Download WordPress Themes, Happy Birthday Wishes
Нови модели

Теренецот на Maserati ќе се појави в година

Долго време се чека Италијанците да одговорат на Porsche Cayenne. Сега пристигаат и официјални потврди дека Maserati Levante ќе почне да се продава во следната година.

Уште откако првата генерација на Porsche Cayenne се појави на пазарот, шефовите на Maserati планираат да се вмешаат во лигата на ексклузивните теренци. Во 2003 година марката со тризабецот на Нептун ја прикажа студијата Kubang, за осум години подоцна, на салонот во Франкфурт во 2011 да се појави следната еволуција на студијата со целосно променет дизајн. Мина многу време, а теренецот уште не се појавил на пазарот. Италијанците само потврдија дека името на нивниот теренец ќе го носи моделското име Levante.

Менаџерите на Maserati открија на салонот во Женева дека Levante ќе има различен дизајн од студијата Kubang и за разлика од првичните најави нема да користи платформа на Jeep, туку сопствена платформа од моделите Ghibli и Quattroporte.

maserati levante 2

Во меѓувреме, фабриката на Fiat во Мирафиори, во Северна Италија, наголемо се подготвува за стартот на производството на Levante. Првите примероци од теренецот што ќе му ги замрси конците на Porsche Cayenne ќе се симнат од производствените ленти во почетокот на 2015 година.

На швајцарскиот салон се зборува многу и за актуелната студија Alfieri, со која што Maserati одбележува стогодишнина од постоењето. Шефот Маркијоне потврди дека концернот веќе располага со мотори и платформа за престижното купе, коешто ќе влезе во производство најдоцна за две години.

Продажбата на Maserati расте вртоглаво. Лани марката продаде 15.400 возила, двојно повеќе отколку во 2012 година. Најголема заслуга за растот на продажбата постигна воведувањето на лимузината од средната класа Ghibli. Знаменосецот и татко на сите купеа со четири врати, Maserati Quattroporte, исто така се продава одлично. Планот е марката да постигне продажба од 50.000 примероци до 2015 година. Тоа можеби звучи премногу оптимистички, но од новиот теренец Levante може да се очекуваат вистински чуда, како модел во растечкиот сегмент на спортски теренци.

Ознаки
loading...

Слични објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Откриен е Adblock

Ќе ни помогнете доколку ја исклучите вашиата блокада за реклами

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730