за

Теренецот на Seat ќе се произведува во Чешка

Долгото чекање заврши. Концернот Volkswagen го одобри проширувањето на моделската понуда на Seat. Заради заштеда, шпанскиот теренец нема да се произведува во Марторел.

Шпанската ќерка на Volkswagen доби зелено светло за пуштање во сериско производство на компактниот теренец. Моделот е развиен во седиштето на Seat во Марторел и според гласините ќе се произведува во чешката фабрика на Skoda во Квасини, каде што од лентите се симнува и кросоверот Skoda Yeti. Во Seat се надеваа дека новиот модел ќе се произведува во нивната матична фабрика во близина на Барселона, но интерните пресметки на Volkswagen покажале дека трошоците за производство се значително пониско во Квасини. Во секој случај, Шпанците имаат уште една причина за радување, меѓу другото и поради тоа што по долги преговори челниците на концернот го дозволија новиот модел на Seat.

Според тековните планови, компактниот теренец што се базира на модуларната платформа на Volkswagen ќе се појави на пазарот во 2016 година, односно многу порано од следната генерација на Yeti. За Seat, одлуката што повеќе пати се одложуваше во последните години претставува важен сигнал за идното место на марката во рамките на концернот. Продажбата на спортските теренци бележи постојан раст на светскиот пазар и на Seat му се отвора можност да покрие нов сегмент во својата моделска понуда. Теренецот ќе биде позициониран повисоко од актуелните модели и ќе му носи поголем профит на Seat. Во минатата година Seat продаде 355.000 возила на глобално ниво и постигна промет од 6,9 милијарди евра. 

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Кој навистина ги произведува денешните автомобили?

Трицилиндарци во идната генерација на серијата 5 на BMW