за

Темен Bentley е моќен и лут Bentley

Bentley Flying Spur V8 S Black Edition

Bentley се грижи и за делот од својата префинета клиентела којашто бара автомобил со подинамичен изглед. За нив е наменета специјалната серија од Flying Spur V8 S, наречена „Black Edition“. Повеќе детали се суптилно преработени за да оддаваат повеќе моќ, да ја прикажат темната страна на автомобилите од Кру.

Рамките на вратите, ретровизорите, бандажите од 21 инч со нов дизајн, основата на светлата, маската – сето тоа е изведено во црна боја. Исполирано да свети, секако. Тоа е бојата што според Bentley најмногу одговара со моќниот осумцилиндарец.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Внатре не е ништо „посјајно“. Седиштата се изведени во посебен дизајн, со црвени ленти и опшивка во истата боја. Трикракиот спортски волан е стандард, исто како и украсните панели во сјајна црна боја. По желба на клиентот, во благородната британска марка ќе ја изведат која било комбинација од бои и материјали.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Повеќе не е необична ниту можноста сопирачките клешти да бидат лакирани во црвено. За каросеријата стои на располагање вообичаената палета: Седум основни тонови и по десетина најразлични нијанси од нив, вклучувајќи и двобојна комбинација. Плус, боја по нарачка.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Четирилитарскиот V8 е дополнително навиен на 528 КС и 680 њутнметри. Тоа резултира со спринт до сто за 4,9 секунди и крајна брзина од 306 km/h. Оваа моќ се пренесува до сите тркала, во сооднос 40:60, со нагласок на задната оска, заради подинамични возни својства.

Mulliner: Специјална серија од специјалната серија на Bentley

Дополнителна можност за клиентите да инвестираат пари во својот превоз е верзијата Mulliner од специјалната серија. Тоа веројатно е слично на субспецијализација. Во оваа верзија, уште повеќе детали се изработени уште попедантно, особено во ентериерот. Рачната изработка се подразбира. Цената е 240.000 евра. Без екстра желби.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

lamborghini diablo cosmic girl

Космичкото Lamborghini на Џеј Кеј оди на продажба

алкотест одбивање странство

Одбивање алкотест во странство се казнува до 10.000 евра