитети во сите останати дисциплини. Со тоа се оправдува рекламниот слоган дека станува збор за „летни гуми со зимски својства“.

Vredestein е подобар на снег во споредба со Michelin, но не доби повисока оцена главно поради слабостите на сува и на влажна подлога. Оцената „доволно“ за Nokian Weatherproof, Goodyear Vector 4 Season и Pirelli Cinturato All Season се темели првенствено врз нивните својства на сув пат. Единствено Pirelli покажува слабости и на снег. A001 од Bridgestone, исто како Kinergy 4S H740 од Hankook не добија преодни оцени од АДАК. Кај Bridgestone, коишто повеќе не се произведуваат, решија слабостите на снег, додека кај Hankook слабостите на влажен пат.

Гумите за сите сезони имаат приоритетни квалитети, исто како летните и зимските гуми

Резулатите укажуваат дека е потребна претпазливост при користење на гуми за сите сезони како замена за летни и зимски гуми. Овие гуми претставуваат компромис, затоа што не се приближуваат до квалитетите на одделните специјалисти за лето и зима. Со исклучок на Michelin, чиишто својства на сув пат се споредливи со летните гуми, тестираните гуми за сите сезони покажуваат помали или поголеми слабости на сува подлога, коишто зависат од температурата на средината.

Тест на зимски гуми на клубот АДАК

При дадените услови, наведените модели на гуми се на исто ниво со зимските гуми. Во поглед на својствата на влажна подлога, само некои гуми за сите сезони (Michelin, Goodyear) се приближуваат до својоствата на летните, односно на зимските гуми. Некои од гумите за сите сезони на тестот во услови на возење на пат со нагазен снег можат да се споредуваат со „вистинските“ зимски гуми. Тоа се однесува на моделите од Nokian и Goodyear.

Заклучната оцена од АДАК

Поделбата на различни подрачја на примена покажуваат дека летните и зимските специјалисти и натаму го задржуваат значењето, поради што се прв избор секогаш кога треба безбедно да се совладуваат тешки или екстремни временски и патни услови.

АДАК советува

Актуелните гуми за сите сезони претставуваат компромис и не можат да се споредуваат со одделните специјалисти за лето и за зима.

Доколку барате гуми за сите сезони со …

добри својства во лето и доколку го оставате возилото да мирува кога владеат екстремни зимски услови на патиштата, добар избор е Michelin CrossClimate.

добри својства на влажно, снег и мраз и доколку на сув пат и при топло време возите со умерени брзини, може да се избере Goodyear Vector 4 Season Generation 2.

ниска потрошувачка на гориво, прв избор се Michelin CrossClimate или Vredestein Quatrac 5.

голема издржливост, може да се избере Michelin CrossClimate.

Тест на зимски гуми на клубот АДАК

За овие модели одговара големината на гуми за сите сезони 205/55 R16 V

  • Alfa Romeo        147, Giulietta, MiTo
  • Audi       A3, A4
  • BMW     Серија 1 и 3, Z3, Z4
  • Chevrolet            Aveо, Cruze, Epica, Evanda
  • Citroen Berlingo, C3, C4, C5, DS4, Grand Picasso, Nemo
  • Dacia     Dokker, Lodgy, Logan, Sandero
  • Fiat         500L, Bravo, Croma, Fiorino
  • Ford       Focus, C-Max, Mondeo
  • Honda   Civic, FR-V, Accord
  • Kia          Carens, C’eed, Magentis, Soul, Venga
  • Mazda  3, 5, 6
  • Mercedes Benz                A-, B- & C-Class, Citan, CLA, CLC, CLK, Vaneo
  • Mitsubishi           Lancer
  • Opel      Adam, Astra, Meriva B, Zafira
  • Peugeot               2008, 207, 3008, 308, Partner
  • Renault                Captur, Fluence, Kangoo, Megane, Scenic
  • Seat       Altea, Exeo, Ibiza, Leon, Toledo
  • Skoda    Octavia, Rapid, Roomster, Superb
  • Toyota  Auris, Avensis, Corolla, Verso
  • Volvo    C30, S40, V40, V50, V60, S60, C 70, V70
  • VW         Caddy, CC, EOS, Golf, Jetta, New Beetle, Passat, Scirocco, Touran

Важност на резултатите од тестот за други димензии на гуми:

Резултатите од тестирањето на гумите за сите сезони со димензија 205/55R16 V, со мали отстапувања важат и за „соседните“ големини на гуми, односно за 195/55 R 16 H, како и за 215/55 R 16 H.

Табела со оцени од АДАК од тестот на гуми за сите сезони 205/55R16 V

Марка и модел Крајна оцена Суво Влажно Снег Мраз Бучава / Комфор Потрошу-

вачка

Абење
Michelin Cross Climate о + + о 1 + о + ++
Vredestein Quadrac 5 о о 1 о о + о + +
Nokian Weather-proof – 1 о + о о + +
Goodyear Vector 4 Season Gen 2 – 1 + + + о + +
Pirelli Cinturato All Season о – 1 + о + +
Bridgestone A001 2 – – о – – 1 о о о +
Hankook Kinergy 4S H740 – – – – 1 о о о + +
Добри летни гуми 3 – – ++ + – 1 о
Добри зимски гуми 3 – 1 + + о +

Појаснувања на означувањата во табелите:

1 = Води кон намалување на крајната оцена

2 = Гумата повеќе не се произведува

3 = Летни и зимски гуми се тестирани за споредба со гумите за сите сезони

Оцени: ++ = Одлично, + = Многу добро, о = Добро, – = Доволно, -/- = Недоволно


Like it? Share with your friends!

165
128 shares, 165 points
djakonov

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730