126
17 shares, 126 points

Сите марки од кои што никогаш не би очекувале теренец, веќе имаат по еден. Последни беа Jaguar и Bentley, а наскоро пристига и Rolls-Royce. Во меѓувреме, Maserati го привршува тестирањето на својот Levante.

Замислете на момент дека сте произведувач на автомобили. Некој помал произведувач, кој сака да го зголеми бројот на произведени возила. Што би направиле? Точно така, ќе направите спортски теренец или некој кросовер. Тоа е причината зошто дури и марките од коишто до пред десетина години никој не очекуваше спортски теренец, денес веќе имаат или наскоро ќе имаат по еден таков модел во понудата. Jaguar F-Pace, Bentley Bentayga, а наскоро и Rolls-Royce Cullinan. Дури и Lamborghini има најава за нивниот Urus, но прашање е дали актуелната криза во концернот Volkswagen на крајот ќе го жртвува овој модел. Секако дека ниту Мaserati не сака да гледа отстрана и работи под полна пареа на новиот Levante.

Теренецот на Maserati ќе биде долг околу пет метри и ќе вози против Porsche Cayenne
Теренецот на Maserati ќе биде долг околу пет метри и ќе вози против Porsche Cayenne

Изгледот ќе биде близок до студијата Kubang

На последните фотографии од карпараците се забележува автомобил со дебело маскиран опаш, којшто го прикрива конечниот изглед на теренецот. Но, уште од претходно е познато дека Levante, именуван по болоњската улица во којашто некогаш живееја браќата Масерати, ќе претрпи само минимални измени во споредба со студијата Kubang од 2011 година. Основата доаѓа од петметарскиот Ghibli, па оттаму може да се очекува дека и каросеријата на Levante ќе има слични габарити, вклучувајќи го и дарежливото меѓуоскино растојание од три метри. Тоа ќе го стави Levante во конкуренција со Audi Q7 и Porsche Cayenne.

Скапиот теренец е од централна важност за стратегијата на Maserati. Планот е до 2018 година да се достигне продукција од 75.000 возила. Проблемот е што во последно време стагнираат бројките од продажбата. Во 2013 година и лани се продадоа само 36.500 примероци, од кои две петини отпатуваа за САД, а нешто помалку од една третина од примероците добија возачите во Кина. Токму во овие региони се најбарани спортските теренци и кросоверите, поради што постои голема веројатност дека Maserati Levante ќе биде претставен рано во 2016 година, на салонот во Детроит, во јануари.

Неизвесност околу вградувањето на моторот со 510 КС од Giulia QV

Од моторите ќе се вградуваат V6-бензинците со 330 и 410 КС од Ghibli, заедно со дизелот со 275 КС. Сите мотори се комбинирани со осумстепен автоматик. Погонот на сите тркала секако се подразбира. Најголема неизвесност постои околу битурбо-моторот со 510 КС од Alfa Romeo Giulia Quadrifoglio Verde. Кога сме веќе кај Alfa. Миланезите исто така подготвуваат спортски теренец.

maserati levante prototipi 4637689


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

126
17 shares, 126 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743